-р Душко Алексовски, основачот и
првиот претседател на Светската академија за карпеста уметност неодамна од
страна на еден новинар од "Сведок" беше обвинет дека тој нема ниту докторат,
ниту нострификација на докторатот. Со овој напис новинарот директно врши
атак врз личноста и делото на д-р Алексовски и очајнички се обидува да ги
негира сите досегашни успеси кои тој во текот на неговата работа ги има
докажано.
Но, и покрај овој обвинувачки текст, постојат и бројни други написи во
кои се покажуваат интелектуалните вредности на д-р Алексовски. Тој многупати
ги има приложено дипломите кои докажуваат дека легално докторирал во
Франција и легално ја нострифицира својата докторска диплома на
Универзитетот во Белград, заведена под број 373/2 од 6 мај 1982 година.
ДОКАЗИ
Тоа беше уште еден неуспешен очајнички напад врз моето гигантско дело
како што забележа еден ваш читател во претходниот број, вели д-р Душко
Алексовски. Но, како што рекол народот - пред фактите и боговите се
поклонуваат. Еве, ви ги предавам заверените фотокопии од оригиналот од кој
се гледа дека сум одбранил докторска дисертација во Франција. Исто така, ви
ја предавам на објавување нострификацијата од Универзитетот во Белград,
потпишана од проф. д-р Јован Деретиќ, декан, уште од пред повеќе од 20
години. А, ако можеше да се измами француски Универзитет и да се добие лесно
докторска диплома, тогаш сите ќе одеа во Франција и ќе се враќаа со
докторски дипломи. Вам, како на реален неделник, содржински богат и доближен
до душата на секој чесен Македонец, ви ги доставувам на увид и двата индекса.
Од стариот индекс се гледа дека сум ги положил и латинскиот јазик и
македонскиот јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Во новиот индекс тие
испити се превземени и до потписите на професорите стои с.р. што значи дека
тие ги ставиле своите потписи под оценките во стариот индекс.
Исто така, новинарот понатаму објави дека докторатот на д-р Алексовски не
бил ниту магистратура во Македонија, на што д-р Алексовски вели дека доколку
тоа навистина беше така, нострификационата комисија составена од тројца
универзитетски професори немаше да му ја нострифицира докторската теза. За
тоа одлучиле стручни и компетентни луѓе.
НАПАДИ
За обвинувањето дека д-р Алексовски е некомпетентен за истражување на
карпестата уметност, тој вели дека за таа некомпетентност светот го прогласи
за еден од 2.000-те најпознати лица за 20 век, најдобар предавач говорник и
му врачи вкупно 15 медали, од кои 4 златни.
Читателите нека судат дали сум компетентен или не. Дали светот на
некомпетентен му додели мандат да формира Светска академија за карпеста
уметност?, објаснува д-р Алексовски.
Следните обвинувања беа во насока дека Центарот за карпеста уметност бил
имагинција.
За оние на кои им пречат резултатите на Центарот, очекувам и мене да ме
прогласат за имагинарен, вели д-р Алексовски. За нивна жал, Центарот
го организира Светскиот конгрес за карпеста уметност. Тој имагинарен Центар
во 1995 година е прогласен за Светски лидер на полето на карпестата уметност.
Американската Влада ги изгради патеките кои водат до најзначајните карпести
гравири. Самите читатели и посетители на локалитетите за карпеста уметност
нека заклучат.
Минатата година кога се одржуваше Светскиот конгрес за карпеста уметност
и кога се одеше на терен со учесниците на Конгресот, никој од тие личности
кои го обвинуваат д-р Алексовски не беа присутни. Токму тука е и одговорот
на прашањето дали обвинувањата се реални или не.
Тие се сокрија од очите на светската научна елита, а сега раскажуваат
имагинарни приказни, на кои и самите не им веруваат, додава д-р
Алексовски. Целта на ваквите бестијални напади е очигледна. Со сила нешто
да се направи контроверзно. За среќа, се што се прави со сила излегува
нездраво и килаво. Секако, овие напади се одразуваат врз мојата работа.
Морам да бидам искрен. Доколку не беа жестоките напади врз мене, и
резултатите ќе изостанеа. Тие напади го хранеа мојот елан, мојата желба да
вложам максимум од себе во завршувањето на најголемиот проект на сите
времиња во интерес на светот и Македонија.
Можеби нападите ќе продолжат и понатаму затоа што д-р Алексовски најави и
одбрана на втората негова докторска теза. Ова секако ќе предизвика љубомора
кај многумина негови ривали кои нема да бираат средства за да го негираат
неговиот труд и воопшто неговата работа.