риватизацијата мора да заврши до
крајот на годината се со цел вниманието на стопанскитесубјекти да се
пренасочи кон бизнисот, производството и извозот, како и зголемување на
економската ефикасност - став и приоритет на Владата во сферата на
економијата, на седницата од 7.02. 2003 година. Владата со тоа сака да
оствари неколку цели:
- Да го концентрира и онака премногу дисперзираниот капитал (најмалку
38,4 отсто е во сопственост на вработените) и со понудата на државниот
пакет-акции (удели, а може и побарувања), да ги поттикне потенцијалните
инвеститори да најдат интерес за купување на преостанатиот капитал;
- Акциите од фирмите што не се доприватизирани ќе се продаваат со
класична аукција на берзата, а тоа значи: не подржување, туку забрзување на
приватизацијата. Со начинот што се предлага, досегашната автономност, ќе
биде заменета со поголема транспарентност.
ПРЕПОРАКИ И СУГЕСТИИ
Впрочем, Владата уште на почетокот на својот мандат започна со подготовка
за довршување на приватизацијата. Во таа насока прв приоритет беше
ревизијата - контрола на законитоста на извршени приватизации, каде што се
забележани незаконски, па дури и скандалозни постапки, особено во периодот
на мандатот на претходната влада, како на пример: ОКТА, НИП-от итн.
Една од жртвите на приватизацијата - НИП "Нова Македонија"
Но, чесно е да се признае дека и претходната Влада имаше приоритетна
задача на почетокот на мандатот да започне со ревизија на приватизацијата,
па дури и со законска одредба тоа го предвиде.
Уставниот суд на 5.02. 2003 година ја укина одредбата којашто ја
ограничуваше контролата на законитоста на извршените приватизации само на
одреден период, што е спротивно на темелната уставна категорија - владеење
на правото, и ја потврди важноста на Законот за приватизација од 29 јули
1993 година до крајот на годинава, до кога и е рокот за пријавување на
незаконските приватизации. Така, оваа дилема доби разврска. Но, постои една
друга дилема.
Дали во Законот има одредби со коишто новиот сопственик на
приватизираниот имот без оглед на тоа колку платил за него, се обврзува да
инвестира според претходно (однапред) стручно изготвена и прифатена програма
за остварување на основната цел на приватизацијата - технолошки развој, со
осовременување на постојаните производни капацитети, а потоа и воведување на
најнови технологии, не знаеме, бидејќи тоа, во досегашната практика никаде
не се гледа, па дури и не се споменува!
Нема, по таа основа никакви вработувања, а има само примена на "пософистицираните"
методи на грабеж, обезвреднување и опустошување на општествениот имот.
Штрајковите што во последно време зачестија, а со својата бројност,
масовности и сеопфатност (во доменот на сите активности, на стопански и
нестопански дејности) особено со суштината на барањата - работа, неисплатени
плати, остварување на правата од работниот однос (што го имале) со еден збор
остварување на уставното и природното право - егзистенцијата, покажуваат
дека приватизацијата "речиси" во целост е незаконска.
А фокусирањето на состојбите постигнати со приватизација до денеска -
голема безработица, социјална беда и сиромаштија, консеквенца не на
технолошки развој, туку на грабеж и доуништување на општествениот капитал и
имот, е додатната реална претпоставка што покажува дека целосно е "заборавен"
развојот - основната цел, што приватизацијата ја прави не само незаконска,
туку и во целост промашена.
Поради нашиот сопствен интерес со приватизацијата економски да се
приближиме кон ЕУ и нејзините стандарди, возвратно и ЕУ во изминатиот период
покажуваше интерес и помагаше со свои укажувања и забелешки.
Така, уште во 1994 година во една средба на таа тема со наши претставници
во Париз, Жак Сантер многу гордо се изрази за нашата приватизација - грабеж.
Нешто поодмерен, а многу подециден беше евро-комесарот Крис Патен,
зборувајќи за структурните реформи, на 7.03. 2000 година, во Скопје:
- ЕУ очекува социјални реформи;
- транспаретна, а не квазиприватизација;
- правен систем што влева доверба и нема да ја толерира корупцијата.
Врз основа на сите овие околности, опишани погоре, може да се констатира
дека економско-социјалната состојба, како последица на, меѓу другото,
долгогодишната "специјална" приватизација на општествениот имот и капитал,
во Македонија е многу тешка, со катастрофални последици.
