раѓаните и верни-ците во целиот
свет и оваа година го прославија нај-големиот христијански празник. Само
седум дена пред главниот ден на православниот Велигден, верниците од
католичката црква мошне радосно, помпезно и масовно го прославија овој
најрадосен празник.
Сите цркви и катедрали во светот беа преполни со верници, а папата во
столицата на католицизмот - Рим ја прочита својата велигденска прокламација
за мир и љубов.
Велигден триумфално беше прославен и во целиот православен свет со една
голема размисла дека тој и оваа година беше најголем празник, најрадосен,
најсветол кој ни посеа надежи за спасение и мир.
ДОСТОЈНИ ГОСПОДОВИ ЧЕДА
Овој празник не е само празник на радоста, туку празник за големо
чествување. Во него го оплакуваме Христовото страдање, но и величенствено се
радуваме на Господа кој со својот вознес и пресилната битка против сатаната
го победи злото и на овој свет, кој се уште врие во едно недоразмислено
битие и разбитие, му ја покажа вистината дека тој е празник за соединување,
празник за спасение, празник кога се венчаат небото и земјата.
Страдалните денови во сите Цркви беа најсвечено прославени со богослужби
кои ни го пренесуваа страдањето на нашиот господ Исус Христос и на неговата
победа над злото.
Кај нас во градот Скопје сите цркви немаа место да ги примаат верниците.
Целото свештенство, архиереите заедно со својот Поглавар, Неговото
Блаженство г.г. Стефан, беа главните јунаци, главните актери на
богославењето со кое нашата вера секогаш била најсилна и вистински
претставник на нашиот спасител.
АНГЕЛСКА МОЌ
Целиот свет кај што постои христијанско срце, кај што дише христијанска
душа, иако со мала разлика во време, беа свртени кон Господовите образи и
сите со песните на воскресението, со песните на страданието беа доказ колку
е силно христијанството, а уште повеќе православието.
Православниот свет почнувајќи од Ерусалим од историскиот град на
евангелието, од градот кај што се роди Спасителот и од градот каде тој умре
и страдаше за овој народ, торжествено се поклони на неговото име и слава.
Тој со својата ангелска моќ и со сиот свој сјај успеа да го разбие
мистицизмот на омразата, убиствата, грабежот и насилствата.
Во Соборниот храм во Скопје можевме да ја доживееме и да ја видиме сета
таа размисла за којашто пишуваме и со која живееме. А со симболот на
црвените јајца ја креваме таа силна миса до небесните двери од каде само
Господ ја пренесе вистината дека навистина воскреснал.
Биењето на камбаните и полноќната променада што се разнесе низ ноќната
тишина ја покрија песните во чест на Христовата победа.
Токму во дванаесет часот на полноќ тој прекрасен глас се разлеа по сите
краишта во земјата. Во Соборниот храм Неговото Блаженство, Поглаварот на МПЦ,
г.г. Стефан, со својата свита која го следаше на литијата и на големиот
Велигденски молебен го крена гласот повторно како татко на нашата црква и
тоа големото велигденско Христос Воскресна ги соедини рацете на сите
христијани. А песната "Христос Воскресна од мртвите, со смрт смртта ја
победи и на тие што беа во гробовите живот им дари" го означи новиот ден.
Громогласно и преубаво со сиот сјај на тој вознес Велигден оваа година ни
дојде во тешки времиња за нашата земја, но со него ќе го победиме злото и со
него ќе ја урнеме таа разбитисана небитница која се обиде да ни ја разбие
славата и радоста. Велигден победи како што Господ ја подбеди смртта.