ПОЛИТИКА

Кој го турка светот во реална, целосна и скорешна катастрофа (7)

МОНСТРУОЗНИТЕ ПЛАНОВИ НА САД

Пишува: Иван БАБАНОВСКИ

  • Во воената база "Бондстил" сместени се 8.500 американски војници. За задоволување на потребите на овие воини, покрај сиот друг луксуз, се наоѓаат и преку 2.000 проститутки или девојки, често малолетни, кои се продадени како бело робје.
  • ВИГ го користи тероризмот како средство за изведување на исламска револуција и за ослободување на Алжир од анти-исламски влијанија. Во нападите против странците настапуваат со цел "ликвидирање на Евреи, христијани и неверници со што би ја исчистиле алжирската земја на исламот".

Во весникот "Ел Ватан" на почетокот од последната година на дваесеттиот век, се соопштува- ат морбидни податоци со кои се полни и разузнувачките студии на ФРС: Муслиманските екстремисти само во 1995 година уништиле во Алжир 1040 државни компании, 2.850 приватни куќи и 156 државни згради. Во насилството кое го зафати Алжир од 1992 година кога властите ги поништиле општите избори на кои воделе радикалните исламисти, до крајот на февруари 2000 година, животот го изгубиле преку 100.000 луѓе, а неколку стотини илјади се ранети и инвалидизирани. Алжир станал град заложник на исламските освојувачи.

Претседателот Абдел-азис Бутефлика најавил широка амнестија за повеќе од 6.000 исламски фундаменталисти по распуштањето на двете умерени бунтовнички фракции. Двете најрадикални групи: "Исламска вооружена група" (ГИА) и "Дава валџихад" (апел и борба) го отфрлиле планот за "Граѓанска слога", всушност содржината на мировниот план, и продолжиле со нападите врз воените и цивилните цели.

Штетите од тероризмот и саботажите во Алжир ги надминуваат 20 милијарди американски долари.

Кој го користи милитантниот екстремен и терористички експониран исламски фундаментализам во Алжир? На кои сили и да погодиме, не им се допаѓаше независната позиција и социјалистичката ориентација на Алжир. Ангажираноста во движењето на неврзаните земји и блискоста со Југославија на Тито, беше непростливиот грев за "творците на субверзија" во САД и на Запад. Значи, тука е и Париз, па логично е што тој ќе ја плати најголемата цена, загрозената безбедност од муслиманскиот фундаментализам и неговите подивени муџахедини. Во нивното создавање Запад потрошил многу пари, многу знаење, многу труд и многу неморал. И му се враќа така како што е нормално. Граѓаните на САД и Европа стануваат заложници и терористички цели на воините кои ги создале и обучиле нивните специјални служби.

АМЕРИКАНСКО ЛУДИЛО

Нешто сосема слично на она пуштање на вирусот на СИДА од американските лаборатории на субверзивните тајни служби, да го коси африканското црнечко население, е СПИН-от кој го премина Океанот и стана многу чест гостин на американските клиники. Еден нивни воин донесен од Зимбабве, го сеел семето на злото во базата на Америте "Бондстил" во Урошевац на Косово, а оставил видни траги, дали само на вознемиреност, исплашеност и исплуканост и на Клиниката за интензивна нега при Клиничкиот центар во Скопје. Тајните лаборатории од Арканзас и Мериленд подготвиле десетици чудовишни биолошки мутант-масовни убијци. Сега паника, страв, страдања и смрт сее вирусот САРС токму на просторите во Централна Азија каде се наоѓаат безбедносните стратегиски интереси на Република Тексас..., но САД е дел и од интегрираниот свет кој се уште не го владее, па не може да го сопре влезот на немилото лабораториско чедо на ЦИА?! САД ги честеа Австралија, Канада, Англија со САРС во знак на почит кон најлојалните и безрезервни сојузници против Ирак и Садам Хусеин, но и мирот во светот како целина.