Затоа, ставот на Владата да се забрза со доприватизацијата -
приватизацијата да заврши до крајот на годината (процесот на приватизација
на вкупно 1.772 претпријатија почна 1989 година и до крајот на минатата
година беа приватизирани 1.688 претпријатија) сите работници (избркани и
оние што ќе бидат избркани од работа, оние што понекогаш или воопшто не
примаат плати и оние што чекаат вработување) и народот, го подржуваат и го
поздравуваат. Но, предлагаат уште поголемо забрзување, веднаш или за еден
ден, една недела или најдоцна за еден месец. Разликата во брзините
произлегува од разликата во видувањата на целите што треба да се постигнат.
Во воведот на текстот е дадена и целта на Владата, што Премиерот, на кратко
ја посочи: "Со довршувањето на процесот на приватизацијата ќе се овозможи да
заврши природната консолидација на сопственичките односи во приватизираните
компании".
А работниците и народот довршувањето на започнатата приватизација го
гледаат како предуслов за почеток на вистинска приватизација.
Парадоксот - завршетокот на приватизацијата за Владата, а почеток за
народот, всушност произлегува од целите што требаше да се постигнат -
капиталистички, општествено-економски, пазарни односи. Постигнати се
општествените, а економските?
ЗАКОНСКИ РАМКИ
Народот тоа вака го објаснува:
Господа што повеќе од десет години ротираат и пермутираат во власта се
свесни за состојбата во која се наоѓаат - општествена, и за состојбата во
која што не се наоѓаат - економската, и продолжува понатаму.
Приватизацијата, како пандан на првобитната акумулација на капиталот,
имаше иста почетна фаза - експропријација, но големата временска дистанца (повеќе
од два века) на двата општествено-економски системи, феудализмот и
социјализмот, коишто го започнале економско-историскиот процес, патот кон
капитализмот (општествено-економски систем сместен меѓу нив) со
експропријација, го позиционира стартот на приватизацијата во ист правец во
спротивна насока, како дијалектичка корекција на заостанувањето на
производните сили зад продукционите односи во социјализмот.
Консеквентно на состојбата и степенот на развиеност на производните сили,
суштината (содржана во формулацијата) на првобитната акумулација на
капиталот се состои од пресилна експропријација на селските маси од земјата
и од животните продукти и нивно претворување во пролетери. Другата страна на
овој процес го прави натрупувањето на парични средства способни да се
претворат во капитал, во рацете на поединци - капиталисти, а потоа, низ
производствен процес капиталот да се оплодува и да прави профит.
Приватизацијата - редистрибуција на општествениот капитал, без адекватен
надомест, многу се приближи и теоретски постана синоним на експропријацијата
- одземање на општествениот имот во име на општиот интерес, особено земјиште,
фабрики и сите други средства за производство; се одзема поседот или имотот
којшто ќе се употреби за општи цели. Тоа значи дека одземениот готов капитал
со парични средства на приватникот "модерниот" капиталист, прво треба да се
ревитализира, а потоа да се модернизира технолошки, со нови производи од
повисок степен на доработка. Тоа се општите цели на приватизацијата (теоретски)
да се постигне ефикасно стопанисување, приближување кон стандардите на ЕУ,
за постепено фазно асоцирање во нејзините структури.
Но, практиката покажа дека законската рамка била така поставена што
нормативното регулирање на процесот на приватизацијата мораше да биде
заменето со волонтаризам. Приватизацијата беше и средство и цел на
приватизацијата, според сфаќањето ларпурлартизам или македонска
приватизација, според формулата: на Господ Господовото, на царот царевото,
ним - нашето.
А волонтаризмот единствено "ги почитува" природните закони.
Приватизацијата започна со експропријација на општествениот имот според
Њутновиот закон на динамиката - инерција: секое тело останува во својата
состојба или на мирување или рамномерно праволиниско движење се додека
дејството на силите не го принудат да ја промени таа состојба, на пример:
Приватизацијата на НИП "Нова Македонија", движењето на започнатиот процес
можат да го сопрат само "надворешни сили" - судството!
Да резимираме: процесот на приватизација во Македонија во досегашната
практика, одвивајќи се строго по Њутновиот закон, ги премина и фазите каде
што другите постсоцијалистички земји се задржаа! Потврда (доказ) за тоа е и
посакуваната брза доприватизација.
Барањата за некои ревизии треба да се избегнат со брзо изготување и
донесување закон за експропријација на експропријаторите на општествениот
имот и конфискација на имотот и капиталот стекнат со незаконската
приватизација - е мислење и препорака, според видувањата на некои од
упатените експерти на Тројханданштал (