ФОРУМ

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПРАВИТЕ СО МАКЕДОНИЈА!

Гоце Македонски

  • Нашите политичари во овие десет години создадоа расипано општество и држава со општествено расипан народ. Неодамна прочитав: "Посредувам во издавање бугарско државјанство". После ќе се чудиме кога Бугарија ќе си ги бара своите државјани од златните песоци до Охрид, Голо Брдо и Мала Преспа. Кој ќе биде виновен? Владите на Македонија кои си ја уништуваат државата во континуитет.

Саноќ слушам и гледам глупост до глупост кои се редат во низа и така се до недоглед. Читам во жолтиот печат дека од мај 2002 до мај 2003 година Македонија имала 2.033.960 жители на површина од 25.713 квадратни километри што значи дека на еден квадратен километар живеат 80 жители.

Саноќ седам и се чудам како е возможно 80 луѓе да не можат да се прехранат на еден квадратен километар? Луѓето се преселија од село во град за подобар живот, но сега миграцијата село - град треба да се пренасочи во град - село, а за тоа треба најмногу да се погрижи сегашната и сите идни влади.

До кога нашата Македонија ќе се развива во крив правец? Владата зема кредит за плати на трошната администрација. Се чудам како е возможно да имаме 12.000 доброплатени административци и 140.000 платени работници. Не може Македонија да има голем економски развој кога купува производи кои може сама да ги произведува и да ги користи за себе, на пример увозот на шеќер.

Земјоделски необработени површини има скоро една половина од обработливото земјиште на Македонија. Државата не дава механизација на кредит од 20 до 30 години исплата, на пример: трактори, комбајни и друго, што би ги стимулирало идните земјоделци кои во градовите останаа без работа и без пари. Земјоделските компоненти и задруги се распаднаа.

Се чудам што се случува со нашиот Претседател кој многу го ценев, но сега го сменив мислењето во спротивна насока. Амнестијата за албанските терористи и окупатори по срамниот Рамковен договор, како и аболицијата на Димовска предизвика револт кај македонската јавност.

Оценка по македонската историја за Претседателот - единица (1). Ако не ја знае историјата, нека ја прочита Првата книга Макавејска во Светото писмо, Александар Македонски од Харолд Ламб и други. Или нека се консултира со нашите историчари Александар Донски, Наде Проева и други.

Ветувањето на Коалицијата во врска со данокот се заврши успешно како во играорната: двапати по 9,5 отсто напред и 1 отсто назад, тоа е 18 отсто ДДВ. Народе македонски, мисли како ќе гласаш по ова.

Владата по барање на Светската банка ги затвора фирмите во Македонија. Загубарите не станаа загубари по своја волја. Тоа се случи без нивно знаење, по волја на тогашните работодавни органи коишто земаа кредити со неповолни услови и камати, а за тоа воопшто не ги прашаа работниците.

Сега се чудам каде отиде довчерашната работничка класа - односно пролетеријатот. Како заборавивме што е држава. Благосостојбата на еден народ не зависи само од судбината на тој народ. Држава е народ кој избира влада, а владата треба да работи за народот. Како работи гледаме и самите, а народот си молчи. Војната бидна и помина, заврши, но оваа сегашна владина коалиција не разбра дека е полесно да се победи во војна, одошто да се организира држава по војна.

Владата досега од 90-та до ден денешен во повеќепартискиот систем работи против својот народ. Ќе се преговара за името со Грција. Некој или има фајде од преговорите, или со сила сака да не прекрсти. Грците станаа едни од најголемите инвеститори во Македонија. Но, поговорката вели: "Од Грците и подарок да не земаш, оти ќе ти подарат тројански коњ". Грците, а и другите соседи, го одрекуваат нашето постоење, а нашиот Претседател на некој негов начин го потврди тоа.

Саноќ седам и се мислам зошто ВМРО-ДПМНЕ му се лути на СДСМ дека ги затвора нивните функционери. Почитувани господа од ДПМНЕ, до вчера кога ја имавте власта и стапот, зошто не ги употребивте. Зошто јавниот обвинител од ДПМНЕ не покрена обвинение против ДПМНЕ-овски претседател, па да го казнеше да служи за пример на партијата. Или пак господинот Георгиевски ако поднесеше оставка и ако го отстранеше срамниот Рамковен договор, ДПМНЕ ќе ги добиеше последните избори. Големите владетели и државници секогаш се со својот народ, а нашиве досегашни и сегашни владетели со народот се секои 4 години по еден месец само за време на изборите. Големите владетели секогаш се со својот народ и затоа се успешни.

Филип и Александар во гробовите се превртуваат кога се преговара-разговара за промена на сето она кое со векови опстојувало и ќе опстојува додека има век. Нашиот Александар, кој секогаш бил со своите борци надвор од својата земја, на бојното поле направил најголем чекор во пустината кога немало вода. Цитат: "На пладневната жештина луѓето се движеле како автомати, затоа што Александар продолжил да оди. Им снемало вода. Некои извидници донесле мала машина или шлем со вода што ја собрале од карпите и му ја понудиле на Александар. Кому му го носите тоа? Тебе. Околу водата се собрале стотици луѓе сите загледани во неа. Никој не рекол ништо. Александар ја истурил водата во песокот. Не е добро да се пие сам - рекол тој" (Харолд Ламб "Александар Македонски", стр. 267). Кој наш претседател или политичар направил ваков гест последниве десет години?!

Нашите политичари во овие десет години создадоа расипано општество и држава со општествено расипан народ. Неодамна прочитав: "Посредувам во издавање бугарско државјанство". После ќе се чудиме кога Бугарија ќе си ги бара своите државјани од златните песоци до Охрид, Голо Брдо и Мала Преспа. Кој ќе биде виновен? Владите на Македонија кои си ја уништуваат државата во континуитет.

Се прашувам до кога македонските патриоти ќе го натопуваат дрвото на слободата со сопствената крв.

Им порачувам на заговорниците на војни да го посетат Аушвиц, логорот во Полска.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"