|
ПОЛИТИКА
Патот на Борис Трајковски до претседателската фотелја и до родното
Моноспитово
ОД АНОНИМУС ДО "МИСТЕР ГАФ"
Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
- Крунисувањето мина во сенка на очигледните фалсификувани избори и
оттаму крајно лошите односи меѓу Премиерот и Претседателот се природна
последица од нарушените демократски принципи во земјава.
- На сметка на Претседателот можеме колку сакаме да се шегуваме, но
лудориите постојано не водат во бездната. Секоја наредна грешка скапо ќе
не чини, бидејќи демократијата се помалку ја чувствуваме. Таа се стопи во
мајтаплукот што го прават наивните и премногу скриените играчи во
македонското општество.
"Ц рвената жешка телефонска линија"
на релација Претседател - Влада на Република Македонија, повторно ни го
покачува адреналинот. Овој пат во политичката корида се уфрлува името на
маркантната дама Доста Димовска која некогаш му го штитеше грбот на
опозиционерот Љубчо Георгиевски. Но, сега, претседателот Трајковски,
нејзиниот пулен, ја помилува од кривичната одговорност поради која МВР и
органите на Обвинителството ја гонат, односно ја обвинуваат за македонскиот
"Вотергејт", аферата "Големо уво", во која близу 200 јавни личности,
новинари и политичари беа прислушувани и инволвирани во рововската војна
меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Аболицискиот акт на Претседателот, кој беше потпишан од неговиот советник
Јолевски, можеби има законска оправданост, но мора да се согледа и моралната
страна од одговорноста што ја носи со себе функцијата "прв човек на државата".
Затоа, без разлика на тоа што се уриваат законите и принципите на РМ, во
овој "фајтерски" линч, во кој има многу заткулисна игра која се покрива со
правните и уставните слабости на уредувањето, всушност се прикрива слабоста
на политичарите и нивното владение. Во Македонија цвета сиромаштијата, се
покачува струјата, храната, телефонскиот импулс, не постои ред и закон. Но,
за да се опстои на власт потребно е да се создаваат афери кои ќе го одвлечат
вистинското внимание на јавноста која се дави во реалноста. Токму тука мора
да се бара виновникот оти тој нема да биде казнет. Тој ќе ја спаси
сопствената кожа од лавиринтот што го создадоа македонските политичари. Се
друго е фарса или голема интрига, па така и оваа која всушност ја одразува
вистинската ситуација во Република Македонија.
МАРИОНЕТКА
Политичките тензиите во Македонија се континуиран проблем. Но, во
последно време се интензивираат, бидејќи кај гласачката машинерија треба да
се предизвика соодветна илузија во која ќе се стопи незадоволството. Во
таков амбиент опстојуваат нашите пулени чии ролји се подготвувани во
странство и во земјава. Затоа не не зачудува прикажаната игра. Таа е дел од
веќе однапред изрежираното дело.
Претседателот Трајковски, од анонимус до мистер "гаф", го трча последниот
изборен круг благодарение на познатата "косовска реченица" со која во
претседателската битка во 1999 година го победи академикот Никола Кљусев на
номинацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Подоцна се покажа дека Тој е тајниот адут на
Димовска, кој всушност е должник на "челичната Леди" која со солзи ја
проследи неговата метафора за запознавањето во Лондон во 1992 година.
Неговата секавична политичка експлозија продолжи да се шири и меѓу
албанскиот гласачки потенцијал кој од се срце ја поддржа кандидатурата,
бидејќи во него ја препозна сопствената големонационална илузија.
Крунисувањето мина во сенка на очигледните фалсификувани избори и како такви
постојано ја следат кариерата на правникот од Моноспитово, кој некогаш ја
газеше струмичката кал во опинци за да стигне до привилегираната позицијата
која со многу контроверзи ја извршува. Затоа претседателот Трајковски стана
нелегитимен лидер, ама признаен од меѓународната заедница и САД на кои им
одговара ваквата марионетка во остварувањето на интересите во светот. Во
меѓувреме гафовите и ноторните политички грешки се напластуваа, така што го
обременија македонскот народ и неговата судбина. Оттаму крајно лошите односи
меѓу Премиерот и Претседателот се природна последица од нарушените
демократски принципи во земјава. Затоа зад последната афера се кријат многу
други лични и политички пресметки што не водат во нова голгота која
најверојатно набргу ќе ја дознаеме.
На сметка на Претседателот можеме колку сакаме да се шегуваме, но
лудориите постојано не водат во бездната. Секоја наредна грешка скапо ќе не
чини, бидејќи демократијата се помалку ја чувствуваме. Таа се стопи во
мајтаплукот што го прават наивните и премногу скриените играчи во
македонското општество.
На иницијатива на СДСМ, освен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, народните
избраници од владејачкиот блок, повикувајќи се на членот 85 од Уставот,
побараа од претседателот Борис Трајковски во Собранието да ги образложи
мотивите и околностите по кои се раководел во донесувањето на одлуката за
помилување и ослободување на Доста Димовска.
Од Трајковски ќе зависи дали и кога ќе се обрати, потенцираше
претседателот на Собранието Никола Поповски, во врска со процедурата за
неговото евентуално обраќање за кое пратениците не ќе можат да поставуваат
прашања и да дискутираат. Кабинетот на Трајковски потврди дека барањето на
пратениците е доставено до Претседателот и се разгледува.
Од двете соопштенија издадени од Вашиот кабинет и од двете изјави на
Димовска, на јавноста & беа понудени повеќе меѓусебно противречни мотиви за
ваква одлука. Во име на сочувување на кредибилитетот на правниот поредок и
на институциите, бараме да се обратите пред Собранието и да ги образложите
мотивите и околностите со кои се раководевте во донесување на одлуката,
се наведува во барањето што пратениците го доставија до претседателот
Трајковски.
Според Уставот, Претседателот му се обраќа на Парламентот еднаш годишно,
а се друго е по негова желба. Ќе ја свикам седницата кога тој ќе посака.
Собранието може да расправа за ова само ако некој од пратениците побара
таква информација и тоа на друга седница. Такво нешто досега не е побарано,
изјави Поповски.
Пратениците од Трајковски очекуваат објаснување за "политичките
противречности" на досегашните образложенија за аболицијата. Се наведуваат:
"политичко-партиска мотивираност што нема никакви допирни точки со
предвидените законски услови за помилување" и "лични и кариеристички мотиви
кои не се поврзани со националните и државните интереси... Објаснувањето
дека сте сакале да оневозможите селективна употреба на податоците укажува
дека располагате со многу повеќе сознанија за многу поголем обем на
прислушувани лица отколку што беа објавени што Вас Ве посочува како
соучесник и прикривач на доказен материјал. Тоа дека сте сакале да
оневозможите прикривање податоци поврзани со разгранетоста и активностите на
"Земунскиот клан" во Македонија, упатува на заклучок дека вие располагате со
такви сознанија", се објаснува во барањето на пратениците што е упатено до
Претседателот, по повод аферата за помилување на Доста Димовска од
одговорноста за случајот "Прислушување".
КРАЈСЛЕРИ
Притисокот врз Трајковски се интензивира, бидејќи самиот прави
недозволиви и невидени гафови. Како што наведува "Дневник", Трајковски сам
се понудил да патува со францускиот премиер Жан Пјер Рафаран за Атина, со
авионот на Владата на Франција. Според истиот извор, Кабинетот на
претседателот интервенирал преку францускиот амбасадор во Скопје,
Жан-Франсоа Терал. Притоа, амбасадорот Терал, за неочекуваното барање на
Трајковски, разговарал и со Кабинетот на Рафаран во Париз, од каде што добил
согласност дека ќе го примат шефот на македонската држава во авионот.
Француските дипломати биле многу изненадени од понудата на Трајковски, затоа
што досега не практикувале во своите авиони да пренесуваат државници на
други земји. Французите се согласиле да го примат шефот на македонската
држава, бидејќи им било непријатно да го одбијат.
Во меѓувреме, како капак на се, е аферата "Крајслер" која на почетокот од
политичката кариера ја одбележа неговата судбина. Кабинетот на претседателот
се обиде да ги демантира наводите на "Вест" за "Крајслерска врска на Борис и
Доста". Во соопштението се отрфлаат изнесените тврдења дека "Претседателот
учествувал во која било фаза од процедурата за набавка на споменатите возила
и опрема за потребите на МВР, во рамките на американско-македонскиот проект
за националната безбедност, затоа што тоа е надвор од неговите уставни и
законски овластувања и надлежности". Од Кабинетот се наведува дека нема
каква било роднинска врска со американскиот бизнисмен што се споменува во
текстот како претставник на американската страна. Весникот потсети дека
договорот за "крајслерите" и за другата опрема за потребите на МВР не е
склучен во времето кога Трајковски беше Претседател, туку кога тој беше
заменик-министер за надворешни работи. Со зделката со "крајслерите" и
другата опрема за МВР, според извори на "Вест", поради големите разлики во
цените, Македонија е оштетена за околу 6 милиони долари.
Што се однесува до демантот што пристигна од Кабинетот на Трајковски дека
наводно тој немал никаква врска со американско-македонскиот проект за
национална безбедност, весникот прашува дали е точно дека на 15 јануари 1999
година, во присуство на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, претставник
на американската Амбасада во Скопје, како и во присуство на голем број
членови на Владата, Борис заедно со Стојан Бакалов, Бугарин кој во Америка
има фирма "Краун интернационал", преку која се набавени "крајслерите", бил
главен околу потпишувањето на договорот за намера за исполнување на проектот
за национална безбедност? Дали е точно дека при потпишувањето на договорот,
на барање на потписниците за некои измени во него, Борис на самото место
седнал да го пречукува? Весникот прашува дали е точно дека Трајковски, како
заменик-министер за надворешни работи, во друштво на Бакалов бил кај
тогашниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, за склучување на
договорот за набавката на опремата преку фирмата "Краун интернационал". И
дали е точно дека за да помине проектот за набавката на опремата на Влада,
Доста Димовска дала образложение дека тој е поздравен и од американскиот
Конгрес и од американскиот претседател Клинтон? Инаку, околу роднинските
врски, беа наведени информациите дека еден од партнерите на "Краун
интернационал" е Роберт Милчев, брат на Вилма, сопруга на Трајковски.
Бугаринот Стојан Бакалов, пак, има и американско државјанство, а седиштето
на неговата фирма "Краун интернационал" е во Америка. Со Милчев и Бакалов,
Трајковски тогаш, како заменик-министер за надворешни работи, работел на
проектот за национална безедност. Но, не само на тој проект, туку и на други
врзани со хуманитарната помош при бегалската криза, констатира "Вест".
Инаку, на контото на претседателот Трајковски, се врзуваат настаните со
назначување на амбасадори во одделни странски земји како и контроверзното
однесување за време на воената криза во 2001 година. За овој период останаа
многу неразјаснети одлуки кои директно му одат на душа на сегашниот
претседател Трајковски чии уставни ингеренции ја гарантираат неговата
функција како врховен командант на вооружените сили на Република Македонија.
|