ИСТОРИЈА

Завршена македонската верзија на анализата на Бакарната книга

БИСЕР НА МАКЕДОНСКАТА И СВЕТСКАТА ПИСМЕНОСТ

Пишува: Милева ЛАЗОВА

  • Пронајдена е врската меѓу карпестите психограми, пиктограми, идеограми, знаци и симболи со подоцнежниот македонски и светски писмен систем.
  • Вредноста на книгата се зголемува и поради фактот што содржи писмени форми кои не се содржат во ниту еден писмен систем на планетава. Тоа ќе бидат нови предизвици за модерната наука.

Како член и главен координатор на светскиот експертски тим за анализа на текстот од Бакарната книга, д-р Душко Алексовски ја заврши македонската верзија на анализата.

Како што елаборира д-р Алекосовски, текстот содржи 65 страници вклучувајќи анализа на писмените знаци, лигатури, групи и композитни групи, табели и фотографии. Во книгата постојат 310 различни писмени знаци, лигатури, група од букви и композитни групи. Аналогија на писмените знаци има во: Винчанскиот писмен систем стар 8.000 години (Винча:

Бакарна книга:

во македонската карпеста уметност (македонска карпеста уметност:

Бакарна книга:

кои гравири & претходат на Винча-културата; во Линеарното А и Б писмо; во Кипро-минојскиот писмен систем; во Орхано-енисејскиот писмен систем, како и во сите други писмени системи од Егејот.

Светската наука од областа на семиотиката е пријатано изненадена од фактот дека книгата содржи букви од македонската и светската карпеста уметност, факт кој уште еднаш ја потврди теоријата дека светскиот писмен систем своите корени ги има во далечната праисторија и дека поделбата на минатото на Историја и Предисторија неминовно треба да претрпи ревизија.

Интресен е податокот дека во книгата среќаваме слеана композитна група составена од писмен знак од Линеарното АБ писмо и букви од другите писма од Егејот:

Содржината на книгата решава некои енигми, како на пр.: Писмениот знак:

присутен во Винчанското писмо и во некои други писмени системи е присутен во латинското писмо во книгата со гласовна вредност Б. Знакот:

во латинското писмо исто така има вредност на Б. Знакот:

во латинското писмо има вредност на Г. Во книгата се среќаваат писмени знаци кои имаат аналогија во афричкото Ваи писмо и во кинескиот писмен систем:

Писмениот знак:

што се среќава во книгата, кинеското старо писмо:

и некои други писмени системи има аналогија во карпестите гравири од местото Руен, село Нежилово, Кратовско:

.

Писмените знаци формирани со точки:

имаат аналогија во македонската карпеста уметност. Се потврди теоријата дека крстовидните карпести гравири во контекст на купули:

во реалност се еден вид писмени знаци, каде купулите го определуваат значењето на крстовидната форма, исто како и кај писмените знаци од книгата, кога точките го определуваат значењето на писмениот знак:

.

АНАЛОГИЈА

Книгата претставува вистински бисер на полето на македонската и светската писмена традиција.

Пронајдена е врската меѓу карпестите психограми, пиктограми, идеограми, знаци и симболи со подоцнежниот македонски и светски писмен систем. Потсвеста, како што тврдеа признатите психоаналитичари Карл Јунг и Сигмунд Фројд, непрекинато го сугерира фактот дека врската меѓу праисторијата и современите епохи не била никогаш прекината.

Фактот дека некои писмени знаци од книгата имаат аналогија само во македонската карпеста уметност:

укажува на фактот дека писмените знаци од Бакарната книга имаат длабока писмена традиција.

Знаците кои имаат аналогија во македонската карпеста уметност и во Винчанскиот писмен систем:

укажуваат на еволутивен развој на писменоста во Југоисточна Европа.

За палеографската наука е значаен фактот дека во Бакарната книга се среќаваат писмени знаци кои немаат аналогија ниту во македонската карпеста уметност, ниту во Винчанскиот писмен систем, ниту во кој било друг писмен систем според консултираната литература:

Тоа значи дека територијата на Македонија бил значаен писмен центар во минатото, односно писмената култура во Македонија има повеќемилениумска традиција.

