|
ФОРУМ
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ И ЌЕ ПОСТОЈАТ ЗАСЕКОГАШ
Благоја Секулоски, Сиднеј
- Албанците ја сакаат цела Македонија, истото што го сакаат и Грците,
само методите им се различни. Многу народи во светот го изгубиле својот
идентитет под налетот на муслиманите. По терористичките вооружени акции на
македонските Албанци во 2001 година, нам на Македонците ни стана јасно
дека иднината на Македонија е доведена во драматична опасност со
катастрофални последици.
В реме е Македонците да сфатат дека
опстанокот на македонскиот народ и државата се доведени во прашање и дека
нејзиниот спас првенствено зависи од вкупниот број на етнички Македонци и од
тоа што секој Македонец ќе направи за својата држава. Многу народи кои се
споменуваат во историјата, поради нивната недоволна способност да се одржат,
сега повеќе не постојат. Најголема опасност за опстанокот на Македонија
претставуваат: Меѓусебното самоуништување на Македонците и нашата неразвиена
економија; Непостоење на македонска лоби-група од влијателни Македонци во
светот; Енормно високиот наталитет на Албанците; Економско-политичката
експанзија на Грција во Република Македонија потпомогната од големите сили (САД,
Европската економска унија) и од властите во Република Македонија.
Вистинскиот спас можат да го пронајдат и да го сочуваат својот Народ и
својата Татковина (во Македонија 1.400.000 и околу четири милиони Македонци
во странство) само Македонците, потпомогнати од напредните луѓе од цел свет.
Според историографските податоци од најпризнатите универзитети во светот,
македонскиот народ постои на Балканскиот Полуостров подолго од шест илјади
години п.н.е. и две илјади години во новата ера. Првата македонска држава е
формирана околу 650 година п.н.е., а прв македонски крал бил Пердика
I. За македонската
историја јасно зборува следниот "Извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови
права и Комитетот за човекови права при Министерството за надворешни работи
на САД, од 22 март 1994 година".
Осумдесет и три црни години под грчки милитаристички геноцид на Јужна
Македонија. Историја: Македонија била прва држава со пространа територија со
вистински централизирани политички, културни и административни структури.
Основана околу 2700 години п.н.е. пред Ахејците да пристигнат во 1140 година
п.н.е. Во сите меѓународни документи за Македонија од древни времиња до
денеска, Македонија е земја на Балканскиот Полуостров северно од Ахеја, која
постигнала најголем напредок во ахејско време, во четвртиот век п.н.е.
Од почетокот на четвртиот век во новата ера, Македонија била напаѓана од
Готи, Хуни, Вандали, Славјани, Бугари и Турци. Од 1371 до 1912 година таа
била под власт на Отоманската империја.
Ахеја била управувана од Македонија од 338 до 194 година п.н.е. За време
на Римската и Византиската империја, Македонија била во основа полузависна
или вазалска држава. Ахеја била во основа провинција од Македонија. За време
на Римската империја, Ахејците го промениле своето име во Ромеи. За време на
Византиската империја, тие повторно го промениле името во Византијци, а во
1832 година е сменето името во Елада… Грција - Грци. Грчката држава никогаш
не ја кажувала вистината за Македонија и за Македонците, а кажувала лаги.
Тоа е добро документирано во многу енциклопедии во кои во стари (древни)
времиња постои област која се вика Македонија, со луѓе кои се именуваат како
Македонци и со нивна специфична нација и врховна власт. Исто така, добро е
запишано во историјата дека Филип Втори Македонски, Ахејците (Грците) ги
поразил во Битката кај Херонеја во 339 година п.н.е., а неговиот син
Александар Македонски ги зазел Атина, Тракија и Спарта пред започнувањето на
неговата експедиција на Исток во освојување на целиот свет кој во тоа време
бил познат.
Во 1912 година Србија, Бугарија и Грција се обединиле да ја истераат
Турската Отоманска империја од Македонија. Тоа е исто така многу добар
податок дека етничка Македонија била разделена на 10 Август 1913 година со
Букурешкиот договор. Во 1919 година со Лондонскиот договор - британската,
француската и руската Влада одлучиле западниот дел од македонската земја,
заедно со пристаништето Валона на Јонското море, да & го дадат на Албанија.
