оа беше некогаш самохипотетична
теза, "визионерско претсказание", дека патот кон комунизмот има алтернатива,
што по распадот на социјализмот се претвори во реалност. Речиси сите
постсоцијалистички земји во почетокот на транзицијата, во практиката ја
потврдија тезата, го прифатија алтернативниот пат кон ММФ (Меѓународен
монетарен фонд).
Меѓутоа, ММФ и социјализмот, односно комунизмот, ги поврзува и една
асоцијативна симболика - зачнати се на завршетокот на Втората светска војна,
со слична цел - обнова и развој, пак хипотетички.
ММФ "се роди" како "Бретонвудски близнак" со СБ во градот Бретон Вудс во
САД, на една меѓународна конференција одржана во 1944 година. Грижата од
неизвесноста што ќе се случува по Втората светска војна во сферата на
интервалутарните односи и развојот ги натера 44 држави зафатени од "виорот
на војната" да се договорат за одредени правила и принципи. На таа
конференција се поставени и институционалните основи, создадени се и двете
институции ММФ и СБ (Светска банка).
Во долгогодишната практика се искристализирани целите и задачите на ММФ,
на краток рок, да ја одржува макроекономската стабилност, а СБ на долг рок
да го поттикнува економскиот развој на сиромашните земји-членки преку
поволни заеми и кредити. И ако и двете институции функционираат во пар,
консеквентно, определбата за краткорочна рамнотежа на ММФ му дава улога на "оној
што принудува", а СБ има улога на "оној што дава". Но, сепак, одобрувањето (на
кредити, аранжмани) на ММФ е засновано врз остварувањето на одредени реформи.
Тоа е објаснувањето и реалната претпоставка за земјите во транзиција,
зашто развојот на своите заостанати и осиромашени економии треба да го
гледаат во поврзување со ММФ. Денес членки на ММФ се над 150 држави.
Така и Македонија, по стекнувањето на самостојност, побрза да стане
членка на ММФ. И тоа беше добро и сосема исправно за една мала држава која и
немаше друг избор. Но, со тоа, неопходно е да се нагласи, Македонија се
обврза да ги прифати и правилата на "игра" за комуницирање и соработка со
ММФ.
Тоа значи дека во преговорите секоја страна изнесува идеи, насоки и
аргументи, а на крајот тие се усогласуваат и се формулираат како програма
т.е. некој вид аранжман. Затоа во преговорите со ММФ е пресудна вештината на
преговарачите, што претставува компетентност, стручност, професионализам и
искуство, а не сервилност. На крајот, договорената програма станува програма
на државата, а не на ММФ. Одредени реформи, претходно добро осмислени, за
кои е договорена поддршка од ММФ, како што е впрочем и најновиот стенд-бај
аранжман, таа институција не може да биде амнестија за Владата.
Затоа, во овој контекст нема да го коментираме најновото потпишување на
договорот за стенд-бај аранжманот, бидејќи тоа доволно го направија и го
прават медиумите, врз основа на реакциите од експертите и од пошироката
јавност, но ќе го констатираме следното:
- Оваа Влада, како и сите досегашни влади по осамостојувањето на
Република Македонија, во првите 100 дена по изборите во согласност со
основниот приоритет од програмските определби - економско закрепнување, се
поврза со ММФ врз основа на принципот и односот "земи или остави", а по
диктат на условите - "подобро земи".
- А како што и оваа Влада (како и претходната) наследи атрофија и пустош
во економијата мораше "по обичај" да започне од буквата А и како што
покажува досегашната практика, со многу напорна работа за еден мандат од
четири години може да се стигне само до буквата М (МФ).
Народот ја разбира потребата за "систематски приод" со повторување на
лекциите, па тоа го (изразува) искажува со изреката:
. Во
слободен превод, повторувањето е мајка на (знаењето) мудроста - тврдат оние
што не се помрднале од букварот. Но, сепак, по повеќе од десет години
повторување обичниот човек покажува голема презаситеност од "оваа мудрост" и
бара, конечно, Владата да премине од букварот на читанката.
Во оваа насока обичниот човек - народот има компетентна "поддршка" од
врвни светски експерти за видот и начинот на помошта од ММФ, нивни видувања
и оцени дадени пред триесетина години за сиромашните и земјите во развој, а
денеска екстраполирани, и за државите во транзиција. Еве ги тие видувања.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), каде што припаѓа и Светската банка,
за секоја должничка земја воспоставува слични тековни услови за одобрување
на нови кредити и аранжмани и тоа:
- Слободна стоковна размена и поголем извоз, дури и тогаш кога тоа од
земјата-должник се исцрпуваат материјални добра и стоки неопходно потребни
за подмирување на основните потреби на населението и дури и тогаш кога
горниот слој на односната земја купува уште повеќе луксузна стока во
странство.
- Слободен промет на странскиот капитал (за Македонија е карактеристична
продажбата на претпријатијата и општествениот имот по багателни цени на
стратегиски партнер, којшто законски не се обврзува со одредени програмирани
задачи да обезбеди технолошки развој) дури и тогаш кога странците
извлекуваат големи (огромни) дивиденди (пример со Телекомот) од односната
земја.
- Намалување на трошковите на државата, дури и тогаш кога се гаснат и
последните партии на Буџетот коишто се наменети за социјални цели.
- Државна контрола на платите и дневниците (во Македонија особено
контрола на најниските примања и надоместоци за невработените стечајни
работници, технолошки "вишок", социјалците, пензионерите - од првата група -
итн. и зголемување на ДДВ) дури и тогаш кога куповната моќ на работникот
поради поскапувањата уште повеќе паѓа (расте социјалната беда и сиромаштија).
Сите овие услови, земени заедно, значат: Поголема интеграција на
односната земја (Македонија) во јадецот на светското стопанство, поголема
зависност и поголемо сакатење на стопанската структура.
Целта на овие писмени согледувања е да & се укаже на Владата дека е
крајно време, не само да се размисли, туку и да се преземат сериозни чекори
за "помрднување" од букварот.
За можните излезни патишта - во друга пригода.