Во пресрет на големиот празник Велигден ВОСКРЕСЕНИЕ НА ЖИВОТОТ НАД СМРТТА Пишува: Драган ЗАФИРОВ
Х ристос Воскресна, Воскресна Спасителот Господ на сите векови за праведни-ците. Вечноста е само награда што само Господ може да ни ја подари и само постот и праведноста ќе го победат злото.Токму на Велигден го славиме нашето спасение. Во него е надежта и духовниот спас за кој самиот Господ животот го даде и беше распнат на Крстот. Само оној кој со солзи го љуби Бога тој може да трепери и да го добие најголемиот епитет на небесниот дом. СВЕТА ЛИТУРГИЈА Токму на Цветници се уште во енигмата на Лазаровото воскресение во Соборниот преобновен манастирски храм "Св. Петар и Павле" се одржа големата свеченост по повод крајот на големиот пост. Токму во него се одржа и последната духовна академија со проповед. Целата церемонија со свечена архиерејска богослужба ја водеа Поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство, г.г Стефан, заедно со Митрополитот европски, г. Горазд. Црквата беше преполна од верници. Учествуваа и ученици облечени во народни носии кои го рецитираа рециталот на љубовта. Протојерејот ставрофор Харалемпие Ангелковски беше одличен оратор со полн сјај на големиот Господов ден. На крајот беше одржана причест со верниците кои постеле. Се одржа и свечената љубовна трпеза на која Поглаварот одржа говор во чест на големината на овој празник во предвечерјето на Христовото Воскресение. СТРАСНА НЕДЕЛА Се наоѓаме на крајот на Страсната седмица. Пред нас е страдањето на Господа и треба да сториме се со постот и молитвите да ја побараме милоста божја. Божјиот човек ќе биде мачен од страна на Евреите, но со силата на Светиот Дух - Богоотецот ќе воскресне. Христос беше погребан, но веќе во раните утрински часови на неделата исчезна од гробот и Ангелот ја соопшти најрадосната вест: "Кого барате, тој веќе не е тука. Тој ја победи смртта и воскресна". Тоа беше Велигден, награда за човекот, за животот и смртта која наполно ја изгуби својата смисла. Во деновите Голем Четврток, Голем Петок и Голема Сабота сите ние го оплакуваме Спасителот, за во неделата на Воскресението да ја пронижеме најголемата радост оти Господ Исус Христос навистина воскресна. Во сите цркви во државава и дијаспората ќе ѕвонат камбаните, а чинот ќе се изврши во Соборниот храм "Св. Климент Охридски". Токму на овој ден, Неделата велигденска, ќе се одржи и една од најголемите архиерејски велигденски богослужби. Христос Воскресна. Навистина Воскресна. Камерен хор "Свети Јован Кукузел" НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА Пишува: Драган ЗАФИРОВ
В о чест на бесмртниот пејач и композитор Св. Јован Куку-зел во Скопје, успешно работи камерниот хор кој го носи неговото име и ја оживотворува неговата музика. Овој епитет кој проникнува од генијалноста, од Бога, е вознес кој ја облагородува душата на секој кој ќе го посети овој храм. Богослужбите се средби со Бога, чествувања со убавината и смирението. "Св. Јован Кукузел" е осмислен во една жива пресветла метафора што ја пренесува токму овој новоформиран камерен хор на Скопската Митрополија.Во овие пресветли Велигденски и светли празници кога го прославуваме Христовото Воскресение, на овој празник на празниците нека воскресне и овој млад камерен состав кој ќе ни ја подари вистинската Божја песна на ангелите, која во нашите македонски храмови ќе го соѕида својот незаборавен Кукузелов Воскрес. Да му посакаме на новиот камерен хор да ја исполни тајната и вечната промисла на Св. Јован Кукузел и најуспешно да ги оствари своите музички проекти и да стане првата искра на ова старо волшебно пеење во нашите цркви. |
|