За прв пат во историјата во 1913 година грчката Армија направила брутална
воена окупација разурнувајќи ги градовите, селата, вршејќи етнички геноцид
со немилосрдна тортура
над илјадници Македонци кои беа убиени од
грчките шовинисти. Денеска 57 отсто од македонската територија е окупирана
на просторот од Црното Море до Јонското Море. Сега има 1.500.000 Македонци
во Јужна Македонија. Имотот од илјадници македонски фамилии е конфискуван и
е даден на нови грчки доселеници од Мала Азија.
Атинската (грчката) Влада се претставува дека Грција има легитимно право
на името "Македонија". Атинската Влада потроши безброј милиони долари да ги
измени енциклопедиите и книгите по историја во целиот свет, водејќи
литературна
крстоносна војна за да ги преврти и поништи неоспорните и непобитни факти
дека Македонија е автохтона нација со автокефална религија, со
карактеристичен народ, јазик, култура и историја.
Грчките лажливци го имаат заборавено големиот бран на национализам во
третиот век пред новата ера подигнат од ахејската анти-македонска алијанса,
која уште еднаш ја потврдува посебноста на Македонија при покорувањата
извршени од Рим. По паѓањето на Македонија под римски јарем, таа станува
римска провинција. За време на византиската ера, Ромеите (како што тогаш се
викале Грците), Македонците и сите други нации, биле подложени на масовна
денационализација и асимилација. Лаички кажано, човекот не смеел да го
зборува својот сопствен јазик (ни приватно), не смеел да ја практикува
својата сопствена религија, да ги чува своите сопствени традиции, да ја
изучува својата историја. Атинската Влада, злоупотребувајќи го правото на
вето во Европската економска заедница го попречува правото на Република
Македонија да го користи своето
уставно име.
Ситуацијата уште повеќе се искомплицира кога Грција, Србија, Бугарија и
Албанија си присоединија делови од Македонија во 20 век. Како може една
нација да припаѓа на четири? Дури е зачудувачки како атинската (Грција од
1829 година) Влада избегнува да го спомене исходот од Балканските војни во
1912 година, кога Грција, Србија и Бугарија извршија инвазија на Македонија
и ја поделија нејзината територија помеѓу себе, наметнувајќи
денационализаторска и асимилаторска политика.
Дојде неочекувано собитие. Во 1945 година, делот од Македонија кој беше
под Србија, доби републичка автономија во рамките на поранешна Југославија,
во исто време кога стотици илјади мажи и жени во Егејска Македонија биле
масакрирани од грчките авторитети, затоа што барале слична национална и
социјална слобода. Тоа не е само со Македонците, туку и со Тракијците,
Епирците, Бугарите и други кои се наоѓаат под атинска
власт.
Збунувачки изгледа како атинската Влада, чиј народ официјално бил
именуван како Ахејци, Ромеи, Хелени, се обидува да не убеди дека сега се и
Македонци! Што има посмешно од тоа кога атинската Влада бара нивните северни
соседи да не бидат Македонци, туку Славјани?! Овој аргумент често се
потпалува од атинската Влада, иако веќе се знае дека таканаречените Славјани
продреле и во Грција, Албанија, Бугарија и Турција. Поради тоа сите овие
народи би требало да се категоризираат како "славјански".
Таканаречените Славјани се мртви. Фактички, тоа би биле оние неписмени,
нецивилизирани славјански хорди кои го присвоиле јазикот од најблиската
цивилизирана нација - Македонците. Ова значи дека Македонците не биле "славјанизирани",
туку Славјаните биле лингвистички "македонизирани" т.е. тие го примиле
древниот македонски јазик како нивни сопствен јазик. Македонија не е ништо
повеќе "славјанска" од Грција, и ако учените ја применат атинската логика,
Англија би била француска поради тоа што Норманите ја освоиле во 1066 година,
или Грција би била турска поради тоа што Отоманите ја освоиле во 14 век. За
овој парадокс да стане понеразбирлив, Атина го обвини Ватикан за тоа што
Папата ја признал Македонија како самостојна држава.
