Еврејските првосвештеници, старешини, свештеници, фарисеи, книжниците "ја
распнуваат Правдата, ја поткопуваат Љубовта, ја пролеваат крвта на
Богочовекот", но никогаш не можат да ги уништат.
Голгота, тоа место на черепи, не го уништи Божјото Слово. Распнувањето на
Крстот не е крај. Господ Исус Христос Воскресна! Началникот на животот, Оној
кој има живот во Себе, го победи адот, ја победи смртта. "Смрт, каде ти е
осилото? Аде, каде ти е победата?" Голгота, тоа место на смртта, преку
победата на Христа над смртта, стана симбол на вечниот живот, врата преку
која "оние што веруваат во воскреснатиот Христос преминуваат од смрт во
живот". Радувајте се, зашто во оној Ден, "Оној Кој Го воскресна Синот Божји,
и нас ќе не воскресне и ќе не украси со силата Негова".
ХРАБРИ МАЧЕНИЦИ
И покрај најголемите страдања, трновиот венец на главата, распнувањето и
смртта, запечатувањето на Христовиот гроб, навалувањето тежок камен врз него,
поставената војничка стража од римските војници, Христос Воскресна!
Христовиот гроб е празен. Жените Мироносици храбро тргнаа кон гробот,
во недела во мугрите, за да го помазат со мириси телото Христово според
еврејскиот обичај. Но, каменот од гробната врата е тргнат. Телото на Христа
го нема: "Кој го зеде мртов необлечен, а со смирна помазан, утехата
единствена - единецот на мајка му. Воскресни Спасителе …како што ни рече на
третиот ден", - плачат жените Мироносици. "Зошто го барате Живиот меѓу
мртвите? Он не е овде, воскресна … Одете и кажете им на учениците дека ќе им
се јави во Галилеја.", - им одговараат двајца ангели. Жените Мироносици се
група жени "незастрашливи, посилни со својот дух и со својата волја дури и
од апостолите". Христос претскажал: "Пастирот ќе го удрам и овците ќе се
разбегаат". Кога Христос бил предаден од Јуда Искариот, воден на распнување
на Голгота, го напуштиле сите негови ученици. Не го напуштил само ученикот
Св. Јован Богослов, кој заедно со Божјата Мајка и жените Мироносици Го
придружуваа Христа и при распнување на Голгота, и понатаму. Тие, ни во
најстрашните моменти за нивниот живот, не го напуштија Исус и со силна љубов
и вера го победија стравот од Јудеите. Го следеа Господа во темната ноќ кога
Јуда со целив го предаде. Го следеа и на судот на злобните Евреи, и на патот
по Голгота, каде изнемоштен паѓал под тежината на Крстот. И кога стигна
на страшната Голгота каде што се случи невидената, нечовечка драма во
историјата на човештвото, - "на која човекот Го распнал Богочовекот".
Тие беа на Голгота, и заедно со Мајката Божја страдаа за распнатиот Христос.
Ги доживуваа сите најголеми Христови болки. Тие беа со Христа и кога Јосиф и
Никодим го симнуваа од Крстот, и кога тие го полагаа во гробот. Горко плачеа
и жалеа за него.
РАДОСНА ВЕСТ
Според Светото Писмо и Светото Предание, се спомнуваат жените Мироносици:
Марија, Марија Магдалина - равноапостолна, Марија Јаковова, Марија
Јосифова, Саломија, Јоана, Маријана и Јулија.
Св. Равноапостолна Марија Магдалина
Христос по воскреснувањето прво & се јавил на Божјата Мајка, па на Марија
Магдалина, па на другите жени Мироносици, па на двајца патници Лука и Клеопа,
па на своите ученици, па на 500 луѓе. Марија Магдалина прва отишла на гробот
и видела дека каменот од гробот е поместен и ги известила Петар и Јован. Таа
останала крај гробот да плаче, се завртела назад, видела човек и без да знае
дека е Христос рекла: "Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го
положил и јас ќе го земам". Исус & рекол: "Марија!". Го чу, го виде, го
позна гласот на Исус и извика: "Равуни" – што значи: "Учителе!". Таа како
вистински верен Христов војник и апостол отишла во Рим кај императорот
Тибериј, му подарила црвено јајце и го поздравила со зборовите: "Христос
Воскресе!". Пред Тибериј го обвинила Пилат за неговата неправедна одлука, за
распнување на Крст на Христа. Императорот за казна го преместил Пилат од
Ерусалим во Галилеја каде што овој умрел во царска немилост.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд