КОМЕНТАР

Сито и Решето

ЗАГУБЕНА ТЕРИТОРИЈА

Од Редакцијата

На прашањето "што сте по професија?" од страна на судијата во Основниот суд 1 - Скопје на судскиот процес за нападот на тетовската кафеана "Дора", сведокот едноставно одговорил: "Албанец бе..." . Звучи како виц, но за жал ова е вистинска случка. Во оваа држава само ако си Албанец можеш да правиш што сакаш, да ги имаш сите човекови права. Освен тоа, можеш да не ги плаќаш сите задолжителни сметки, да освојуваш територии, а никој ништо да не ти може!

"Добредојдовте во неосвоивата тврдина на карадачкиот регион" - транспарент кој неодамна беше поставен во знак на прославата на двегодишнината од прогласувањето слободна територија во Општина Липково, која се одржала во селото Слупчане. По интервенција и убедување на заменик-министерот за внатрешни работи, Фатмир Дехари, транспарентот бил симнат, но дури откако прославата завршила. Сакале ние или не, реалноста говори дека кризните региони не само што остануваат и во иднина кризни, туку и претставуваат загубени територии за македонската држава.

Западен дипломат изјавил за агенцијата "Бета" дека градоначалниците на ДПА во Тетово и во Липково делеле униформи, додека градоначалниците демантираат, а МВР и МО велат дека немаат сознанија за такви активности. Во кризните региони, за жал, не се случува криминал, туку организиран албански геноцид врз Македонците, со крајна цел етничко чистење, создавање чисти етнички територии и воспоставување на нацистичко-фашистичка креација "Илирида" или пак "Голема Албанија", "Големо Косово" и слични варијанти на забеганиот политички ум на албанските екстремисти.

Ефективна власт во кризните региони е измислена работа, целосно отсуствува владеењето на правото и контролата на државата што ги прави граѓаните, пред се Македонците, нееднакви пред законите и ги загрозува нивните основни права и слободи.

ВЕЌЕ ВИДЕНО

Поранешниот припадник на ОНА, Авди Јакупи, алијас "командант Чакала", од името на Здружението на борците на ОНА се закани дека во 2005 година ќе предизвика војна ако не се реализира охридскиот Договор. За да биде иронијата уште поголема, Здружението бара и пензии за поранешните припадници на ОНА. Тој додаде и дека тоа нема да биде војна за поголеми права на Албанците, туку на Криволак ќе се борат за поделба на Македонија. Понатаму тој фрапираше и со изјавата дека тие имаат елитни единици, кои не се под ничија контрола, а оружјето не е проблем.

Тоа е оставено само под услов целосно да се реализира Договорот. Ако Република Македонија згреши како во Гостивар и во други прилики, ние веднаш ќе се собереме и ќе војуваме, понатаму гласеше пораката на Јакупи од Арачиново.

На ваквите провокативни најави, како по обичај, политичарите се прават "на Тошо", а слично е однесувањето на институциите задолжени за мирот и безбедноста во државава.

Таканаречениот командант Чакала може да зборува што сака, но МВР внимателно ги следи активностите што ќе ги преземат тој и другите. МВР ќе реагира веднаш ако тие извршат незаконско дело, изјави портпаролот на МВР, Мирјана Контеска, според која во Македонија безмалку ни цветаат рози, а за реагирањето на МВР добро ни е познато уште од 2001 година.

Само за освежување на помнењето, исти и слични беа провокациите искажани од устата на Али Ахмети пред избувнувањето на војната во 2001 година, а тогашната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, како што самата изјави, беше едноставно незаинтересирана за она што се случува во делот од Групчин, па натака. Тогаш терористот Ахмети го осудуваа и го омаловажуваа сите релевантни македонски политичари, но кога тој го доби мнозинството од албанските гласови на последните парламентарни избори, сите почнаа да го гледаат со други очи. Одеднаш довчерашниот крвопиец, убиец, злосторник и терорист Али Ахмети се препороди во миротворец.

Ахмети е легитимен претставник на граѓаните од албанската заедница по овие избори, и тоа со неспорен легитимитет со огромно мнозинство во споредба со другите политички партии на Албанците. Ние ќе ја респектираме волјата на граѓаните, а од друга страна остануваме и на ставот дека не само за Али Ахмети, туку и за која било друга личност што била директно инволвирана во минатогодишниот конфликт, ќе нема место во извршната власт во Македонија, им изјави на новинарите сегашниот премиер Бранко Црвенковски веднаш по парламентарната победа минатата година.

За волја на вистината, терористите се стокмија удобно не само во фотелјите во Парламентот, туку и во министерски фотелји. Правниот систем, кој инаку тешко функционира во нашава држава, сепак во согласност со најголемиот пораз - Рамковниот договор ги амнестираше злосторниците.

ШТО ГУБИМЕ?!

Никој и никаде во историјата на човештвото не дозволил така лесно некој да им ја "лапне" територијата. Паролата "туѓо не сакаме - свое не даваме" сигурно не важи за Македонците. Без никави обиди ја дадовме западна Македонија, за што ќе не проколнуваат залудно загинатите бранители на Македонија.

Дека Тетово отсекогаш бил македонски град говорат непобитните историски факти. Имено, веднаш по Првата светска војна, со Пописот од 1921 година, Тетово броело 15.119 жители. Од оваа бројка 7.120 жители биле Македонци, 6.432 Турци, а само 1.296 биле Албанци. Но, со Пописот од 1994 година во Тетово живеат 35.801 Македонци и 128.050 Албанци. Албанците со проста репродукција, со неспособноста на нашите политичари кои од ракав им делеа државјанства на Косоварите, успеаја да станат доминантни во западниот дел на Македонија. Она што е најтрагично и што најмногу не загрижува е фактот што овој преубав дел на нашава држава веќе го губиме и тој во скоро време, според албанските фанатици, ќе стане дел од таа нивна "Илирида".

Македонците си се сами гробари на својата историја, култура, вековни огништа и својата чукундедова територија. Кога немаме способни политичари, тогаш подобро да дозволиме еден шизофреник Љубчо и еден фантом Џафери да си играат со нашите судбини преку некакви бетонски ѕидови и поделба на луѓе и територии!


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"