ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Духовник исполнет со добри дела и мисли

ВЕЛИГДЕНСКО ПОГЛАВИЕ ЗА БОЖЈА БЛАГОДЕТ

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Отец Стојко е надарен соѕидач на христовата црква. Ќе те плени и неговата добрина. Тој може духовно да те стопли и да те пренесе во божјата радост.
  • Отец Стојко Ристовски ја презеде сета одговорност за да го осветли образот на Повардарската епархија.

Го сретнав и сите негови чекори ме водеа во една размисла дека овој свештеник е така скромен и секогаш готов да не привлече во богоугоден и милостлив свет. Неговиот речник е полн со топлина и љубов, исполнет со надеж и верба во вистината.

Тој не е само одличен духовник, мисионер, педагог и психолог. Отец Стојко Ристовски е скромен, а неговата филозофија се состои во една блажена мисла која не облагородува сите нас, верниците кои веродостојно го следиме неговото слово и патешествие, доброволноста и благолепието на домот Божји да го избереме како мото на нашиот живот.

Отец Стојко ја упростува во една обична синтакса сета своја благородна мисла во која умее да го плени верникот. Отец Стојко не е само свештеник, тој е предводител, духовен креатор кој успева да ја натопи душата и срцето со целата божја топлина и милост. Секоја негова проповед е блажена напивка со неизмерни мудрости што ни ги доближува преку верата и Евангелието.

МУДРОСТ И СКРОМНОСТ

Тоа е токму законот на наравоучението, на сите насоки со кои целата наша вера е распоредена во една света размисла. Со неа ќе научиме да ја цениме нејзината вредност и вистина. Тука најповеќе се изразени душата и размислата на сета мудрост. Во неа ќе ја видиме топлината на христијанското верување и целото православно битие, цел еден еп од Светото Писмо и сите верски закони кои се воедно часовници на убавиот верски збор. Само така со својата благородност, скромност и мудрост што ја поседува со неа ќе не одведе во тајните на една визија, оти вредноста да се сака Господ е токму таа високо ценета вистина во која ја пренесува силата на добрите луѓе во моќта на црквеното соѕвездие и силата на Светиот Дух.

Отец Стојко е надарен соѕидач на Христовата црква. Ќе те плени и неговата добрина. Тој може духовно да те стопли и да те пренесе во Божјата радост. Во овој денешен духовен црковен живот ретко ќе ги сретнеш таквите Божји угодници.

Денеска во кругот на свештенството многу ретко ќе најдете свештенослужители од таа плејада. Ретко ќе најдете свештенохранители кои несебично ја даваат својата љубов и топлина. Тоа го прави отец Стојко. Ние сме негови вљубеници и негови деца.

ТОЛКУВАЧ НА ХРИСТОВИТЕ ПОРАКИ

Во овој денешен црковен живот ни треба смирение, трпение и освештение. Отец протојереј Стојко Ристовски по Повардарската епархија, во која повеќе години служеше, создаде една духовна ренесанса. Беше многу сакан од верниците и беше секретар на Блаженоупокоениот Архиепископ г.г. Гаврил и Блаженоупокоениот Поглавар г.г Михаил. И во последно време беше секретар на расчинетиот владика Јован.

Направи примерна Епархија која е виден теолошки центар на МПЦ. Треба да го потврдиме големиот еп на љубовта што го изгради со свето милосрдие и неговата божја цел е Велешката цветна градина. Тоа е манстирот "Св. Архангел Михаил" над селото Теово, кој прота Стојко со својата протиница Цвета во 1998 година го изградија и подарија како свој дар на МПЦ. По немилите денови што се случија во Велес и во велешките храмови во 2001 година во "Св. Пантелејмон" падна жизелот на расчинетиот грешник, владиката Јован, а отец Стојко Ристовски ја презеде сета одговорност за да го осветли образот на Повардарската епархија и МПЦ.

Сега како протојереј, како примерен свештеник во Соборниот храм "Св. Климент Охридски" во Скопје е ценет и почитуван свештенослужител.

Господ да го благослови со љубов и долг живот.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"