ентално ретардираните крволоци од
Пентагон и ЦИА го излудуваат тандемот Рајс - Пауел, преселувајќи го сиот
биолошко-хемиски арсенал од Ирак во Сирија. Од тие причини ги подготвуваат "шерманите"
и "адамсите" , "томахафките" и "патриотите" да се прошетаат до Дамаск.
Колкава ќе биде колатералната штета за надворешната политика на САД не може
да се процени од прости причини што "Застрашувачкиот удар" го правеле пијани
поднаредници на Пентагон.
Припадниците на "Делта" заедно со загарите од САС ќе продолжат да ја
бараат атомската бомба на Иран во Техеран и Ком за да пристигнат на
Каспиското крајбрежје... Таму сигурно ќе пронајдат огромни стокови резерви
на А и Н-бомбите, со тони хемиско и биолошко оружје, но и многу други новини
во вооружувањето на Русите, нели тие располагаа со легатот на Никола Тесла...
Кого ќе го бомбардираат ако не успеат да го купат Путин, како што направија
со Елцин, преку Перишиќ и Пацоли?
МРЕЖИ
Нафтата има чуден опоен мирис, не само за каубоите од Тексас и траперите
од Пентагон, туку и за "Рускиот Џим Кегни". Руската мафија, трансформираната
мрежа на легендарниот КГБ, ги освојува ловориките на криминалната супер сила.
Нејзините "братства", "гангови" и "бизнис групи" (5.700 организации со
различна бројност) имаат преку 100.000 припадници. Тие се во поход да го
покорат и освојат и подземниот и надземниот свет. Основното оружје им е
корумпирање на западните, особено американските политичари и офицери од
висок ранг.
Руската мафија ја контролира сета трговија со дрога и проституција, но
покрај тие класични дејности на подземјето, организациите на рускиот
криминал длабоко се пенетрирале и во стопанските активности. Тие учествуваат
во трговија со нафтата и гасот, алуминиумот, титаниумот, скапоцените камења,
накитот, златото и оружјето, а се почесто се расправа и за можностите
организираниот криминал на Русија да си обезбеди пристап и до нуклеарното
оружје. Руското одделение за борба против организираниот криминал, уште кон
средината на 1994 година, водело 47 досиеја отворени врз основа на пријави
за обид на кражба на радиоактивен материјал...
Некои непотврдени разузнувачки податоци говорат дека руската мафија
набавила на црниот пазар и готово нуклеарно оружје, а повеќе агенции во
светот соопштуваа драматични сознанија за украдени поголеми количества на
радиоактивни елементи од кои може да се направи "валкана атомска бомба" која
исламските терористи, особено оние од Ал Каеда на Осама Бин Ладен, толку
многу ја посакуваат. Руските криминалци, поранешните офицери на ГРУ и
оперативци на КГБ во странство, присутни се на сите пазари со оружје во
светот, а особено се специјализирале за кршење на воведените ембарга за
продажба на оружје и друг стратешки материјал. На овој план американските
специјализирани и тајни служби не им се дораснати. Повеќе од една третина на
вкупниот обем на размена на стоки и услуги во 1993 година се изведувала под
контрола на криминалните организации... Поголем број од преку 2000
новорегистрирани комерцијални банки во Руската федерација (1995) служеле
исклучиво за префрлање на парите на мафијата во странство... За две години,
од РФ на Запад биле пренесени најмалку 40 милијарди долари - во основа во
Швајцарија - а 160 криминални групи со својата големина и финансиската
организација и потенцијалот веќе една деценија го прераснале рускиот терен.
