|
ПОГЛЕДИ
Огледалце, огледалце
ЛИГИ ПО ПОДОТ
Гог ма Гог
З наете ли колку сме (објективно)
далеку од ЕУ? Неколку светлосни години, а само една е доволно никогаш да не
& се доближиме. Тогаш што е ова што се случува со нас: ем национална
недисциплина, ем страшна етничка подвоеност. Прашање е кој за каде е и за
што е?! Сите заедно - за никаде!
Не знам зошто Трајковски не ги повикува сите лидери на партии во земјава,
јавно, како кога се дава заклетва да се изјаснат - сакаат ли овде да владее
правото и правната држава, да постојат и да јакнат институциите, или не? Се
друго е ирелевантно. Ако имаме институции во кои ќе веруваме како во Господ,
никој никогаш нема да се оддалечи од главните стратешки определби на
Македонија: за нејзиниот суверенитет, државност, неповредливост... Потоа
следува безбедност, без која не можеме ама баш педа земја да пречекориме.
Трајковски може многу да помогне, да им изнуди "резонанца" конечно да
кажат и да расчистат меѓу себе: Ахмети и Џафери сакаат Македонија, или не
сакаат; Црвенковски и новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски да разјаснат каква
држава ќе создаваат; Пенов и Андов да се сложат (ако можат) што ќе
поддржуваат, а Трајанов, Змејковски, Ангеловски и компанија "да изградат
мост преку кој и тие ќе ја минуваат реката".
Во овој момент сите ние во Македонија сме дезориентирани граѓани, а
азимут за ориентација користиме од странските дипломати за кои Фрчко вели
дека биле некои нискоразредни. А, не се, драги мој Фрчко. Нивната "квота на
разредност" ја формираме ние со тврдата племенска филозофија на новиот
поглед на светот... Ние не знаеме ништо друго освен тоа дека "секогаш,
секаде и од секого сме повеќе во право". Нема кај нас каење, нема простување,
нема поддржување.
Ќе ви раскажам еден инсерт, ама да го прочита Фрчко: демек, седат двајца,
а зборуваат за трет - ваков, таков, никаков, лош, поган, нечесен, неморален...
Завршува едниот, настапува другиот. Да те прашам, му вели? Прашај. Чоеков да
не ти е нешто борчлија? Не... Да не сте се степале? Не... Да не те накодошил?
Не... Да не ти украл нешто? Не... Да не ти ја чепнал жената? Не... Да не те
пресретнал немиен? Не... Добро бе, го познаваш ти чоекот? Не!
Кај нас кој ќе стаса ќе се скара со соседите. Оди ти потоа ако можеш
пеглај ги односите. Не се стасува, драги мој Фрчко, со нашиве политичари да
се добие благонамерноста на оние кои ни требаат. Остави ги ти споредбите кај
бевме вчера, кај сме денес. Ниту една од споменатите држави не е (нормално)
задоволна од тоа што е... Хрватска уште 16 милијарди долари да се заборчи
нема гајле. Нејзиниот туризам и другите компаративни предности ја прават
супериорна. Ќе видиш, времето, ама и умот и културата им ја носат победата!
Во Македонија коалициите за кавги се посилни од коалициите за разбирање...
Да побараме поголема и подолгорочна меѓународна помош, ќе видиш кој е за, а
кој е против. Дури и помошта што ќе ја користиме заеднички, ни пречи. Затоа
од кризата не излегуваме, туку се повеќе во криза паѓаме.
Не сум поп, ама умните попови ги почитувам. Еден од нив овие денови ми
постави пророчко прашање: Која е разликата меѓу Господарот на светот и
последниот, обичен граѓанин? Молчев, а попот моралната дилема ја разјасни со
само еден сув одговор: Разлика нема... Кај нас не падна режимот како што се
случи со Ирак. Ама Ирак имаше режим, а ние се уште немаме!
Присуството на Американците секогаш и секаде не дава резултати. Не оти
тие се прават важни, туку оти другите се апсолутно неважни. Примерот со
Хаити. Осум години Американците мака мачеа ( и се изнамачија) да ја
трансформираат оваа земја. Јок, брате. Кренаа раце и си отидоа. Што мислите,
колкаво ќе биде американското трпение Македонија да ја видат демократска?
Мене не ме прашувајте. Јас - не знам!
Во Лондон на ред чекаат "држави - надничари" да работат во Ирак... Кај
нас свињи и кокошки умираат од глад, странските кредити не знаеме да ги
искористиме, СПЦ сака да ја уништи МПЦ, Љубчо си побара и си најде место во
историјата. Такви сме ние, поинакви од другите.
Па, можеби Фрчко е во право за евродипломатите? Го фаќа ифрит од "лигите
по подот" од полиуретаните, полиестерите... Не знам. Сите ние секој ден
полагаме испит на својата совест!
|