ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Мисијата на Ѓаконството и неговите верници

ГОСПОДОВАТА СОФРА Е БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Хуманото дело е голема молитва кон нашиот спасител Господ Исус Христос.

Тоа што го направи Митрополитиот брегалнички г. Агатангел е незаборавен сегмент на едно братољубие кон човекот како основен предизвик кон милосредието, кон љубовта, кон божјата промисла за голема молитва кон тие божји чеда кои се наоѓаат во една битка за својот опстанок.

Владиката Агатангел соѕида блажена хуманитарна мисија која заслужува посебна почит, голема благодарност која во православната црква претставува големо духовно материјално дело: "Сакај го својот ближен како себеси". Тоа е една од двете најголеми христијански заповеди, можеби и појдовна размисла кон вистинскиот правец во верувањето на Светата библија. Божјиот закон е за секој примерен верник кој има чиста вера и сила.

БЛАГОРОДНА МИСИЈА

Овде станува збор за една од највидните и најсветлите организации - Ѓаконијата која не е само милосредие, туку и мисионерство и голем верски продукт во вистинското духовно воспитување. Затоа Ѓаконијата одигрува голема улога за силата на нашата црква, вера и братската љубов, кон сите верници кои му служат на Господа за спасението на својата душа и очистувањето на телото од гревови. Затоа хуманото дело е голема молитва кон нашиот Спасител.

Но, за жал, постојат верници кои ја злоупотребуваат Ѓаконијата и нејзината блажена мисија. Некои користејќи го својот авторитет паѓаат во гревот со недостоен речник. Се служат со клеветење, подлост и нечесност се со цел да се дискредитираат тие што посебно даваат нешто во црквата. Нивните клевети немаат ништо со вистината.

За оваа голема духовна хуманитарна организација со голем благослов на спасителот Господ Исус Христос, таквите горди верници кои се во раководството на Ѓаконијата забораваат дека го рушат ова свето хумано дело и & нанесуваат сенка на блажената љубов кон ближните и несомнено паѓаат во еден тежок грев.

ХУМАНОСТ

Владиката кој е еден од организаторите на оваа организација, ја потврди својата духовна сила и неизмерна љубов. Во Ѓаконијата треба да владее вистинска духовна молитва, за таа успешно да си ја изврши својата благотворна мисија. Благодарноста кон нејзините мисионери, кон тие што ја градат љубовта и подаруваат на оние кои се обесправени и осамени. Смирениот верник е најблизу до Господовата размисла и вечност за спасение. Сите кои со понижување и дрскост го презираат сиромашниот несреќник се осудени на вечен прогон. Сите ние треба да се солидаризираме со оние кои патат и молат за трошка љубов. Тие што работат и служат во Ѓаконијата треба да се почувствуваат како одговорни, како жртва пред Бога и кон сиромашниот кој е воедно духовно заборавен ангел.

Во Ѓаконијата треба да престанат сите дрскости кои ја уништуваат љубовта и духовната благодет. Сите ние сме Божји чеда и затоа треба најпонизно да го следиме Христовото учење и љубов. Само така ќе станеме достојни Божји угодници.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"