ве, веќе 20 векови како зрачи
светли-ната од празниот Животоносен Гроб на Господ Исус Христос на Голгота.
Повеќе од 2000 години трае таа нераскинлива врска меѓу човекот и Бога,
владее победоносниот живот над смртта.
Христовото Воскресение не е само настан на минатото, туку празник на
сегашноста и иднината, радосна средба со Христос кој воскресна, средба со
вечно Живиот Бог.
НЕДЕЛА НА ИСКУШЕНИЕ
Во понеделникот (21.04 по нов календар) започна Страсната Недела,
последните денови од големиот пост пред Велигден. Во овој ден Исус ги
протерал трговците од храмот. Во Вторник одржал повеќе беседи, важни за
спасение на човекот. Во Средата, однапред е извршено помазување на Христа со
свето миро (древен обичај кај Евреите). Го помазува една жена во градот
Витанија. Набргу потоа, предавникот Јуда Искариот го предава на
првосвештениците и Синедрионот, за само 30 сребреници. На Велики
Четврток ги повикува своите ученици на последната Тајна Вечера каде
им рекол дека еден од нив ќе го предаде. Тогаш ја востановил и Светата
Причест. Зел леб, го благословил, го прекршил: "Земете, јадете, ова е Моето
тело". Зел чаша со вино, заблагодарил и им рекол: "Пијте од неа сите, зашто
ова е Мојата крв на Новиот завет која се пролива за мнозина, за опростување
на гревовите". Испеале благодарствена песна, заминале во Гетсиманската
Градина, каде Христос со преклонети колена и капки на челото се молел: "Оче,
кога би сакал да Ме одмине оваа чаша! Но, нека не биде Мојата волја, туку
Твојата!".
Одеднаш се појавуваат повеќе луѓе со ножеви, со колови во раце. Напред
оди предавникот Јуда кој Го целива Исуса. Јудиниот бакнеж е знак на
предавство. Јуда со лажен бакнеж го предава Спасителот на светот. На
Велики Петок се случува најстрашното: мачење, распнување, умирање на
Крст. Некои неблагодарни луѓе како да ги заборавија Неговите чуда: слепи
прогледуваа, глуви прослушуваа, хроми проодуваа, мртви воскреснуваа.
Незнабожните луѓе докажаа дека ги сакаат желбите на својата огревовена,
расипана волја и гласно викаа: "Распни Го, распни!". Лажните обвиненија од
беззаконите сведоци: "Исус е безбожник, Исус е бунтовник, Исус е непријател
на законот, Исус себеси лажно се нарече дека е Син Божји, Исус лажно се
нарече дека е цар Израилев, Исус влезе во храмот со народот кој носеше
палмови гранки", донесуваат неправедна пресуда.
"Понтиј Пилат, намесник во Галилеја, судејќи на судскиот престол го
осудил Исуса од Назарет со крсна смрт, да се распне меѓу двајца разбојници".
Оваа пресуда ја потпишуваат сведоците: Данило Робани, Јован Зоробател,
Рафаело Робани и Кипер книжевник. Мермерната плоча со пресудата се чува во
капелата Фон Казариј којашто се наоѓа во италијанската населба Казериј.
Текстот е напишан на еврејски јазик. Римските војници во преторијата го
тепале, удирале по образите, го хулеле, му се потсмевале, му облекле
багреница, му ставиле трнов венец на главата, а потоа
осудениот Христос на смрт, целиот раскрвавен, со тешкиот дрвен Крст на
телото, чекори по патот на Голгота. По него оди многу народ. Во пресрет му
притрчува Мајка Му која ја чувствува сета физичка и душевна болка. Го гледа
во очи, го фаќа за десната рака, го става своето рамо под Крстот, барем за
миг да му помогне. На местото Черепница, сатански слуга со огромен чекан
удира по големите клинци и ги забива во месото на Христа. Го приковува по
рацете и нозете на Крстот. Крвави мајчиното срце чувствувајќи го секој удар
на чеканот.
ПОБЕДА НАД СМРТТА
Христос Го распнале на Крстот помеѓу двајца злосторници.
Околу Него стоела стража. Под Крстот плачеле Мајка Му Богородица и верниот
Христов ученик Св. Јован Богослов. Оддалеку гледале Марија Магдалена и
Марија, мајката на Јаков и Јосиф и мајката на Заведеевите синови и други.
Околу шестиот, па се до деветиот час настанало темнина по целата земја. Исус
извикал "Оче, прости им, оти не знаат што прават". А околу деветтиот час
извикал гласно: "Оче, во Твои раце го предавам Својот Дух!". Земјата се
затресла, карпи паднале, упокоени воскреснале. Набожниот Јосиф од Ариматеја,
го обвиткал Христа во Плаштаница и го положил во нов Гроб, издлабен во карпа,
а во присуство на Марија Магдалена и Марија Јосифова. Во Недела наутро
жените мироносици доаѓаат на Гробот Христов и Ангелот ги известува дека
Христос Воскресна!
Господарот на Животот Воскресна од мртвите во
третиот ден, а со тоа Го Воскресна и целиот свет. Голгота, преку
распнувањето и издигнувањето на Христа на Крстот, преку Неговата победа над
смртта, преку Неговото Воскресение, постана патоказ кон еден нов свет "кон
нова земја и кон ново небо".
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд