|
СВЕДОШТВА
Историјата не е само минато
Житијата на сите досега познати македонски светители (3)
ПОКОРНА БОЖЈА УГОДНИЧКА
Пишува: Александар ДОНСКИ
- Вредни поуки биле искажани од устата на Македонката света Синклитикија.
- Света Синклитикија ја основала првата женска монашка заедница во
светот.
В о продолжение света Синклитикија
зборувала за маките и за физичките тешкотии со кои се соочува жената во
световниот живот, поучувајќи ги како полесно да ги надминат со помош на
молитвата и љубовта кон Бога и без опасност да паднат во искушенијата што им
ги подготвува ѓаволот. Потоа им зборувала на жените за гордоста како
најголемо зло:
" Гордоста е најголемо од сите зла,
а тоа го покажува и нејзината спротивност - смиреноумието. Тешко може некој
да се стекне со смиреноумие, затоа што додека човек не се ослободи себеси од
секоја слава не може да го добие ова богатство... Согледувајќи ја цврстината
и постојаноста на оваа особина апостолот ни заповедува неа да ја прегрнеме
(1 Петр. 5,5) и што и да правиме корисно, сите да се облечиме во неа...
Дека смирението е добро и спасоносно се гледа и од тоа што Господ,
вршејќи спасение на луѓето, и Самиот се облекол Себеси во смирение, па вели:
,Учете од мене, бидејќи јас сум кроток и смирен во срцето.' (Матеј, 11,29)".
Потоа света Синклитикија им зборувала на жените за радоста во монашкиот
живот:
" Во почетокот има голема борба и
труд кај оние кои приоѓаат кон Бога, а подоцна се јавува неискажана радост".
Како опасен порок таа го спомнала и злопамтењето, објаснувајќи им дека
тоа е потешко и од гневот:
" Гневот, откако како чад ќе ни ја
помрачи душата за кратко време исчезнува, а кога злопаметењето ќе се всели
во нашата душа, таа станува полоша и од ѕвер".
Во врска со гневот света Синклитикија рекла:
" Зошто го мразиш човекот кој ти
нанесол зло? Не ти нанесол тој никакво зло, туку тоа ти го направил ѓаволот.
Не мрази го болниот, туку болеста".
Потоа им зборувала за злото што доаѓа од озборувањето, нарекувајќи го
како "тешка
и опасна страст".
Ги советувала да не се ситат на несреќите на туѓите и да избегнуваат да
слушат озборувања.
Света Синклитикија ги подучувала жените да ги сакаат сите луѓе на светот:
" Не треба да ги мразиме
непријателите, затоа што Господ со својот глас ни заповеда: ,Не љубете ги
само оние кои ве сакаат, затоа што тоа го прават и грешниците и цариниците'
(Мат. 5,46)... Господ не заповеда љубов само кон еден човек, туку кон
сите луѓе".
Им зборувала и други поуки и мудрости со кои на едноставен начин им го
објаснувала вистинскиот пат кон Бога. Таа им рекла дека подеднакво блиски до
Бога се и оние кои живеат чесен семеен живот, како и оние кои живеат монашки
живот. Ги критикувала оние кои веруваат во судбината, велејќи дека тие се
жртви на ѓаволот и дека со нивното верување во судбината овие празноверци
всушност барале изговор за своите гревови, т.е. дека на таков начин тие
"...
сакаат да ги исклучат Бог и Божјиот Суд од својот живот...Тие
всушност прават се за да одречат дека имаат слободна волја".
ПРЕОСТАНАТИТЕ МУДРОСТИ И ПОУКИ
Од преостанатите мудрости и поуки што ги искажала света Синклитикија,
издвојуваме неколку:
" Ако постиш немој да зборуваш дека
ќе се разболиш затоа што и оние кои не постат ги добиваат истите болести.
Ако си започнал добро дело немој да се откажуваш заради тоа што непријателот
те попречува затоа што тој ќе биде победен од твоето трпение. И оние кои
поаѓаат на пловидба, имајќи отпрвин поволен ветер ги распнуваат едрата. Но,
кога набргу ќе им наиде спротивен ветер, тие не се враќаат назад поради него,
туку се спротивставуваат на бурата и малку причекуваат додека да помине, а
потоа ја продолжуваат пловидбата. Така треба и ние да направиме кога ќе не
нападне спротивен ветер. Да го распнеме крстот наместо едрата по што лесно
ќе ја завршиме нашата пловидба".