Само да потсетам, за овие содржини Правилникот за однесувањето на медиумите при пишувањето за НАТО и акциите на СФОР, КФОР и други вооружени окупаторски однесувања на Алијансата под диктатот на Пентагон и налудничавиот Весли Кларк, јавачот од Вест Поинт, забрануваа секаков публицитет. Но, и под закана да бидам санкциониран, морам да ги прекорам професионалните новинари од странство, акредитирани да го следат циркусот на НАТО на Балканот, како и голем број наши домашни редакции што на јавноста во САД и на Запад не им ги соопштат и ваквите податоци: Во "Бондстил" воената база на просторот од 926 хектари, првокласна обработлива, узурпирана земја кај Урошевац, сместени се 8.500 американски војници. Толку се кажува за јавноста. За задоволување на потребите на овие воини покрај сиот друг луксуз се наоѓаат и преку 2.000 проститутки или девојки, често малолетни, кои се продадени како бело робје. Тоа се државјанки на "усреќените со западна демократија држави" какви што се Украина, Молдавија, Романија, Бугарија, Албанија, Македонија. Тврдат дека има и Србинки кои се киднапирани и принудени да им нудат сексуални услуги и задоволства на "американските хуманитарци" кои силуваат и убиваат женски албански деца на возраст од 11 години, само затоа што условите за живеење во "Бондстил" се "ужасно" тешки и одговорни.

Во вториот американски логор "Ејбл сентри" во близината на скопскиот Аеродром "Петровец" престојуваат американски војници чиј број ниту историјата нема да го забележи. Последниот контингент од 2.000 маринци пристигнал на 16 септември 2002 година. Преку Солун се стационирале во Петровец без знаење и одобрение на легитимните власти во Република Македонија, а за нивното доаѓање разбравме од информативните средства на Грција. Да потсетам, тоа беше еден ден по парламентарните избори во РМ на кои беа поразени нивните пулени Љубчо и Џафери, поточно речено ВМРО-ДПМНЕ и ДПА..., замина во историја криминално-злосторничката антимакедонска коалиција. Кој дојде во државава покрај маринците ќе видиме по Ирак... Колку проститутки, освен оние политичките, им ги задоволуваат сексуалните потреби, а сигурно и перверзии, па нели првиот човек им беше пушач број еден, барем тоа светот со месеци го следеше и уживаше во откривањето на демократијата, не е сосема познато. Сепак, се тврди дека во деценијата што доаѓа Македонија ќе биде шампион на Запад од Западниот Балкан по бројот на заболените од СИДА. И, да видам, кој тука ќе може да ни конкурира. Тогаш нашите државни и политички љубезни првенци со право ќе можат да речат дека тој шампионски дострел е нивното вистинско дело. Народот и Македонија ќе им го паметат и адекватно ќе им вратат.

ВО ИМЕ НА ВИСТИНАТА!

Би можеле светските професионалци за произведување и управување со кризи и воени состојби, од таборот на новинарите кои тешко ја обремениле со неморал оваа многу тешка, одговорна и морална професија, да пишуваат и за криминалното однесување. Најголем број на новинарите платеници пукаат против Гласот на јавноста. На прв поглед како да имаат успех, но времето не работи никогаш за лагата, неморалот, злосторот и невистината. Ниту еден од нив не напиша дека во редовите на НАТО и КФОР има чисти криминалци и убијци. Дека офицерите и војниците од одделни контингенти се повеќе во врска со криминалните мафијашки кругови одошто со локалните претставници на војската и полицијата. А во нападот врз Багдад во името на демонократијата, најбрутално ги убиваат професионалните новинари за кои вистината чини многу повеќе од валканите долари. За вистината да се умре вреди.

