о рамките на годинешниот Саем на
книгата беше промовирано и списанието за трајни вредности "Книжевна
академија", кое излегува под покровителство на Фондацијата "Македонија
презент" и Издавачката куќа "Феникс" од Скопје, чиј директор е Христо
Петрески.
Во првиот број "Книжевна академија" ги промовира Автопоетики или:
Заднината на успехот, Книжевни откритија, Лауреати, Творечка лабораторија и
Високи коти. Во Автопоетика застапени се во прв ред Пауло Куелјо, Итало
Калвино, Чеслав Милош и Милан Кундера.
М-р Виолета Мартиновска во Книжевни откритија елаборира за Наум Охридски,
а во овој дел е и творечкиот опус на Серафим Григоров во "Песни". Во
Лауреати читателите може да се запознаат со Петре Бакевски: Сонети и Гоце
Смилевски: Разговор со Спиноза. Александар Алексиев со "Луди од љубов" е во
делот Творечка лабораторија.
Ранко Младеноски, со неговото елаборирање за две песни на Блаже Конески,
е во делот насловен како Високи коти.
ПРОЕКТИ
Фондацијата "Македонија презент" ги повикува читателите на творечки
дијалог за покренување проекти кои ќе бидат реализирани во рамките на
списанието "Книжевна академија", но и како самостојни проекти на "Книжевната
академија" и Фондацијата "Македонија презент".
Изборот на проектите треба да ја одразува авторската слобода во потрага
по традицијата и континуитетот, нивниот одраз во современите текови и
дострели во земјава и светот.
"Напишав книга за умоболницата" му реков на својот 85-годишен татко. "Тоа
е измислено дело, но во него има неколку страници во кои говорам за самиот
себеси. Тоа значи дека ќе бидат објавени работи од времето кое го поминав во
умоболниците". Татко ми ме погледна во очи и ми одговори: "Дали си сигурен
дека тоа на кој било начин нема да ти наштети?". "Да, сосема сум сигурен". "Тогаш
продолжи. Уморен сум од тајни", пишува бразилскиот автор Пауло Куелјо во
"Опасно е да се биде различен, ужасно е да се биде ист". Овој дел, впрочем,
е извадок од писмото кое Куелјо го има испратено до Редакцијата на "Sundey
Telegraf Review", а станува збор за неговиот роман "Вероника одлучи да умре"
објавен во Бразил во август 1998 година. Некои теми спомнати во книгата -
депресија, напади на паника, самоубиство - беа тема на расправа и на
семинари кои биле на национално ниво, додека во бразилскиот Конгрес десетина
години се обидуваат да го изгласаат законот што забранува самоволно
упатување во умоболниците при што на сенаторите им биле читани фрагменти од
книгата на Куелјо.
ПЕСНИ
Серафим Глигоров (29 март 1910, Стара Загора - 6 август 1932, Стара
Загора) именуван како "поет со ангелско име" е син на откорнатикот Григор
Гинев - Ѓурковски од село Росоки, Дебарско. На животот му се радувал само
дваесет и две години кога "го зела" туберкулозата. Како ученик во Трговската
гимназија ги напишал и ги објавил своите први стихови во 1927 година. Бил
член и секретар на Македонската организација "Гоце Делчев" (1926), а во 1929
година го покренал и уредувал ученичкото списание "Начало". Дошол во Софија
да студира, но наскоро болеста го вратила во родниот град. Песни, раскази и
книжевни критики објавувал во: "Ехо", "Глобус", "Родина" и друго.
Поет свртен кон сопствените внатрешни доживувања и бездни, поет на
тивката тага, но и грижник на судбината и иднината на татковината Македонија,
пишува Васил Тоциновски во белешката за авторот.