Во последниот дел од житието на света Синклитикија, свети Атанасие пишува
дека ѓаволот толку ја замразил оваа преподобна девица што & донел болест на
рацете и нозете на кои & се појавиле отворени рани. Тој пишува дека
постојано имала температура и дека & биле оболени белите дробови. Всушност,
болеста & се појавила кога била во длабока старост на осумдесет години.
Свети Атанасие пишува:
" Како повод за нејзината болест
ѓаволот направи во нејзиното грло да навлезе едно ковче. Грлото & загнои, а
гноењето се прошири и & го зафати целото тело. По два месеци многу делови на
нејзиното тело поцрнеа, а гној и тешка смрдеа го зафатија целото нејзино
тело".
Во врска со нејзиниот отпор кон болеста читаме:
" Јуначки поднесувајќи ја својата
болест, блажената не попушти со духот, туку и натаму се бореше против
ѓаволот. И продолжи таа со своите добри поуки да ги исцелува оние кои
ѓаволот ги рануваше."
Монахињите кои престојувале со неа & довеле лекар, но таа отпрвин одбила
да ја прими лекарската помош. Подоцна, сожалувајќи се над молбите на
монахињите, се согласила да биде лекувана, по што лекарот успеал да ги
отстрани загноените делови од телото од кои се ширела смрдеата. Сепак, таа
живеела уште три месеци. За тоа време речиси ништо не јадела и речиси
воопшто не спиела, туку само го одржувала своето тело со силата Божја.
Последните мигови од својот земен живот, света Синклитикија имала видение и
посета на ангелот, а слушнала и повици да појде кон небесата и да го види
рајот. Нејзиното житие завршува со зборовите:
" И откако го виде сето тоа,
доаѓајќи си во себе, им рекла на присутните монахињи смело да се однесуваат
и да не бидат малодушни. И им рекла: ,За три дена ќе се одвојам од своето
тело.' И не само тоа. Им го кажала и часот на своето заминување одовде. И
кога дојде тоа време, блажената Синклитикија отиде кај Бога, примајќи го од
Него како награда Царството небесно во слава и благодарност на нашиот Господ
Исус Христос, а со Него и Отецот и Светиот Дух за век и веков. Амин!"
Најдолу од житието свети Атанасие запишал дека дел од зборовите на света
Синклитикија му биле пренесени од блажениот Арсение Пигадски.
СВЕТА СИНКЛИТИКИЈА БИЛА СВЕСНА ЗА СВОЕТО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО
Од историски аспект гледано, света Синклитикија живеела во времето кога
Македонија се уште се наоѓала под римска окупација. Но, Македонците и натаму
биле свесни за своето македонско етничко потекло и за славата на својата
некогашна држава. Веќе спомнавме дека од третиот век (253 година) е сочуван
натпис на една плоча откриена во близината на Бер во која е потенцирана
македонската етничка припадност на едно 12-годишно дете. Сметаме дека и за
света Синклитикија може да се каже дека била свесна за својата македонска
етничка припадност. Доказ за ова е спомнувањето на
"македонската
земја"
во нејзиното житие од која таа потекнувала. Поради фактот што нејзиното
житие го запишувале луѓе кои живееле во Александрија, т.е. луѓе кои не ја
познавале од порано (додека живеела во Македонија), јасно е дека самата
светителка им го кажала податокот за своето македонско потекло, што тие и го
запишале.
По преселувањето на нејзиното семејство во Александрија таа повторно се
нашла среде своите сонародници Македонци заради фактот што веќе го наведовме
во врска со делумниот македонски етнички карактер на Александрија со векови
по основањето на овој град. Овде таа се подвизувала и целосно му се
посветила на Бога поради што подоцна била канонизирана за светителка.
Од беседите на света Синклитикија јасно се гледа дека таа била високо
интелигентна личност, која умеела со едноставни зборови убедливо да им ја
вгнезди на слушателите љубовта и стравопочитта кон Бога. Со лесно разбирлив
јазик и преку практични примери таа им укажувала на нејзините слушатели за
најголемите опасности што го демнат човека. Нејзините совети, кои во целост
важат до ден денешен, ја ставаат оваа наша светителка со самиот врв на
македонската интелигенција од времето на антиката, па и подоцна.
Во нејзиното житие не е точно запишано времето кога таа живеела, но во
"Прологот"
од монахот Тадија (Белград, 1984 год.), наведена е 350 година како година на
нејзината смрт. Овде пишува и дека таа починала на 80 годишна возраст, што
значи дека била родена во 270 година.
(Продолжува)
|