акедонија веќе одамна чека да
и се отворат вратите за влез во Европската унија и НАТО - Алијансата. Разните
емисари кои пропатуваа во оваа држава, многу пати досега не потчукнуваа по
рамо и ни даваа лажна надеж дека Македонија е блиску до овие структури. Тие
постојано ни велеа дека Македонија го има изодено патот за евроатлантските
структури, но секогаш вратите ни ги затвораа пред нос и ни ветуваа дека тоа
ќе се случи наредниот пат кога ќе има проширување. Кога навистина тоа ќе се
случи?
На неодамнешниот Самит на земјите на југоисточна Европа, одржан во
Белград, претседателот на Европската комисија, Романо Проди, им порача на
лидерите на овие земји - ако сакаат да станат членки на ЕУ, тогаш да работат
без никакво "дали", без никакво "но".
СЕМЕЈСТВО
Македонија многу пати досега посакала да стане член на европското
семејство и досега сите свои сили ги насочувала во овој правец. Неодамна на
нејзина територија европските сили го развиорија европското знаме со што
беше означен почетокот на првата воена мисија на европските сили, наречена "Конкордија".
За Црвенковски мисијата ќе биде целосно успешна, иако таа е прва за
Европската унија, а последна за Македонија, ако на крај се соопшти дека
кризата во земјава е надмината и дека повеќе не & е потребно меѓународно
воено присуство.
Колку западните емисари се искрени во намерите да ни
помогнат на патот кон Европа Црвенковски - Солана
Да се надеваме дека навистина ќе биде така, бидејќи и високиот
претставник за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, и
генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, потенцираа дека Унијата и НАТО
ќе продолжат да работат заедно и дека ќе & помогнат на Македонија да ги
надмине пречките за влез во евроатлантските интеграции.
Многу држави и понудија помош на Македонија да влезе во интеграционите
процеси. Но, барем засега, таа помош не вроди со никаков плод.
Неодамна таква помош понуди и Словенија, која за нас е пример за
достижноста на евроатлантските интеграции и е дополнителна инспирација за
Македонија да продолжи по тој пат. Таа е на прагот на ЕУ и НАТО и, барем
како што објаснува нејзиниот претседател Јанез Дрновшек, посакува и
Македонија да ги оствари своите евроатлантски аспирации. Дрновшек по првата
официјална посета на Македонија даде ветување дека Словенија ќе & понуди на
нашата држава стручна и техничка помош за реформите за остварување на
аспирациите за зачленување во Европската унија. Помошта нема да биде само
реторичка, туку конкретна за користење на сите словенечки искуства во
процесот на евроатлантско интегрирање.
"
Не можам да настапам како
учесник заведен од непозната земја",
вицепремиерката Радмила Шекеринска
Балканските лидери неодамна на тркалезната маса за трансатлантски
интеграции во Атина, ја повикаа Европската унија да покаже политичка волја
на јунскиот самит во Солун и да преземе конкретни чекори во поглед на
интегрирањето на нивните земји во ЕУ. Кандидатите за членство, пред се
Албанија, Хрватска и Македонија, очекуваат политичарите од ЕУ да бидат
подготвени заедно да чекорат по трнливиот пат што им претстои. Црвенковски,
кој учествуваше на меѓународниот форум за трансатлантски интеграции во Атина,
изјави дека грчката Влада подготвила формален предлог за ратификација на
Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Од јунскиот самит во Солун
Црвенковски не очекувал некакво чудо за Македонија, туку сака само да ни
биде дадена шанса. Во Солун, како што потенцира Премиерот, очекуваме да биде
кажана конкретната стратегија како ќе оди проширувањето и со земјите -
аспиранти.
"Ние не бараме тоа да биде во пакет, туку индивидуално да се оцени секоја
земја колку постигнала и колку заслужила да стане членка на ЕУ" вели
Црвенковски.
Но, на неодамнешниот Самит во Белград, во центарот на вниманието беше
изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата, Јоргос Папандреу, дека веќе е
ставена во парламентарна процедура ратификацијата на Спогодбата меѓу
Македонија и ЕУ, иако нема гаранции дека тој потег ќе има позитивен ефект.
Според неофицијалните информации, Грција не можела да си отвори нов проблем
со ЕУ која инсистирала ратификацијата да биде завршена пред Самитот во Солун.
