Храмот го основал Лав Велики, кој се викал Макел. Тој на тоа место
сретнал еден слеп човек. Се сожалил, го фатил за рака и стигнале до Изворот
Источник. Слепиот ожеднел и го замолил Лав да го попрска со водата.
Лав го барал Изворот, но не можел да го најде, зашто бил обраснат со дрвја.
Наеднаш слушнал глас одозгора: "О, Лав, не очајувај, водата што ја бараш е
близу до тебе и сврти се ќе ја најдеш... и земи со своите раце од таа матна
вода и исцели ја жедта на слепиот, и помажи ги помрачените негови очи и
веднаш ќе познаеш која сум...". Лав направил како што му кажал гласот и за
големо чудо слепиот веднаш прогледал. Лав по претскажување на Богородица,
станал цар и го изградил кај изворот првиот Храм, кој го украсил. Подоцна,
Јустинијан Велики се излечил таму. Од благодарност кон Богородица, тој го
проширил и украсил Храмот. Но, настанале земјотреси од кои Храмот пострадал.
Тогаш цар Василие Македонски и неговиот син Лав Мудри, го обновиле. По
повеќе години, кога требало да падне овој Храм, се јавила брзата помошничка
Мајката Божја и го задржала да не падне, се додека не излегол сиот народ
надвор од него.
НЕОБИЧНИ ЧУДА
Во Цариград, во местото Балаклија, по молитвите на Мајката на
Човекољубивиот Бог Исус Христос, милостивата и доброљубива, исполнета со
неизмерна љубов Пречиста Дева, која е надеж и закрила на болните,
безнадежните, и на оние што доаѓаат кај Неа, оваа света изворска вода лечи
разни и најтешки болести, и се случуваат безброј необични чуда. Затоа во
една од црковните песни (кондак) се пее: "Извору Богоблагодатен, подај ми од
неистечната твоја вода на благодетта, секогаш што тече, бидејќи си го родила
Словото надсмисловно, ти се молам ороси ме со благодетта да Ти повикувам,
радувај се Водоспасителке" (превод).
На празникот "Источен Петок - Балаклија" во сите македонски цркви во
државата и во дијаспората, се врши Света Богослужба, се одржува голема
верска прослава и голем народен радосен црковен собор на местата каде има
света изворска вода. Во Бигорскиот манастир има и црквиче со света вода
посветена на "Источен Петок". По литургијата, монашкото братство прави
литија и & оддава почит на Божјата Мајка. Во селото Рајчица, во црквата "Св.
Вмч. Георгиј" има фреска на "Источен Петок" каде е насликан и човекот кој
воскреснал откако го измиле со светата Богородична вода.
ТОМИНА НЕДЕЛА
Првата недела по Воскресението Христово е посветена на големиот Христов
Апостол Тома и е наречена Томина Недела. Тој со свои очи ги видел раните од
клинците на рацете Христови, го допрел со прстот Христовото Животворно ребро
по Воскресението, лично се уверил дека Христос воскреснал и со силна вера и
возбуда извикал: "Господ мој и Бог мој!". Кога го отвориле гробот на Божјата
Мајка за да & се поклони Св. Ап. Тома, во него: "Тие не го најдоа телото,
туку само една плаштаница" и сведочат пред светот дека и Божјата Мајка, како
и Нејзиниот Син, воскреснала во третиот ден по Нејзиното Успение. Св. Тома,
како и другите Христови апостоли, се бесмртни сведоци за Воскресението на
Христос и на Божјата Мајка.
На 23.04./06.05., се слави големиот Великомаченик, Христовиот верен
војник, издржлив во најтешките, натчовечки мачења - Св. Великомаченик
Георгиј Победоносец. Тој знаеше дека само вечноста може да & даде смисла
на секоја бесмисла во тој привремен земен живот полн со неправди,
незнабоштво, мачења, убиства и беззаконија. "Слуга сум на Христос, мојот Бог....
идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!", смело
одговара пред царот, кнезовите и сенаторите, младиот, мудар и убав Христов
Великомаченик. Пресечен е со меч во 303 година за време на царот Диоклецијан.
Во ИИИ век маченички пострада за Христа и угледниот непорочен родител,
таткото на Св. Георгиј, затоа што го славеше Создателот на светот,
вистинскиот Бог, а не мртвите идоли.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд