Војниците на АРМ - мировници во Кувајт

Војниците на АРМ како мировници во Кувајт и во Ирак ќе заминат по 30 дена. Државниот секретар на МО, Љубомир Поповски, истакна дека 39-те припадници на АРМ во Ирак ќе заминат во период кога таму многу работи ќе бидат поинакви, а мисијата ќе стане оперативна.

Костов ја предупреди Димовска

Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, упати писмо до Агенцијата за разузнување при што ја предупреди директорката Доста Димовска дека прикривала информации за озлогласениот Земунски клан.

Ново грабнување во Куманово

Момче на возраст од петнаесет години од Куманово, додека одело на училиште, минатата недела било киднапирано од засега непознати сторители. Киднаперите побарале откуп од 250.000 евра кој родителите требало да го исплатат за три дена. За случајот била известено и МВР.

ДПА прогласи мораториум

Партијата на Џафери го замрзна дејствувањето во државните институции, додека спикерот Никола Поповски ја повика ДПА да не го бојкотира Собранието, потенцирајќи дека парламентарците ќе продолжат да работат и покрај нивното отсуство. Лидерот на ДПА и неговиот потпретседател Мендух Тачи поднесоа неотповикливи оставки на функциите кои не им беа прифатени, а протекторатот го побараа оти "Охридскиот Рамковен договор е мртов и затоа треба да се свртиме кон изградба на една етничка држава, оти Македонија не може да се гради како мултиетничка".

Македонија под уставното име

Како што дознаваме, угледното СИЦГ списание "Review of International Affairs, Vol.LIII, no. 1108, Oct-Dec 2002" објавило статија на експертот по мегународното право, д-р Игор Јанев, за постапката за воспоставување наше уставно име во Обединетите нации. Во трудот детално се објаснува кршењето на правните документи на ООН и правна постапка за воспоставување наше уставно име во Обединетите нации. По објавување свој труд во угледното "Американско Списание за меѓународното право" (АЈИЛ), 1999 година, во кој се докажува пречекорувањето на овластувањата при приемот на РМ во ОН (од страна на ОН) и трудот објавен во европското списание "Перцепции" - списание за меѓунарони односи (ПЈИА), во кој се објаснува постапката за воспоставување на нашето уставно име во ООН, овој труд претставува потврда на ставовите искажани во овие два труда на д-р Игор Јанев.

Телекомот најави поскапувања во мај

Телефонските услуги се очекува да поскапат во текот на мај, а на тоа реагираа потрошувачите кои предлагаат цената на импулсот да остане иста, а да се зголеми времетраењето. Телеком го промовираше Контакт центарот на кој можат да се обраќаат граѓаните за проблемите во врска со телефонијата на бројот 971. Акционерското собрание на Телекомот едногласно ги усвои одлуките за консолидираните финансиски извештаи како и дивидендата која Компанијата треба да ја плати на акционерите за 2002 година.Вкупниот износ на дивидентата ќе изнесува 2,4 милијарди денари, а нејзини корисници ќе бидат Владата на Република Македонија со 47,12 отсто "Стонбриџ комуникации" а.д. со 51 отсто и IFC со 1,88 отсто.

Албанци во "Македонска пошта"

Договорот со "Канадски пошти" ќе претрпи ревизија така што Канаѓаните освен што треба да вложат најмалку 38 милиони евра, треба да го зголеми сегашниот број на вработени од околу 2.000 лица. Во согласност со уставните измени и охридскиот Договор, Канаѓаните ќе вработуваат Албанци за да се обезбеди адекватна и правична застапеност на националностите.

Нов македонски лек

"Лек" - Скопје го промовираше најновиот лек наречен "Корнам". Предноста на овој лек е во тоа што тој има двојна корист. Дејствува врз намалување на крвниот систем и лекување на најголемиот уролошки проблем на машката популација бенигна хиперплазија на простатата.

Министерот Јанев ја крие вистината за Велес

На денот на планетата Земја, членовите на Еколошкото друштво "Бреза" апелираа за вклучување на алармот наречен еколошка свест, додека "Грин пауер" го обвинија министерот за екологија за недоследност на ветеното.

Сквернавење на Милениумскиот крст

Манифестацијата "По патеките Христови", која требаше да се одржи денеска, е откажана, бидејќи местото што треба да ја претставува црквата е крајно запуштено и претворено во јавен клозет.

"МАКТЕОН 2003" за Делчев

На 4 мај 2003 година по повод јубилејот 100 години од загинувањето на херојот на Илинденската епопеја Гоце Делчев, во Кочани на пет км. од градот во падините на Осоговските Планини, во прекрасниот амбиент над браната "Градче", ќе се одржи целодневен традиционален собор со присуство на наши познати културно-уметнички дејци и гости од градови на Македонија и дијаспората.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"