ожјите дела и чуда се необични и
неискажви. Едно од најголемите чуда кое го направил Господ Исус Христос на
земјата е воскресението на умрениот Св. Лазар. Христос, во времето кога
Лазар умрел, се наоѓал далеку од Ерусалим. Стигнал во градот Витанија четири
дена по неговата смрт. Лазаревите сестри, Марта и Марија, како и роднините и
пријателите, го оплакувале. Исус тргнува кон Лазаревиот гроб и Самиот
почнува да плаче. Тој плаче заради "триумфот на смртта во светот, смртта
која Бог не ја создал, а која загосподарила и господари со светот, труејќи
го целокупниот живот и претворајќи го во бесмислено сменување на деновите,
кои неумоливо уриваат во пропаст". Им наредува на присутните да го оттргнат
каменот од гробот. Христос слегува до Лазаревиот гроб. Смело застанува пред
смртта. Лице во лице, со омраза еден кон друг, се гледааат Животот (Бог) и
смртта. Исус чувствува дека ќе ја победи смртта, зашто Бог не создал да
имаме вечен живот. Со висок глас извикува: "Лазаре, излези надвор!". Со тие
зборови Тој заповеда. Тоа е заповед со која ја предизвикува смртта, &
објавува војна на смртта. Умрениот Лазар станува. Христос го воскресна
Лазара од мртвите.
Какво чудо на неизмерна вера и љубов кои триумфираат над смртта. Смртта е
победена. Христос стана уште пославен .
ОПШТО ВОСКРЕСЕНИЕ
Денот кога се празнува Лазаревото воскресение е Сабота пред Цветници и се
вика Лазарева Сабота. "Христе Боже, за да не увериш во општото
воскресение, пред Твоите страдања, Го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и
ние, носејќи како децата знаци на победата, Ти викаме Тебе, Победителе на
смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!" (тропар-химна).
Господ Исус Христос го воскреснува умрениот Лазар
Гласот за воскресението на Лазар се пренесе во Светиот град Ерусалим.
Следниот ден Исус Христос влегува во Ерусалим. Но, овој пат не како непознат
странец. По него одат многу луѓе од Витанија да посведочат за вистината. Во
Ерусалим е пречекан најсвечено. Седнат на ослето, скромно и мирно, влегува
во градот. Луѓето трчаат, Го опкружуваат од сите страни, сакаат што
поодблизу да го видат Месијата. Ги постилаат своите облеки пред Него. Луѓето
и децата Го пречекуваат со палмови гранчиња во рацете. Го поздравуваат со
древниот поздрав со кој Евреите се обраќале само кон царот: "Осана...
Благословен е Кој иде во името Господово! Осана на висините!" (Осана = спаси
не). Тоа значи дека Христос (иако тоа се случило пред околу 2000 години),
сепак бил Цар, Христос царувал и бил признаен од страна на народот како Цар!
"Тој го проповедал Царството Божјо, ги учел за тоа Царство, за Своето идно
царување". Затоа, секоја година со радост се сеќаваме на тој необичен настан
и чувствуваме како и ние да се наоѓаме на улиците на Ерусалим и го чекаме
Христос Бог, Го гледаме среќни и го поздравуваме со вечниот поздрав "Осана".
СПАСЕНИЕ НА СВЕТОТ
На тој радосен ден, на празникот Цветници, Тој го открива Своето
Царство и на земјата, на луѓето. Ги повикува нив, а со нив се разбира и сите
луѓе од целиот свет, да постанат учесници на тоа Царство.
Со векови и денес го славиме празникот Цветници во Христовата Црква и
повторно одекнува тоа истото Царско "Осана". Зошто? Затоа што не исчезнало
од земјата Царството Христово "кое така светло и топло болснало во тој ден
во Ерусалим".
Свечено влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим
- Цветници
Но, злобните еврејски старешини страдале што бил свечено пречекан и
станувал се пославен. Се состанале со книжниците, садукеите и свештениците и
конечно решиле да го осудат на најтешка смрт, со распнување на Крст, Синот
Божји. Христос, по свеченото влегување во Ерусалим, тргнува доброволно на
страдање и распнување на Крст, заради спасение на светот. Во третиот ден по
распнувањето, Христос Воскреснува.
Празникот Цветници се прославува уште од најраните христијански времиња,
секогаш, една недела пред Велигден. Свеченото Господово влегување во
Ерусалим се нарекува празник Цветници. Оваа година се одбележува на 20.04. -
по нов календар.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд