Не постои
правило според кое е посочена возраста кога жената треба да се вклучи во
политиката. Сигурно дека жената се вклучува тогаш кога ќе се почувствува
подготвена, кога ќе почувствува дека може да направи нешто повеќе за својата
држава, за своите сограѓани и за сегашните и идните генерации. Вклучувањето
во политиката бара голем ангажман, дисциплина, па и самоодрекување, бидејќи
тоа е многу сериозна работа. Премногу греши оној кој се вклучува во
политиката само од хоби.
МС: Која е Вашата професија и како се случи да запловите во политичките
води и на која возраст?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: Дипломирав на историја на уметноста и
археологија на Филозофски факултет во Скопје, а подоцна магистрирав на
групата археологија на Универзитетот во Белград. Пред да бидам избрана во
Парламентот, работев во Институтот за старословенска култура во Прилеп и се
занимавав со научно-истражувачка дејност. Јас се школував и живеев во Скопје,
но бидејќи на Институтот во тоа време му требаа кадри од мојот профил се
вработив во Прилеп, потоа основав и семејство и таму останав да живеам. Со
политика почнав да се занимавам уште за време на студирањето, а особено
станав политички активна со моето вработување. Во тоа време бев членка на
СКМ, со оглед дека тогаш таа беше единствената политичка партија. По
појавата на плурализмот, со основањето на Демократската партија на Петар
Гошев во 1993 година, на возраст нешто пред четириесетина години се вклучив
во партијата каде моето политичко присуство и ден денес е евидентно.
МС: Дали цените дека жените може да се носат рамо до рамо со мажите во
светот на политиката?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: Да, можат. Иако сметам дека е многу тешко,
особено во малите средини каде се уште се почитуваат традиционалните норми
на семејството. На жените им треба повеќе време и труд за да ја стекнат
довербата кај своите сопартијци. Што се однесува до мене, сакам да истакнам
дека од страна на своите сопартијци во Прилеп сум добро прифатена и секогаш
ме чувствувале како рамноправен член на партијата за што говорат и функциите
кои ги имам во Општинската организација. Во ниту еден момент не сум
почувствувала нетрпение кон мене поради тоа што сум жена.
МС: Колку досега имавте проблем со фактот дека сте жена во светот на
мажите, како што обично се вели за политиката?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: Во претходното прашање истакнав дека јас лично
не сум имала никакви проблеми. За жал, кога ќе дојде време жените да ги
завземат највисоките функции, како државни така и партиски, тогаш често се
наидува на некои проблеми, но за среќа тие најчесто се надминуваат. Сепак не
смееме да ги гледаме работите еднострано. Всушност, апсолутно сум против
какви било клучови и квоти, па според тоа и жените да напредуваат само
поради тоа што се жени. Значи, фактот што се жени не смее да им биде
привилегија, но во никој случај ни хендикеп.
МС: Дали жените - парламентарки имаат време и за своето семејство?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: Јас и досега, пред да бидам парламентарка, бев
многу ангажирана и често отсутна од дома, бидејќи тоа ми го налагаше мојата
професија. Сепак, секогаш сум имала доволно време за семејството. Според
мене, семејството никогаш не треба да ми биде второстепено.
МС: Како е да се биде мајка - парламентарка?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: Имам едно дете, возрасна ќерка, која веќе е
матурантка. Таа е навикната да & посветувам многу внимание, при тоа да ја
посоветувам за секојдневните проблеми и да & помагам при школувањето. Не
знам како мојата ќерка ме доживува како парламентарка, но мојот однос кон
неа со ништо не е променет.
МС: Жената пред се е предодредена да биде мајка. Дали тоа, според Вас,
претставува хендикеп во градењето на политичката кариера?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: Не, напротив. Сметам дека нејзината
предодреденост да биде мајка, некогаш претставува и предност во градењето на
политичката кариера. Сметам дека самото мајчинство ја облагородува жената,
таа станува потолерантна и потрпелива, со поголемо разбирање за луѓето кои
ја опкружуваат. Трпението и разбирањето потребни при подигањето на децата е
многу значајно искуство кое жената која одлучила да се занимава со политика
може да го примени.
МС: Колку и дали Вашето семејство има разбирање и оправдување за Вашите
чести политички ангажмани?
ТОПУЗОВА - КАРЕВСКА: