ИСТОРИЈА

Чествување за еден наш белег во германското културно наследство

МАКЕДОНСКАТА ПРИНЦЕЗА ТЕОФАНИЈА

Пишува: Гоце ДУРТАНОСКИ

  • Заедничка делегација ја посети црквата "Свети Пантелејмон" ("Ст. Панталеон") во Келн каде положи венец од свежо цвеќе на гробот на македонската принцеза Теофанија (Тхеопхану).
  • Многубројни ктиторства на цркви, манастири, катедрали и библиотеки потекнуваат токму од Теофанија и нејзиното владеење: катедралата во германскиот град Хилдесхајм (Хилдесхеим) е изградена во типичен македонски стил.

Неодамна во Келн делегација на Македонската заедница во Холандија предводена од претседателот, господин Џон Тодоровски, оствари прва работна посета на Сојузна Република Германија, при што се сретна со претставникот на Македонската заедница за Средна Германија, господин Зоран Ѓорѓиев од Дизелдорф, со лидерот на политичката партија "Народна волја", господин Никола Стојанов од Дортмунд, со претседателот на светската организација "Македонски лавови", господин Ристо Поповски од Дизелдорф, претседателот на МПЦО "Свети Димитриј", господин Димко Пржевски од Хирт, претседателот на Светскиот македонски младински конгрес, господин Гоце Дуртаноски, претседателот на Македонскиот младински конгрес за Европа, господин Горан Пржевски и госпоќа Костадинка Коца - Ѓорѓевска, претставник од Германско-македонското друштво на пријателство од Есен.

Македонската делегација во црквата "Св. Пантелејмон"

Цвеќе на гробот на Теофанија

По средбата, заедничка делегација ја посети црквата "Свети Пантелејмон" ("Ст. Панталеон") во Келн каде положи венец од свежо цвеќе на гробот на македонската принцеза Теофанија (Theophanu) од Второто Римско Царство (познато уште како византиско), подоцна сопруга на германскиот император Ото Втори.

На средбата реферат за Теофанија прочита господинот Херман Зајденберг, кој иако е Германец, сепак се обидува да зборува македонски, а воедно е и обожавател на нашата народна македонска песна.

МАКЕДОНСКА УБАВИЦА

Принцезата Теофанија без сомневање беше од македонска крв. Потекнува од македонското семјество кое владеше со Источно-Римското македонско царство (т.н. Византија) кое меѓу 867 и 1056 година по Христовото раѓање ја разви најголемата моќ во своите територијални простори. Научно е потврдено дека беше внука на Васил Први и Јован Први Цимски. Теофанија подоцна (по бракот) владееше со тогашната германска Империја која ја сочинуваа западна и средна Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Австрија, Боемија (Чешка), Западна Франција, Швајцарија и половина од Италија. Кога во 972 година се круниса во венчавката со германскиот император Ото II, никој не предвидувал дека таква значајна македонско-христијанска култура ќе се развие над германската Империја. Многубројни ктиторства на цркви, манастири, катедрали и библиотеки потекнуваат токму од Теофанија и нејзиното владеење: катедралата во германскиот град Хилдесхајм (Hildesheim) е изградена во типичен македонски стил.

Гробот на Теофанија

Господинот Херман Зајденберг

Тогашниот епископ, кој бил уметник, по наредба на Теофанија ја направил од бронза познатата црковна врата во Хилдесхајм со познати мотиви - слики од Библијата. Истиот епископ во име на Теофанија собираше културни свидетелства на разни етнички групи од целата германска Империја. Сето тоа е наведено во една хроника која денес може да се пронајде во библиотеката на градот Волфсбутел (Wolfsbьttel), исто така основан од Теофанија. Црквата "Свети Пантелејмон" ("Ст. Панталеон") во градот Келн, е изградена од епископот Бруно (брат на нејзиниот сопруг) и Теофанија, каде таа ги покажува своите квалитети на одличен архитект. Двајцата - Бруно и Теофанија - се погребени во таа црква. Самата црква го има типичиот македонски стил на изградба од црвени и бели камења, орнаменти кои се идентични со црквата "Свети Пантелејмон" во (близина на) Скопје. Теофанија беше основач и на градот Есен (Essen) на кој таа му подари двајца патрони - Кузман и Дамјан, македонски доктори и маченици за христијанската религија.

НАСЛЕДНИЦИ

Покрај нејзиниот син, познатиот император Ото III, Теофанија имаше уште и три ќерки - Аделаида, Софија и Матилда. Матилда имала 12 ќерки, а најмладата од нив го носела името Теофанија исто така. Таа беше основач на прифатилиштето Верден (Werden) и негова прва игуменија. Од неа е изградена црквата со името "Лузиус" (Luziuskirche) која според стилот изгледа исто како македонски замок - дворец.

Во денешните западни - енциклопедии Теофанија се вика "Theophanu", Васил го викаат како Basilios, Јован Цимски како Johannes Tsemikis. Тоа покажува дека западниви елаборатори без подлабока подлога на познавање на историските факти стануваат помагачи на Атињаните во поглед на спорот за наследството од антиката и средниот век. Меѓутоа, ние знаеме дека Теофанија беше Македонка.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"