Знакот:

го среќаваме како карпест гравир на целата територија на Македонија, како и врз керамиката од Винча-културата од пред 8.000 години, а го среќаваме како писмен знак и во Бакарната книга.

Интересен е податокот дека секој кој за прв пат ќе ги погледне цртежите од книгата забележува дека во книгата преовладуваат голем број крстови.

Тоа е уште еден факт дека книгата е жив сведок за милениумската писмена традиција во Македонија. Сите крстови присутни во книгата немаат никаква врска со христијанството.

Тие имаат различна форма и големина и се наоѓаат во контекст на други писмени знаци:

или, пак, се наоѓаат во група со различен распоред:

Крстовидните карпести гравири што во изобилство се откриваат во Македонија и светот, имаат иста форма и распореденост како и крстовидните писмени форми од Бакарната книга. Нема подобар доказ за тврдењата дека карпестата уметност е основа на македонската и светската писменост.

Дел од фондот на писмените знаци од книгата има своја аналогија во писмените знаци од Винча-културата:

и не ги забележуваме во ниту еден друг писмен систем. Ако се има предвид фактот дека и други букви од книгата:

имаат аналогија во писмените знаци од Винча-културата кои ги среќаваме во старите медитерански писмени системи, заклучуваме дека се потврдува теоријата на акад. д-р Харолд Харман дека корените на писмената култура во Егејот се протегаат во далечната праисторија на Винча-културата. Тоа се потврдува и со откривањето на десетици илјади карпести писмени записи во Македонија, кои & претходат на Винча-културата. Фактот дека во Македонија се регистрирани над еден милион карпести гравири ја оправдува ваквата богата писмена милениумска традиција на територијата на Македонија.

Кон ова тврдење се надоврзува и новото откритие на д-р Душко Алексовски, до кое дојде преку своите теренски кумановски информатори, пред се на Трајче Кузмановски. Станува збор за откриени карпести симболи кои имаат аналогија во Линеарното А и Б писмо, како и во Кипро-манојскиот писмен систем. Но, за волја на вистината, овие карпести гравири му претходат на Егејскиот писмен систем според светската научна мисла.

КОРЕНИТЕ

Најкарактеристични писмени знаци од книгата, кои имаат аналогија само во карпестата уметност во Македонија се крстовите со точки меѓу линиите:

Тие се без преседан во богатата светска писмена традиција. Писмените знаци имаат аналогија во Кипроминојскиот писмен систем, во Линеарното А и Б писмо, во Феничкото, Ликијското, Каријското, Беотското, Атинското писмо. Исто така, писмените знаци имаат своја аналогија во писмените знаци откриени во Троја и во Библос писмото, како и во различните видови Италски и етруски писмени системи.

Бројните писмени знаци во контекст на точки, уште еднаш упатуваат на заклучокот дека корените на светското писмено наследство се длабоко проникнати во праисториската карпеста уметност, каде среќаваме различни крстови:

во контекст на купули, како и други видови гравири поврзани со купули и го дополнуваат значењето на карпестиот гравир. Така ги откриваме зелените гранки на милениумското дрво за кои научниот свет мислеше дека се изгубени некаде во океанот на милениумите.

Некои писмени знаци од книгата не се линеарно поставени и оставаат впечаток како да се изгравирани на карпа и се дел од некој сложен карпест гравиран комплекс:

.

Тоа уште еднаш потсетува на нераскинливата врска меѓу карпестата уметности и писменоста. Тоа става печат на теоријата дека светскиот писмен систем своите длабоки развојни корени ги има во карпестата уметност.

Вредноста на книгата е и во тоа што таа претставува еден вид архивски документ во кој се присутни писмени знаци познати во карпестата уметност, Винчанскиот писмен систем, Линеарното А и Б писмо, како и во сите подоцнежни писмени системи во Егејот.

Вредноста на книгата се зголемува и поради фактот што содржи писмени форми кои не се содржат во ниту еден писмен систем на планетава. Тоа ќе бидат нови предизвици за модерната наука.

Наскоро се очекува својот дел од работата да го завршат и експертите од Германија, Италија, Саудиска Арабија и САД.

Идната година на Конгресот во Белград ќе бидат презентирани неколку реферати поврзани со содржината на книгата.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"