е знам кој ја измислил "топлата
вода": можеби Англичанец, можеби Французин, можеби Кинез, ама можеби и -
Македонец... За тоа ич не е важен авторот на иновацијата, важно е да знаеш
иновацијата да ја користиш. Оттаму многу ми се бендисува кумановската порака
на македонската "комсомолка" Шеќеринска: "Граѓаните треба да знаат што се
случува во ЕУ".
Многумина се обидуваат да ни (рас)кажат каков е Брисел, ама не по
рецептот на Марко Цепенков, со митски содржини, туку едноставно и ударно,
оти лукративното замајува и - сенча... Сега, баш сега, за отприлика
четиринаесет дена, треба да се изјасниме за спорниот договор со Америка во
врска со Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Додуша претседателот Борис
Трајковски веќе го почна своето американско лобирање и на македонската Влада
& (пре)порача по ова прашање да дејствува во согласност со македонските
национални и државни интерси и со веќе докажаното македонско партнерство со
САД.
Поубава и поразбирлива порака за една влада од еден претседател на држава
- здравје... Ама велат, болеста ненајавено стасува! Што ми беше зборот?
Наместо да се расправаат со расипани телефони (Хари и Фрчко), да пишуваат за
змијата и магарето (Ѓорѓи професорот), умовите во оваа земја треба да ја
обединат сета мудрост и да ја стават во функција на македонската иднина.
Можат, или не можат?! Да бев на местото на Гордана Стошиќ, ќе порачав
директен пренос од Палатата на Министерството на НАТО, во живо македонската
јавност да го проследи испитот што го полагаа во понеделникот Бучковски и
Митрева, пред 19-те амбасадори, за корупцијата, приватизацијата, за војската.
Имам еден пријател, филм што трае два саати, го раскажува - четири. И пак да
не го разбереш. А, вели "дуплирал", да бил појасен и поразбирлив, како
нашите средства за информирање од Белгија кои се "растураат" да ни ја
објаснат позицијата на Македонија во Алијансата.
За нормативниот авторитет на Македонија во светската политика се уште
никој не прашува. Значи, можеме се, и не можеме ништо... Дали ќе му
испорачаме на Меѓународниот кривичен суд во Хаг и некој неранимајко од САД,
што направил зулум во Македонија? Па ние овде дома, таквите нашите ги
амнестираме! На Америка потпис на договорот од Македонија & треба за нешто
друго, посуптилно отколку што нам на прв поглед ни се чини.
Историјата запишала, ние треба само да прочитаме: Пред точно 355 години
(1648), во Минстер, германската покраина Весфален, Фердинанд Трети потпишува
мир со Франција, Шведска, Баварија, Саксонија и Брандебург, и губи 100.000
квадратни километри од германското царство, што не е најголема добивка за
победниците. Вестфалскиот мир "озакони" потполна верска толеранција и
агресијата ја дефинира како "премин на организирани единици преку
меѓународни граници".
Па, сега, вие умни државнички глави, мислете и размислувајте што се
терористичките напади. Знам дека и тероризираните и тие што тероризираат
сакаат светот да го направат поубав и помирен. Арно ама, светот не е ни
поубав, ни помирен... Светот е еден врел немирен вулкански кратер во кој ние
сме само обична лава што се исфрла, а силите што исфрлаат се други.
Откако знам Франција и Америка се во состојба на "љубов и кавга". Не
можат една без друга. Додека не почна операцијата "Ирак", сторија се да се
скараат. Сега прават се да се смират. Она што останува енигма е: Колку мирот
создава услови за војна, а колку војната носи мир? Енигмата е филозофска
конструкција, а политиката мошне груба стварност, нели?!
Во Европа не владее Англија, туку - Франција... Не им треба Галскиот
петел на Американците да ги разбудува, туку ако можат да го стават в - лонче.
Затоа е многу важно што знаеме и што насетуваме дека ќе се случи. Само
немојте да си гледаме на гравушки и да им веруваме на соништата, оти може да
го имаме к'сметот на оној Џуша кој само што се фатил за оро, се скинало -
орото!