а Сирија ќе се навратиме
подоцна. Ако јагнето го нападне и изеде волкот?! А сега да го повикаме на
помош вре-мепловот, тој секогаш може да биде добар патоказ за мудрите.
Политиката не е математика и тешко е прецизно да се пресметаат ефектите
на една акција, или последиците на одредената реакција. Така беше за време
на "Пустинската бура" во 1991 година. Тогаш јавачот на апокалипсата беше
Џорџ Буш постариот во името на акционерите на ВИК и Петрол-магнатите...
Клинтон го разурнуваше југот на Ирак, а ЦИА ги туркаше во братоубиствена
војна Курдите. Проиранските сили на ПУК-а, Патриотската унија на Курдистан,
и проирачките борци на КДП - Курдистанска демократска партија, метастазираат
во карцином кој ги загрозува Турција, Ирак, Иран, поради интеркурдските
судири во ирачкиот дел на Курдистанот кај градот Халабе, оддалечен десетина
километри од иранската граница...
Турските сили, во судирите со припадниците на забранетата КРП -
Курдистанска работничка партија, во југоисточна Турција, по вооруженото
востание, од 1984 година, за остварување на независноста, убиле повеќе
десетици илјади луѓе, од кои најголем број жени и деца... Со цел да ги
придобијат курдските борци за свои сојузници, против Садам Хусеин, продуктот
на политичкиот врв од Вашингтон, Пентагон и ЦИА отпочнале конспиративни
контакти со курдските првенци, а воедно ги снабдувале со финансиски средства
и современо оружје кое по уривањето на Садам Хусеин ќе биде употребено и
против Вашингтон и против Анкара.
АМЕРИКАНСКА БУРА
Голем број функционери на ЦИА биле свесни дека режимот на Хусеин се
определил за субверзивна дејност, на просторите од северен Ирак, од каде се
повлекувале ирачките војници. Теренот што се напуштал бил покриван со
многубројни шпиони и тајни агенти со цел да се зачува доминантното влијание
на багдадскиот режим, во курдскиот дел од северот на земјата... САД преку
своите тајни служби, по Заливската војна, вложиле повеќе од милијарда долари
обидувајќи се да ја сочуваат курдската енклава и да ги смират закрвените
фракции, со цел да го попречат влијанието на Багдад и Техеран. Стејт
департментот кон крајот на 1996 година проценил дека обединувањето на
курдските фракции е невозможна работа, а тогашниот директор на ЦИА, Џон Доч,
решението на проблемот го гледал во "промената на режимот во Ирак, со што не
би се обезбедил само интегритетот на земјата, туку Ирак би престанал да биде
опасна закана за своите соседи...". Сепак, Турција беше изиграна и опиена од
многубројните ветувања на САД. Денес, по уривањето на Садам Хусеин,
анулирано е и стратешкото значење на Турција за воено-безбедносните и
економско-политичките интереси и потреби на Вашингтон, во овие запалени и
зовриени региони.
Бидејќи Америка отворено им стави до знаење на довчерашните сојузници
дека со "Пустинската бура" и спроведените санкции против Ирак ги штитела
сопствените интереси, нејзините пријатели и партнери во воено-безбедносните
алијанси исто така не криеле дека со млаката поддршка или спротивставување
на овие акции, ги имале предвид своите воени, политички и над се економски
интереси.
Русија, во агресивните настапи на Вашингтон и Лондон против Багдад, си го
барала својот интерес на внатрешен и надворешен план. Млако реагирајќи
против отворената агресија кон една членка на ООН, си обезбедуваше непречен
пристап во дефинитивно расчистување со исламските фундаменталисти во
Чеченија, без ограничување на средствата кои ќе бидат употребени. Залагајќи
се за укинувањето на санкциите на Багдад, актерите од Москва ги изразувале
само гласните барања на мултимилијардерските, често и полукриминални картели
кои имале огромни побарувања кон Багдад, но поради санкциите истите биле
ненаплатливи. Франција одбила да учествува во воените вознемирувања и
бомбардирања на Ирак, сметајќи ги овие акции како унилатерална американска
одлука без верификација од ООН. Желбата на Париз да се дистанцира од
англо-американските акции во Ирак е очигледна, а заднината се состои во
француските интереси во Ирак и блискоисточниот регион. Франција своите
политички одлуки ги темели врз долгорочни разузнувачки студии и проценки за
процесите што ќе се одвиваат во овие региони, како и меѓу населението од
исламско-арапско потекло. Двете француски нафтени компании, Елф и
Тобол, имаа одлични позиции кои ќе мора да се респеткираат и во
наредниот период. Париз и Багдад, покрај тоа, имаат и долга историја на
специјални врски. Да се потсетиме дека Жак Ширак, како министер во Париз го
пречекал Садам Хусеин, тогаш втор во ирачката хиерархија (1975 година), како
"личен пријател". Французите беа тие кои на Ирак му помогнале да го изгради
својот нуклеарен реактор (разорен од страна на израелската авијација во
1981). Вон Ирак, француските амбиции се осведочени и преку успешното
посредување во Јужен Либан, во април 1995 година.
Карактеристично беше и реагирањето на арапските сојузници на САД: од
партнерите во 1991, само Кувајт изнел отворена поддршка на агресивните акции
до втората војна; преостанатите или молчеле, како Египет и Сирија, кои имале
важна улога во "Пустинската бура", некои реагирале, со што се заканувале да
ги отворат уште незалекуваните рани кои Заливската војна ги направи во
чувствата на Арапите. САД, секако, сериозно би морале да ги загрижат
предупредувањата од страна на Палестинците дека со ова ќе бидат осоколени
исламските фундаменталисти и нивните терористи...
Пентагон и ЦИА, само што ја започнаа новата хорор приказна, по
разорувањето на Багдад и ликвидацијата на автократско-криминалниот режим на
Садам Хусеин, кого токму тие и го донесоа на чело на Ирак, по организираниот
атентат врз Касем, просоветски експонент...
Додворувајќи им се на ирачките шиити, со цел поделба помеѓу ирачките
муслимани, кои ги има околу 60 отсто од населението на Ирак и кои со години
биле подложени на репресија од режимот на Садам и БААС партијата, Америте ги
туркаат во пополнувањето на вакумот на власта. Шиитите, денес како втора
водечка сила во Ирак, по американските сили, се спротивставуваат на
странската интервенција и немаат доверба во САД, ниту во нивните шпиони, кои
ги носат на власт "како опозициони кадри од егзил".
ШИИТИ И СУНИТИ
Со создавањето на Ирак, во кој ќе доминираат Шиитите, не значи дека во
таа земја ќе биде воспоставена теократија како онаа во Иран, чие мнозинско
население е исто така шиитско, проценува "Асошиетед прес". Интересен е
податокот дека шиитите ги има само 15 отсто, од вкупната муслиманска
популација во светот која брои преку милијарда луѓе, но претставуваат
мнозинско население во Иран и Ирак. Муслиманите се поделиле, набргу по
смртта на основачот на исламот, пророкот Мухамед во 632 година, на шиити и
сунити. Сунитите се следбеници на Абу Бакр, истакнат современик на Мухамед,
додека помала група на верници "Ши'ат Али" (партијата на Али) се определила
за зетот на пророкот - Алија. Меѓусебното ривалство помеѓу двете групи
повремено, во минатото прераснувало во насилство и оставило длабоки траги во
развојот на исламот... сепак, ако ирачките шиити бидат доведени во врска со
иранскиот верски фундаментализам, тоа би можело да претставува сериозна
препрека на нивниот пат кон власта на окупаторските сили на САД. Проценките
говорат дека влијанието на Иран врз Ирак, во кое би доминирале сунитите, не
е неизбежно. Ирачките шиити се Арапи, а не Персијанци, како мнозинството
ирански шиити. Тие, исто така, не се побуниле против Садам Хусеин во текот
на Иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година. Дали Иран ќе се обиде да
ја исползува доминацијата на шиитите во Ирак, останува како отворено прашање.
Меѓу ирачките шиити не владее единство, што покажуваат несогласувањата
помеѓу нивните лидери, како што се и убиствата на истакнатите верски
големодостојници Абдула Маџидал Коен кој му се противел на Садам
Хусеин, и Хајдер ал Кадар, кој му бил лојален и омразен кај
поголемиот дел на шиитите. Исто така, постои раскол помеѓу шиитите кои
останале во Ирак и оние кои избегале во Иран во периодот на Хусеиновото
владеење, како и соперништво помеѓу верските центри во Карбал и Наџаф.
Превласта на шиитите во Ирак веројатно ќе предизвика противреакција на
сунитите кои доминирале со земјата од создавањето на независна држава по
Првата светска војна. Сунитите имале одлучувачко влијание во образованието,
војската и економијата, користејќи воена сила за потиснување на ривалите.
Сосема е мала веројатноста дека лесно ќе се одречат од влијанието.
Можеби на таа карта конкретно и играат воено-безбедносните и
политичко-економските стратези на Пентагон, впрегнати во јаремот на мулти и
транснационалните компании кои ги воспоставуваат правилата на новата и
единствената светска империја. Како секогаш досега, нивните проценки
произлегуваат од ладните, бескрвни, нечувствителни и арогантни машини кои
немаат ништо заедничко со чувствата и потребите на луѓето од
Арапско-исламскиот и муслиманскиот свет, кој брои една петтина од вкупното
светско население. Затоа, времето на Американската империја полека истекува...
Неа ќе ја урнат неинвентивни, ретардирано-монголоидни монструми кои ќе
мораат да се вратат во просторите на мракот и вечниот оган... Актуелната
надворешно-политичка активност на естаблишментот на САД работи во интерес на
обединувањето на сите муслимани во светот, врз платформа на радикалниот
ислам. И директно е насочена против внатрешната безбедност на граѓаните на
САД и опстанокот на истата како сојузна држава. Во најскоро време ќе
отпочнат жестоки и крвави сепаратистичко-сецесионистички движења и вооружени
судири на тлото на САД. Зародишот на крајот на Империјата ќе биде во Тексас.
И, нема да има спас за сите антихристи...
ЗЛОСТОРСТВО НА СТОЛЕТИЕТО!
Преку разорените градови на Сирија, железната огнена менаџерија на Буш и
Блер ќе навлезе и во Иран со цел да & зададе удар на исламската револуција и
да го пронајде "тајното оружје за масовно уништување". Ако не успее во тоа,
ќе инсталира некој свој полублесав шпион за шах или премиер, сеедно, и ќе
завладее со изворите на нафтата. Конечно и жртвите од акцијата "Чарлиевите
ангели" ќе бидат одмаздени. Касписката нафта ќе биде на дофат. Јамката на
Руската федерација дефинитивно ќе & биде ставена. А сите инструменти за
слушање и гледање ќе бидат насочени кон главниот град на Северна Кореја -
Пекинг! Јапонците ќе се прават недоветни и ќе ја нудат Окинава на илјада
години, со обврска дека на секој американски војник ќе му приведуваат како
жртва, еднаш месечно, по дузина девојчиња од 10-12 годишна возраст да си ги
лекуваат психо-соматските трауми од големината и аерофобијата што им ја
причинува фактот дека им припаѓаат на САД и оние надлуѓе на оној луд каплар
и молер...
Светските весници и агенции, дури и онаа предвесникот на злото Си Ен Ен,
поточно речено режисерот на светската крвава кланица, ќе мораат да напишат:
На забранетиот арсенал му нема ни трага во Ирак... Пустошењето на една од
колевките на цивилизацијата... Грабеж на столетието... Па оние воини,
излезени од американските и англиските казнено-поправни бастиони, ништо
друго и не знаеле за Ирак, туку дека таму ќе има богат плен за освојувачките
орди. Илјадници уличари од американските и лондонските гета не можеле ниту
да сонуваат дека ќе ги пљачкосуваат експонатите од Мосул и Хатра...
