Сега хорот брои преку 40 члена, со репертоар од над 60 композиции од
домашни и странски автори, од сите жанрови и епохи на хорската музичка
композиција. Досега има реализирано бројни настапи како во Македонија, така
и надвор од неа, и притоа има добиено голем број награди и признанија.
ПОДГОТОВКИ
Деновиве хорското музичко друштво "Кочо Рацин" беше домаќин на една
вокално-инструментална група "Здравец" од Пловдив, Бугарија.
Тоа беше нивно прво гостување на еден ансамбл кој е формиран пред четири
години во Бугарија, вели претседателот на хорот, Живко Поповски.
Воедно сме поканети и ние да настапиме во Пловдив во текот на октомври кога
имаат една многу богата манифестација посветена на хорската песна. Во текот
на јуни Хорот ќе треба да настапи на "Техор" во Тетово, а исто така и на "Рациновите
средби" кои кои ќе се одржат во текот на јуни во Велес. Со оглед дека Хорот
го носи името на големиот револуционер и поет Кочо Рацин, многу е природно
да настапи со своја програма.
Со основачот на Хорот - Синдикатот на чие чело сега е
Ванчо Муратовски
Постои можност да настапат надвор од Македонија и тоа во поранешните
југословенски простори, во Крушевац, а исто така можно е соработката со
Хрватска и Словенија да се обнови којашто беше прекината во транзитниот
период.
Нашиот Хор во соработка со "Македонско-хрватското друштво" и со црковните
општини ќе настапи во Загреб по повод одбележување на годишнината од
издавањето на Зборникот на Кочо Рацин каде што хорот ќе настапи со своја
програма од палетата на песните на Кочо Рацин, додава претседателот
Поповски. Покрај овие средби, очекуваме да бидеме гости и на островот Крв,
а имаме контакти за реализирање на една посета во Велинград и Благоевград.
Во моментов нашите ангажирања се насочени во овој правец, така што работата
на Хорот е поинтензивна за да може да биде подготвен за успешни настапи што
ќе следуваат.
ИСТОРИЈАТ
"Кочо Рацин" е најстар хор во Македонија.
Иницијативата за негово формирање датира уште во далечната 1944 година во
Горно Врановци каде што Главниот штаб во НОБ размислуваше со една група
интелектуалци да започне и една активност врзана со културно-забавниот живот,
објаснува Поповски. Тогаш се покрена таа иницијатива и во 1946 година по
ослободувањето званично на Првиот конгрес на синдикатите на Македонија се
формира Културно-уметничко друштво "Кочо Рацин". До 1951 година тоа беше
активно со две секции - хорска и фолклорна, меѓутоа потоа се одвоија како
посебни друштва. Активностите и на двете друштва се блиски една со друга,
тие се надополнуваат, но сепак хорското пеење има една своја специфика.
Веројатно тоа беше причината тие да се поделат. Со осамостојувањето на Хорот
тој презема голема активност, како за омасовување, така и за подготвување на
еден огромен материјал и репертоар со кој има многубројни настапи во земјава
и во странство. Хорот учествуваше на низа фестивали, а исто така има
реализирано турнеи во Италија, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија,
Унгарија и Турција.
Тогаш како покровител беше Синдикатот на градежните работници и токму
затоа се наоѓа во Домот "Кочо Рацин" каде денес Хорот ги реализира
подготовките и пробите за идните настапи.
ЗАЖИВУВАЊЕ
Еден период Хорот беше во стагнација која мораше некако да се надмине, да
заживее, да се подмлади, да се обноват програмските активности во поглед на
репертоарот на песните.
Со еден збор треба да се ревитализира овој најстар хор кој навистина
заслужува и поради името што го носи и поради репутацијата која ја има,
затоа што досега има настапувано на голем број фестивали, вели Поповски.
Притоа има добиено многу високи признанија, а исто така ги има добиено и
"Свети Климентовото" признание кое е најголемата награда за култура во
Македонија.
Инаку, денес хорот брои околу 45 члена, а постои интерес за зачленување и
тоа на помлади.
Иако хорот брои повеќе членови, сепак тие добро се координираат и
настојуваат во текот на неделата двапати да се сретнат. Доколку се наближува
одреден настап, програмскиот дел се интензивира, така што пробите се
зголемуваат на три-четири во текот на неделата, додава Поповски.
Тешкотиите околу финансиите настојуваме да ги ублажиме така што презедовме
некои активности, имавме разговори со покровителот односно со основачот на
Хорот - Синдикатот на чие чело сега е Ванчо Муратовски. Ни ветија одредена
помош, но морам да кажам дека се уште тоа ветување не е реализирано. Исто
така, немаме добиено средства ни од Министерството за култура, иако и таму
испративме писмо во кое ги потенциравме нашите барања кои се мошне скромни.
Се надевам дека и општината Центар во која е лоцирано ова Друштво, а и
другите институции, ќе смогнат сили да го помогнат овој Хор кој навистина
заслужува да продолжи да опстојува.