Ја шират својата дејност кон Америка и Западна Европа. Овие краци на "октоподи"
досега продреле во повеќе од 39 држави и тие се доминантни во работите на
трговија со дрога, перење пари, шверц со луѓе и човечки органи и слични
активности во Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами, Чикаго и во Њујорк. На
западниот брег на САД во Калифорнија, руската мафија е вмешана во проневери
на милијарди долари во американската здравствена заштита. Во Италија
оперираат, заедно со албанските кланови, повеќе од 60 руски криминални групи,
а 47 слични организации учествуваат во проневерите и другите посуптилни
облици на економскиот криминал во Германија... Подземните организации, дури
50 отсто од својот нелегален профит инвестираат за поткупување на важни
функционери и политичари во државниот апарат и во стопанството... Мрежата се
шири со геометриска прогресија која не може да ја следи ниту "Microsoft" на
Бил Гејтс... Едно агенциско истражување вели: "Последните години
криминалните групи во светот покажуваат се поголем интерес за одбранбените
инсталации на поранешниот Советски Сојуз... Се обидуваат на црниот пазар да
купат нуклеарен материјал и да го продадат тој скапоцен плен на некои
радикални терористички организации... Опасната Комунистичка интернационала е
заменета, на светски план, од страна на Црната интернационала, а ЦИА и
другите служби на САД немаат оперативни позиции да продрат во тие
најрадикални и најзлосторнички структури... Интерпол, ФБИ и Европол ја
слушаат бајката за "Црвенкапа" која на баба си како подарок & донела два
килограми високообработен ураниум, украден од една неименувана институција
близу Петроград... Еден американски новинар запишал: "Имате впечаток дека
низ московските улици зачекорил покојниот Џим Кегни". Сметам дека на
Американците не би требало да им бидат "таргет број 1" исламските
фундаменталисти, нивните ЦИА-инстант терористи, а за Садам Хусеин или
преостанатите од "оската на злото", и не коментирам. Или, Америте се
шегуваат, па не можат да забележат дека Русите се повторно сила со која и
овој пат не се начисто како треба да се постапува. Средствата кои им се
познати и со кои располагаат нивните тајни и полициски агенции изгледаат
како недоволни. Русите се, пак, цврсти, ледено сурови и бестрашни. Изгледаат
како ним да им припаѓа целиот - подземен свет. А, од адот, секогаш се
управувало со надземниот "цивилизиран и демократски живот"... Што ми е
некако познато ваквото настапување и пенетрирање во сржта на нештата, во
центрите на моќта кои се најсилни и најкорумпирани. Духот на КГБ ќе ја освои
западната демократија и САД без атомски бомби и тешката воздушна челична
коњица... Терористите им се параван зад кој се пишуваат сценаријата за
воспоставување на државниот тероризам.
Челниците на организираниот криминал го практикуваат теророт како
тактика, создаден во школите и практиката на тајните служби и нивните
валкани операции. Тој е повторно на светската сцена, но сега без ефикасни
инструменти за контрола од државата, а во функција на криминалните
организации... Затоа и не е чудно што бројот на земјите кои пристапуваат кон
таа тактика постепено се зголемува.
ПАРАСИСТЕМИТЕ
Мафијата се обидува да создаде сопствена единствена интернационална
команда, тврди Пјеро Луиџи Виња, главниот јавен обвинител на
италијанскиот град Фиренца. На една конференција за печат Виња
истакнал дека "организираниот криминал ги прекинал меѓусебните пресметки и
ги поврзал своите мрежи во голем број земји, притоа спојувајќи ги филијалите
на двете страни од довчерашната стратегиска поделба: Запад - Исток". Дали
ваквата сугестија можеме да ја протолкуваме како соучествување на еден дел
моќници од САД во создавањето на новата супер сила - на глобалната паравласт?
Ако и претерам, сметам дека многубројните примери можат да ми бидат солидна
основа за извлекување на заклучоци и проценки за иднината. Велам претерување,
но и да го има не е поголемо од претерувањата кај некои други предвесници на
интернационализацијата, препознатливи според паролите "Америка и Енглеска ќе
биде земја пролетерска", "муслиманска влада од Босна до Филипините" или "новиот
светски поредок" како гето за сите оние што не им припаѓаат на богатите и
силните од "владата во сенка".
Според извештаите кои секојдневно пристигнуваат од разни краеви на
планетата, може да се процени, дури да се добие впечаток дека нема држава во
која не јакне некој вид на парасистемот. Од убиството на Џон Кенеди,
претседателот на САД, на 22 ноември 1963 година во Далас, замислете каква
случајност во Тексас, кое беше резултат на заговорот против мирот, а го
изведоа реакционерните кругови на војската, тајните служби и мафијата (Црната
интернационала на САД) до денес, би можело да се исцрта нова карта на светот
во која поистакнато би биле обележани дострелите на разните мафии и
приватните војски одошто границите помеѓу одделни земји. Модерните општества,
повеќе не се делат ни на класни ни на расни - туку на безбедни и опасни.
Колку има такви, кои се безбедни, тоа многу добро знаат луѓето од Балканот.