Спорот за името на нашата држава за многумина е главниот проблем за
ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, иако
Солана не мисли оти земјава има проблем со ратификацијата на Спогодбата за
стабилизација и асоцијација со ЕУ поради името. Сигурен сум, потенцира
Солана, дека пред самитот на ЕУ во Солун, Спогодбата ќе биде ратификувана од
сите членки на Унијата.
ИМЕТО
Македонија мака мачи со името. Пред десет години нашата држава беше
примена во Обединетите нации како 181 членка под привремената референца "Бивша
Југословенска Република Македонија". Коментарите за тој настан се движеа во
разни насоки. За едни тоа беше чин од од историско значење, а за други чин
на национално предавство. Иако имаше најави дека таа референца нема да трае
повеќе од два до три месеци, факт е дека неа и ден денес ја употребуваат
западните дипломати. Иако нашата држава целосно ги уреди односите со
меѓународните организации, останува да се реши прашањето со името, спор што
го наметна Грција. Разни емисари не условуваа со разни имиња, а некои дури и
воопшто не употребуваа никакви имиња за нашата држава, туку се служеа со
разни изрази како на пример "вашата земја", "земјата - домаќин" итн.
Меѓутоа, неодамна, премиерите на Грција и на Македонија, во Атина не го
отвориле прашањето за името на нашата земја, зашто двете страни се согласиле
да продолжат разговорите под покровителство на ОН во Њујорк, како и досега.
Црвенковски потенцираше дека имало извесен застој од наша страна, но сега
го имаме преговарачот и следната средба во Њујорк ќе се одржи до крајот на
април или почетокот на мај. Ние навистина го знаеме новиот македонски
преговарач за името на Македонија, но знаејќи го неговото досегашно
политичко искуство, не треба да очекуваме многу.
Кога станува збор за името, за поздравување е потегот на вицепремиерката
Радмила Шекеринска, која го откажала учеството на регионалната работилница
во Солун на тема "Помирување заради иднината", откако дознала дека на
листата на учесници покрај нејзиното име стои само функцијата - вицепремиер,
но не и името на државата од која доаѓа. "Се надевам дека ќе разберете дека
не можам да настапам како учесник заведен од непозната земја", било
објаснувањето на Шекеринска зошто не учествува на таа работилница.
Од друга страна, пак, нашиот Борис, се дрзна да предлага ново име за
државата. Според него, доколку пред името треба да има некаква референца,
тоа би требало да биде Европска Република Македонија, бидејќи Македонија е
дел од Европа. Ваквата изјава Трајковски ја даде во текот на обраќањето пред
пратениците на европскиот Парламент во Стразбург.
АЛИЈАНСА
Сега, вниманието на светската јавност е свртено кон случувањата во Ирак,
а поради тоа и потпишувањето на трилатералната повелба меѓу Македонија,
Албанија и Хрватска и САД беше оставена на страна. Според најновите
информации, потпишувањето на оваа Повелба е договорена за 2 мај во Вашингтон.
На овој чин се очекува Македонија практично да добие политичка и воена помош
за прием во НАТО. Меѓутоа, искуството вели дека не треба многу да очекуваме
од овој настан и да не се радуваме пред време.
Министерот за одбрана Бучковски, отворајќи ја првата билатерална вежба на
македонската и албанската Армија "Соседски зафат 2003" на армискиот полигон
Криволак, потенцира дека Македонија и Албанија ја започнале офанзивата за
влез во НАТО и дека офанзивата ќе трае се додека не стигнеме до крајната цел
- нашето полноправно членство во НАТО. Да се надеваме дека таа офанзива нема
да трае долго.
За албанскиот министер за одбрана, Пандели Мајко, вежбата е доказ оти
двете земји ги надминале "пречките и старите бескорисни менталитети во
билатералните односи" и оти сегашните односи меѓу Македонија и Албанија ги
поттикнуваат мирот, безбедноста и напредокот во регионот. Да се надеваме
дека навистина оваа заедничка вежба на македонските и албанските војници, е
директен одговор на сите екстремисти од регионов, кои најавуваа свои
офанзиви.
На неодамнешниот Самит во Белград, лидерите на земјите од Југоисточна
Европа, потврдија дека имаат усогласени ставови околу борбата против
тероризмот, од каков и да е вид, кој ја загрозува ситуацијата во регионот.
Доказ за тоа е и усвоената Белградска декларација во која било повторено
начелото за суверенитет, територијален интегритет, неповредливост на
границите и мирно решавање на споровите во согласност со меѓународното право.
Но, ситуацијата на теренот не е многу стабилна. Тероризмот и криминалот
се уште се присутни во овој регион.