Република Македонија конечно падна на колена, бидејќи министерот за
внатрешни работи, Хари Костов, задолжен за воведување на ред и т.н. привиден
мир, со раце во џебовите, ништо не направи за достојно да се одбележи
поменот на трагично загинатите и масакрирани припадници на безбедносните
сили во близина на тетовското село Вејце на Шар Планина. Со тоа покажа дека
нашата држава, Премиерот и македонскиот народ, станаа заложници на ќефот на
албанската етничка заедница, односно на т.н. "борци за човекови права и
слободи". Тие слободно можат да се движат низ Македонија и непречено да го
слават одбележувањето на настаните од карадачкиот (неосвоив) дел, кој за нив
е од историска важност, а случката кај Вејце и одбележувањето на денот на
загинувањето на припадниците на безбедносните сили за министерот Костов е -
приватен помен?!
Зарем тоа можевме да го очекуваме од еден министер кој е задолжен за
одржување на редот и мирот, или по традиција секоја лага си има своја
пригода, па затоа и оваа изјава ќе нема тежина или основа за барање
неотповиклива оставка што, впрочем, и самиот ја најави!? Така ни треба кога
непрофесионалци и лажни патриоти ни ја бранат или чуваат државата, односно
се грижат за оној дел од Македонија што се уште само наликува на држава.
ПРОТЕКТОРАТ
Има ли држава македонскиот народ во овој момент, или овој неразјаснет
правен и безбедносен вакуум, всушност е протекторат?! Одговорот на ова
прашање е мошне јасен и дециден. За него постојат многу аргументи. Прво,
Европската унија најави дека во Република Македонија ќе испрати експертски
тим кој ќе се вгнезди во секое министерство и притоа ќе им соли памет на
наводните македонски, поточно неспособни министри да си ја водат и да се
грижат за државата.
Второ, се што се случи кај Вејце е класичен пример за политичко мешање во
внатрешните работи на една суверена држава. Но, за нас сувереноста е
апстрактен поим - две години една третина од земјава е окупирана и е вон
редот и законот. Ако реалноста за нас е погубна, токму таа оди во прилог на
тезата дека Македонците се неспособни и затоа ни беше потребна целокупната
свита - од американскиот носталгичар за Виетнам, амбасадорот Лоренс Батлер,
до специјалниот пратеник Алексис Брунс, командантот на се уште
неразјаснетите европски сили "Конкордија", генерал Пјер Марал, па дури и
личната пријателка на Али Ахмети, Кларис Пастори.
Чуму ваква работа? Ако подетално се разгледува или анализира целокупната
безбедносна ситуација, тогаш може да се препознае целта, бидејќи
инволвираноста на албанскиот фактор во соработка со американскиот и
европскиот интерес се преплетуваат во многу нешта. За бизнисот и парите кои
претежно пристигаат од валкани извори нема граници, нема жртви, освен профит,
кој урива меѓи и држави. Во тој котел е ставена судбината на Македонија.
ИСТОРИСКИ ДАТУМ
Овој период во многу нешта наликува на окупацијата од страна на Италија
на западниот дел на Македонија за време на Втората светска војна. За
интересите на "жабарите" работеа качачките банди и угледните Албанци кои
размислуваа дека ќе можат да го остварат својот сон. Притоа на таа
територија имаа своја полиција, војска, судство и спроведуваа своја правда.
Така беше скоро три години, а дури во четвртата македонскиот народ се
спастри и конечно тргна во расчистувањето на албанскиот екстремизам. Еве
изминаа две години од војната во Македонија. Но, од сожителството и од
правно невозможниот сурогат - Рамковниот договор - нема ништо. Политичарите
млатат само празна слама, а дел од најодговорните "душегрижници" полека се
откажуваат од својот потпис. Што вреди сега нивниот потпис, па и
откажувањето од потписот, кога имаме проблеми со умот и лојалноста во
државата!? Албанците веќе со години не плаќаат струја, вода, а притоа се
социјални случаи кои се возат во мерцедеси и имаат трикатни и повеќекатни
куќи. Нели оваа веродостојна слика се коси со примерот на државност и
уставност. Но, впрочем, Албанците никогаш не почитувале нечиј ред и поредок,
па - дали ќе ја почитуваат Република Македонија!?
Ова прашање многу е дискутабилно, бидејќи дијалогот и комуникацијата
имаат различни значења, освен ветувањата. За нив само бесата е најважна.
Токму на тој нивен завет треба Македонците да им завидуваат, бидејќи ако
треба и за мала ситница сите гинат и се собираат. Затоа, без разлика што
настанот кај Вејце беше наменет за помен, кој во иднина секако ќе прерасне
во историски важен датум за македонскиот народ, сличен на Ваташкиот,
блокадата не беше обична реакција од емотивна природа, туку политички акт
против немоќта на власта.
ВЛАДАР
Али Ахмети докажа дека е вистинскиот владар во Република Македонија, иако
и нему му наредуваат од надвор. Меѓутоа, без него ни првиот полицаец не може
да се прошета низ државава оти му се врзани рацете. Тоа го покажа во селото
Селце каде што докажа колку го почитуваат Албанците и ја ценат неговата
улога во новите "собитија" во земјава. Тој се уште не си ја заврши својата
ролја за Албанците во Македонија, а дури сега претстојат неговите
изненадувања кои ќе ги почувствува на своја кожа и Премиерот и неговите
најблиски соработници.
Колку е немоќна државата и нејзините институции покажаа најновите случки
во Арачиново, во Слупчане и во Вејце. Но, опасни политички провокации ќе има
уште, бидејќи за ваквата состојба се виновни денешните актери кои ги
заладија меѓунационалните односи. Оттука многу е тешко повторно да се
воспостави нормалната комуникација меѓу Македонците и Албанците. Уцените и
натаму ќе постојат, без разлика што локалните проблеми требаше многу порано
да се решаваат. Сега во прашање е постоењето на Република Македонија. На
нејзиниот грб се кршат внатрешните, регионалните и светските интереси.
Нивните пиони повторно ќе ги видиме на терен, во Тетовско или во Липково,
оти така дозволија да се однесуваат властите во Скопје. ОБСЕ, ЕУ, УНХЦР и
други невладини или странски претставништа се полни со такви "булдожери". Но,
што ќе прават нашите полтрони?! Е тоа ќе видиме... До сега стоеја на страна
или молчеа, зашто беа поткупени или странците им ги знаеја матните зделки.