Албанските граѓани ограбија неколку милиони парчиња оружје од воените
гарнизони на Албанија само за едно деноноќие. Истото го продадоа во
соседните земји каде мафијашко-политичките и полициските гангови тренираат
демократија врз чесните и трудољубивите граѓани. Злосторниците,
нарко-дилерите и нивните газди, закрвавените терористи ги амнестираат
корумпираните шефови на држави и влади, а во казнено-поправните домови
престојуваат ситни крадци, малолетни провалници на трафики и подруми,
предизвикувачи на сообраќајни незгоди и друг криминален ситнеж... Европа
откако го препушти Балканот на мафијата, станува заложник на албанскиот
нарко-картел кој е измеќар, како секогаш, на оние поголемите Кумови. Меѓу
нив се и трафикантите со смртта задскриени зад зеленото знаме на Алахот и
полумесечината.
И, се прашувам - дали на повидок е нов заговор на глобалната мафија
против легитимните државни институции, но и оние на светски план како
што се Обединетите нации. Можеби поголем и од оној остварен на Црн св. Јован,
на 11 септември 2001 година во САД?! Последен акт на интернационалата на
злото беше разорувањето на остатоците од древната цивилизација на
Месопотамија. На овие простори Црната интернационала настапи под водството
на отуѓените политички центри на моќта во Вашингтон. Војната секогаш и била
најкрвав, но и најпрофитабилен бизнис. Па, ако за нарачателите и
изведувачите, се обезбеди недопирливост пред меѓународните правосудни
институции, тогаш е сосема разбирлива спрегата помеѓу заболената политичка
елита и асоцијалните центри на подземната моќ. Зголемената криминализација
на внатрешните, па и надворешните политички односи, или барем зголемената
воочливост на таквите процеси, претставува една од најголемите промени на
заговорничко-пресвртничкиот финиш на крвавиот век што измина. Се добива
впечаток дека судбината ни зависи многу повеќе од разни недозволени и
криминални акти, одошто од легалните дејствија и работи. Имунитетот на оваа
рак-рана е намален дури и во земјата победничка во студената војна,
единствената постоечка супер сила, Соединетите Американски Држави.
Податоците говорат дека во САД од криминалот годишно просечно гинат повеќе
луѓе отколку во Виетнамската војна. Агенцијата Ројтерс, кон средината на
1994 година објави дека е соборен рекордот на бројот на затворениците кои ги
имало околу еден милион, што значи дека секој 250-ти Американец е лишен од
слобода. Во однос на 1980 година бројот на затворениците се покачил дури за
200 отсто, како што е соопштено, во основа поради зголемувањето на
нарко-деликтите. Една анкета на јавното мнение во 1990 година покажала дека
најголем број Американци ја сметале нарко-мафијата за поголем непријател и
од, тогаш веќе разорениот, СССР. Настаните во последната деценија целосно ја
потврдија таквата проценка. Силата на мафијата тешко се изразува со бројки,
бидејќи таа своите биланси никому не ги дава на увид. Се проценува, сепак,
дека главниот бизнис и е поврзан со дрога и оружје. Некои податоци говорат
дека во нарко-бизнисот годишно се свртуваат еден билион долари, што
претставува износ поголем од бруто производот на повеќе од 70 неразвиени
земји во светот. За центарот на таа глобална сила се смета Колумбија, прва
земја во која убиството станало главна причина на смртта, однесувајќи повеќе
животи од ракот, сидата и кардиоваскуларните заболувања... Европската
Колумбија се твори на Балканот иницирана од
вашингтонското-американско-албанско лоби, а под патронат на радикалниот
исламски фундаментализам и интересите на руската мафија и Коза ностра.
Тирана, Приштина, Велики Трновац, Тетово, Скопје, Софија, се филијалите во
кои повремено се вработуваат припадници на етничките гангови на чеченската
мафија, Азерите од Кавказ - Дагестанци и грузијските гангови, се само
ангажирани пиони во големата игра на руските новокомпонирани бизнисмени (околу
40 отсто претставници на новата класа бизнисмени во Русија и две третини на
оние кои се занимаваат со трговија се поврзани со криминалните организации).
Во светот на мафијата владее поделбата на трудот и редот, за разлика од
некои држави на Балканот каде хаосот и безредието, односно невладеење на
правото и нефункционирање на државните институции, се секојдневие.