Што прават во мојата држава "миротворците"?! Препродаваат воена опрема, оружје, храна, лекови. Шверцуваат алкохол, цигари, кафе. Контрабандираат цели шлепери со хуманитарна помош. Учествуваат во најцрните зделки на локалното подземје. Некои американски војници се впуштиле, со домашните трагачи, во потрага по археолошки експонати, стари икони, црковни реликвии и книги, па дури учествувале во ископување на сокриени драгоцености на одделни локации во Македонија, при што користеле најсовремена ласерска опрема за пребарување и лоцирање на закопаното богатство. Фирмата на Пентагон "Браун и Рут" која им дава логистичка поддршка на американските војници на Косово и во РМ, практично го организираше и воспостави нарко-мафијашкото подземје на овие простори вовлекувајќи ги во организираниот криминал локалните политички моќници и плукајќи врз достоинството на САД и нејзините честити граѓани. Шверцот на оружје, дрога, цигари, алкохол и бело робје во основа го вршат луѓето и транспортерите на "Браун и Рут" во содејство со војниците на КФОР и другите безбедносни структури. Челниците на оваа воена установа на САД беа главните актери во аферата со милионите долари на трафикантот Арбен Џафери за кои во некои наши неделници беа презентирани конкретни документи. И Дик Чејни, еден од творците на злото и член на вампирската влада во сенка кој, ако не умре од раката на некој шехид, ќе испланира напад на Пекинг, Пјонгјанг, Џакарта, можеби и на Токио... веќе ги префрли своите шпиони - логисти од Куманово и Петровец за Бугарија, Грузија, Азербејџан, Туркменистан, Курдистан (Некаде и во Турција) Кувајт, да подготвуваат нови палежи, бомбардирања, разурнувања и убивања на недолжно население од Азија и Африка наскоро. Потоа неговите фирми во партнерство со Пентагон и ЦИА и Бушовите компании од Тексас ќе го градат "новиот и среќен Ирак" без Садам, но со "Браун и Рут" и "Хали Бартон" од Хјустон. Каде ќе заврши овој каубој - јавач на апокалипсата? Јас барам и сметам дека треба да заврши во ХАГ пред меѓународниот кривичен трибунал како еден од најголемите злосторници на изминатиот 20 век.

Еве сериозни и тешки теми на мајсторите на перото. Нека удрат по креаторите на злото и немирот. Нека не удираат по кревката вистина и нека не го уриваат навестениот мир на Балканот. И на луѓето од медиумите еден ден ќе им недостига простор за мирно живеење и творење. Светот е голем, но нема доволно простор за лудници, во кои ќе ги лекуваат лузните на својата душа. Затоа постојано се апелира да се вратат што поскоро кон професионалното извршување на новинарската должност. Да им порачаме: Служете & на вистината и правдината. Барем скромно, за почеток. Онака како што тоа го прави "Јунге велт", "Ел паис", "Ел мундо", "Кориера дела сера", "Гардијан", "Монд", "Фигаро", "Строго секретно", "Монитор", "Млада фронта днес"...

АЛЖИР - ЖРТВЕНО ЈАГНЕ

Да се вратам во Алжир и да прочитам што забележале западните шпиони. "Вооружената исламска група" (ВИГ) е една од најопасните исламски терористички групи во Алжир. Организирана според класична шема на конспирација дејствува преку ќелии раководени од еден центар. Оспособена за планирање и изведување на најсложени и најспектакуларни терористички акции каква што била на пример акцијата грабнување на авионот на "Ер франс" во декември 1994 година. Исламските милитанти на ВИГ се борат против алжирскиот режим кој ја поништил победата на Исламскиот фронт на спасот (ФИС) по изборите одржани во декември 1991 година и ја забранил партијата. Најчесто ги напаѓа алжирските граѓани, врши терор, киднапирање и атентати врз функционери на режимот, интелектуалци, професори и научни работници, жените што излегуваат на улица без маж, зар и фереџе. ВИГ го користи тероризмот како средство за изведување на исламска револуција и за ослободување на Алжир од анти-исламски влијанија. Во нападите против странците настапуваат со цел "ликвидирање на Евреи, христијани и неверници како би ја исчистиле алжирската земја на исламот".

Со ВИГ раководело тело Majlis Ash-Shura или консултативен совет кој на ќелиите им упатува глобални планови и цели, а на чело на ВИГ е Емир Сефедин Џафер кој во септември 1993 година објавил Џихад против странците како објект на напад.

(Продолжува)


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"