Изнесените факти се чисти и едноставни. Македонија не е грчка, и добар
дел од Грците добро го знаат тоа.
Време е да се викне со силен глас и да се чуе дека македонскиот дух е
вековит на целата етничко-географска територија од Древна Македонија.
Македонија Господ ја чува. Господ е со нас. Со помош на лаги и подлости
нашите гробари (Грција, Бугарија, Албанија, Србија) секогаш сакале да го
задушат патриотскиот дух на Македонецот и да направат крвав раздор.
Апостолот Свети Павле, првите христијански посланија, проповеди и идеи
успеал да ги пласира и реализира во Македонија. Во македонските градови
Филипи, Солун и Бер биле создадени Црковни христијански општини кои всушност
биле први на Балканот. Автокефалноста на Македонската Православна Црква
датира од 986 година по Христа. Првиот Црковен Собир на чело со Македонската
Православна Црква е одржан во 1090 година. Во тоа време постоел и познатиот
Охридски универзитет од каде произлегле плејада истакнати христијански
духовни просветители, со чија помош сите словенски народи успеале да ја
добијат и согледаат Христовата Светлина.
Но, и покрај сите проблеми, сепак, иако бавно, Македонизмот се развива и
од ден на ден е се појак. Учениот свет знае дека сегашните Македонци се
потомци на древните Македонци. Во западниот свет македонското прашање почнаа
да го покренуваат припадници од други народи. Европскиот Парламент се
подготвува да го постави на дневен ред македонското прашање. Дипломатскиот
слободољубив свет започна да врши притисок врз грчките владејачки кругови да
го признаат македонскиот народ и јазик. Македонските организации во Европа,
Австралија, САД, Канада веќе стануваат економска и политичка сила.
При крајот на деветнаесеттиот век се појави Македонско национално движење
чии членови инсистирале на тоа дека Македонците не се Бугари, ниту Срби,
туку посебна нација со сопствен јазик.
За да ги остварат своите планови, албанските империјалисти се служат со
итрини и измами. Така, политичарите од партиите исклучиво со македонски
Албанци се "поделија" и додека едните дејствуваат во Собранието и во Владата
на Република Македонија, седат и коваат планови за "Илирида", другите на
теренот отворено работат на остварувањето на идејата за "Илирида". Најголем
дел од мафијашките и криминалните дејствија, почнувајќи од најобична кражба,
преку сивата економија, па се до организираниот криминал, се наоѓа под нивна
контрола и раководење. Албанската мафија има контрола над трговијата со
благородни метали, над девизите, оружјето, акцизните стоки, наркотиците,
белото робје (проституцијата) и монопол над зелените пазари, а посебно над
перењето пари. Овој политичко-криминален октопод секојдневно ја
дестабилизира македонската држава и се заканува да ја уништи.
Државотворните Македонци се надитрени од македонските Албанци во секој
поглед. Одамна веќе е јасно дека демографската експлозија на македонските
Албанци страшно се заканува и носи кобни и уништувачки последици по
опстанокот на македонската држава.
Кому уште не му е јасно дека најзначајниот дел од македонската историја и
култура точно е поврзан со западните краишта на Македонија? А токму над таа
територија се вее албанското знаме со двоглав орел.
Албанците се примени како на гости во Македонија, но во 2001 година тие
дигнаа терористички вооружен бунт со
намера да го истераат домаќинот од неговата
вековна куќа, од неговата единствена Татковина.
Албанците ја сакаат цела Македонија, истото што го сакаат и Грците, само
методите им се различни. Многу народи во светот го изгубиле својот идентитет
под налетот на муслиманите. По терористичките вооружени акции на
македонските Албанци во 2001 година, нам на Македонците ни стана јасно дека
иднината на Македонија е доведена во драматична опасност со катастрофални
последици.
|