Ограбени и оштетени музеите во Багдад, Тикрит и Мосул, Националната
библиотека и Библиотеката на Куранот се во пепел - сторената штета е "непроценлива"
за културното наследство на Ирак, колевката на цивилизацијата, проценила
Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО). Истовремено,
кустосите и експертите за ирачкото богатство ги обвиниле американските сили
дека извршиле "злосторство на столетието", бидејќи не ги заштитиле од
пљачкосување и разурнување експонатите во музеите и древните археолошки
наоѓалишта. "Она што им се случи на археолошките локалитети и музеи на Ирак
претставува злосторство на векот, бидејќи го засега наследството на
човештвото" - изјавил директорот на Националниот археолошки музеј во Багдад,
Дони Џорџ. Еве сега разбравме дека музејот на применетата уметност, кој се
сметал за еден од најзаштитените, е ограбен, изјавил Макгвајер Гибсон,
директор на американската археолошка мисија во Ирак... Знаеме дека е
уништена збирка на 80.000 глинени плочки испишани со клинесто писмо, чувана
во Археолошкиот музеј во Багдад... На прашањето од американската новинарка
на колкава сума ја проценува штетата, археологот и помошник на генералниот
директор на УНЕСКО Мунир Бушенаки одговорил: "Цената на знаењето на
човештвото не може да се процени". Од тие причини, Ињасио Рамоне, директорот
на "Монд дипломатик" во априлскиот број, кој го издава "Политика" на српски
јазик ќе напише: Незаконска агресија на САД врз Ирак. САД и нивните
англиски сојузници ги прекршиле меѓународните законски прописи, ги фрлиле
под нозете фундаменталните принципи на ОН, се поставиле вон законите и јасно
се понеле како агресори... По ваквиот злостор против мирот меѓународната
заедница се нашла соочена со нечуена состојба. Од основањето на ОН 1945
година никогаш две земји основачки, постојани членки на Советот за
безбедност вака грубо не го прекршиле меѓународното право и во однос на него,
станале она што треба да се нарече со вистинското име - "држави деликвенти".
ДИПЛОМАТСКА ИЗОЛАЦИЈА
Светскиот поредок е нарушен. Не според хиерархијата на моќта. Моќта на
Вашингтон и понатаму е неспорна. Нарушени се политичките вредности.
Протестите на милиони граѓани ширум светот - и во САД и Англија - против
ваквата војна мотивирани се од чувството дека е неморална. Иако без
претерани илузии, секој нормален човек од најмоќната држава на светот
очекува да биде и етичка сила, шампион во почитувањето на правото и пример
за потчинување на законот. Или, барем, да не им свртува отворено грб на
крупните принципи на политичкиот морал.
Но, по атентатот од 11 септември 2001 година, изгледа дека САД, под
претседателство на Џорџ В. Буш, почнале да застапуваат вонредно цинична
концепција на државните причини и националните интереси.
Преземајќи го стариот совет на Макијавели: "Доколку сака да ја сочува
својата моќ, принцот мора да сфати дека треба често да дејствува спротивно
на уверувањата, против милосрдието, против човечността и против религијата".
Господинот Буш и јастребите од неговото опкружување одлучиле да дејствуваат
против законите, против моралот, против човечките права и против
меѓународното законодавство. Сурова реалност е да се најдеш во таква и
толкава дипломатска изолација, како САД и Англија, што претставува сериозна
неволја. По дипломатската катастрофа без преседан, кога американската супер
сила не успеала во Советот за безбедност да ги придобие за своите аргументи
ниту државите кои се многу одамна во нејзината влијателна сфера, како
Мексико, Чиле и Пакистан, Вашингтон наиде на нова и сериозна неволја кога
Турција, нејзиниот стар сојузник, одбила да даде одобрение за премин на
американските трупи преку нејзината територија. Буш поразот го претворил во
"победа" обезбедувајќи поддршка за напад врз Ирак од разнородната "коалиција"
од четириесетина земји, портабл и инстант величини, од кои повеќето
екскомунистички, а меѓу нив Романија, Бугарија, Албанија, Узбекистан и
Туркменистан, едни од најмрачните неототалитарни диктатури во светот... И
додека го напаѓаа омразениот и тирански режим на Садам Хусеин, мора да се
констатира дека Буш и неговото опкружување беа неспособи да се наметнат на
морален план. Нивното потценување на меѓународното право и ароганцијата која
им ја овозможува бруталната сила на воениот апарат предизвикаа најголем бран
на антиамериканизам во светот по војната во Виетнам (1961 - 1975). САД до
денес не понудиле никаков доказ за поврзаноста на Багдад со атентатот од 11
септември 2001 година, ниту едно сознание документирано за производство и
поседување на оружје за масовно уништување.
(Продолжува)