|
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
На 23-от Меѓународен маратон во Ротердам, Холандија, единствениот
македонски маратонец Живко Атанасов го доби четвртиот медал
ТРЧАМ ЗА МАКЕДОНИЈА
Пишува: Гоце ДУРТАНОВСКИ
- Атанасов се уште е рекордер од холандскиот град Зутермер (Зоетермеер).
Ова му е четврт медал и диплома доделена од градоначалникот на Ротердам за
неговите спортски достигнувања.
- Живко Атанасов е роден пред 33 години во Радовиш и познат е како
поранешен кошаркар во клубовите "МЗТ Скопје" и "Работнички", а има освоено
неколку медали, признанија и дипломи.
Н еодамна во холандскиот град
Ротердам се одржа традиционалниот 23-ти Меѓународен маратон со илјадници
учесници меѓу кои и Македонецот Живко Атанасов.
Познатиот меѓународен маратон во Ротердам е во должина од 42 км и 95
метри кој Атанасов го претрча за 4 часа, 19 минути и 09 секунди и со тоа го
освои 4.276 место во вкупна конкуренција, подобрувајќи ја својата позиција
од минатогодишниот маратон кога беше на 5.952 место. Атанасов, како што е
познато, дебитираше на маратонот во Ротердам во јануари 2000 година со
резултат од 4 часа 29 минути и 7 секунди, а минатата година зеде учество на
истиот на 22 април 2001 година претрчувајќи го маратонот за 4 часа 28
минути и 16 секунди. Се уште е рекордер од холандскиот град Зутермер ( Zoetermeer).
Ова му е четврт медал и диплома доделена од градоначалникот на Ротердам за
неговите спортски достигнувања.
Инаку, Атанасов и оваа година ги носеше боите на Македонија:
црвено-жолтиот дрес на главниот спонзор Products of Macedonia со кои ја
претставуваше Македонската заедница во Холандија.
За потсетување, Живко Атанасов е роден пред 33 години во Радовиш и познат
е како поранешен кошаркар во клубовите "МЗТ Скопје" и "Работнички", а има
освоено неколку медали, признанија и дипломи на спортското небо, кај нас и
во Холандија.
Сите се надеваме дека нашиот маратонец Атанасов ќе можеме да го видиме и
на претстојните маратони во Њујорк, Торонто или Лондон, и му посакуваме
многу успех и таму.
|