Детали за Солунскиот манифест
Деновиве од печат излезе книгата "Солунскиот Манифест од 1984 година и
Движењето за човекови права во дијаспората" од авторот Јанко Томов од
Австралија. Во неа се изнесуваат детали за Солунскиот манифест што се појави
во 1984 година и чија содржина ја објавија повеќе медиуми во поранешна
Југославија. Во овој Манифест (тогаш објавен илегално во егејскиот дел на
Македонија) Македонците ги побараа своите национални и човекови права од
Грција и ја известија светската јавност за својата положба што крена гоема "врева".
Денес, авторот нуди вредни податоци во врска со Манифестот и неговите автори,
затоа што и самиот активно учествувал во Македонското национално движење во
дијаспората. Книгата нуди податоци и за формирањето и работата на Движењето
за македонски човекови права кое беше мошне активно во осумдесеттите и
деведесеттите години на 20 век.
Македонија и должи земја на Албанија?
Во најновото сопштение на таканаречената АНА објавено на нејзината
интернет страница се вели дека "дојде време да им бидат вратени на Албанците
2.500 хектари земјиште на етничката Албанија кои геноцидната власт на Србија
& ги подарила на вештачката власт на Македонија".
"Релевантниот меѓународен фактор треба да го слуша гласот на разумот дека
Албанците во нивните вековни етнички огништа се решителни и подготвени за
жртвување за повторно соединување на албанскиот народ", се вели понатаму на
веб страницата на т.н. АНА.
Во Грција со фалсификувани пасоши
На македонско-грчката граница, двајца албански државјани и еден патник од
Косово се откриени со фалсификувани бугарски и хрватски пасоши. Полицијата
во Гевгелија потврдува дека обидите на одделни странски државјани главно од
Албанија и од Косово, со фалсификувани патни исправи да ја минат границата
стануваат се почести.
Мито од бугарски државјани
Двајца сообраќајни полицајци од СВР Куманово се осомничени дека побарале
мито при вршење на своите работни задачи на регионалниот пат Куманово -
Крива Паланка. Тие запреле патничко возило со бугарски регистерски таблички
во кои имало бугарски државјани и откако констатирале прекршок, побарале
пари за да не прават записник.
Атински самит на "бакнежи и шминка"
Шефовите сите 15 земји-членки на ЕУ беа сведоци на потпишувањето на
договорите за прием на десетте нови членки на ЕУ во 2004 година во Атина,
Грција. На Собирот за прв пат по започнувањето на војната во Ирак,
британскиот премиер Тони Блер се сретна со францускиот претседател Жак Ширак.
Како што предвидуваше претседателот на грчката Фондација за одбранбена и
надворешна политика, Теодорос Колумис, Самитот наликуваше на "бакнежи и
шминка".
Српска истрага за "Лавовите"
Потпретседателот на Владата на Србија, Небојша Човиќ, за медиумите изјави
дека со истрагата треба да се открие и тоа кој ги обучуваше "Лавовите" во
Македонија. Со заедничката истрага на Србија и Македонија треба да се
обелоденат и низа други прашања кои јасно треба да се отворат и да се
разрешат.
Српски вонредни парламентарни избори
Според српскиот премиер Зоран Живковиќ, во Србија се можни вонредни
парламентарни избори ако опозицијата успее да ја убеди власта дека тие се
неопходни. Истовремено Премиерот потврдил дека тие вонредни избори во
моментов не се добро решение за Србија, бидејќи би ги запреле реформите и
борбата против организираниот криминал.
Средношколска релација Солун - Скопје
Гимназијата "Раде Јовчевски - Корчагин" од Скопје и Политехничката
гимназија "4. Обединети лицеј" од Солун потпишале договор за соработка меѓу
двете училишта. Соработката ќе биде продолжена и со училишта од Белград,
Истанбул, Софија и Тирана.
Поглед кон бугарската драма
Во списанието за уметност "СУМ" е објавен поглед кон најновата бугарска
драма на Камелија Николова. Во него се сместени и драмски текстови од повеќе
автори.
Тоше најдобар на "Беовизија"
Македонската мегаѕвезда Тоше Проески извојува уште една победа. Овој пат
ја доби првата награда на првиот евровизиски Фестивал "Беовизија" во Белград
за песната "Чија си" чии автори се Леонтина и Жељко Јоксимовиќ.
Велигденски богослужби во Синделфинген
МПЦО "Пресвета Богородица" од Синделфинген, Германија,
приредува Велигденски богослужби:
25.04. 2003 година - Служба за Голем Петок со почеток
во 20,00 часот;
26.04. 2003 година - Служба за Голема Сабота со почеток
во 23,00 часот;
27.04. 2003 година - Служба за Воскресение Христово со
почеток во 15,00 часот.
Сите Богослужби ќе се одржат во црквата на Ханс-Тхома-Платз 1 во
Синделфинген. За подетални информации заинтересираните може да се обратат на
тел: 07031/237452 од 19,30 часот.
|