Некои од правниците во државава, по глупоста на "нашиот" Боре со
по(милувањето) на Доста, знаат да кажат дека ако ова помине, тогаш бај - бај
правна државо, Грците нека не викаат и земја на чудата. Уште Алиса ни
недостига!
Кај и да стапне Боре наш, се не резили. Што луѓе биле овие Македонциве,
си велат француските дипломати, па немајќи кадри од претседателски калибар,
за шеф на држава може да постават какви било будали. Ама будали со педигре.
Будалаштините да им ги гледате ќе забегате од нивната налудничавост и
невозможност. Каде се чуло и видело Претседател на држава - еј Институција е
тоа - да бара авиостоп до Атина?! Луѓето, во случајов француските дипломати,
останале со подотворена уста. Виделе, не виделе, се изначудиле и го
префрлиле Боре до посакуваната дестинација. Останало спорно само да не
милувал господинот и до дома да го носат, оти Моноспитово нема аеродром за
да слета авион. Е, беља работа, што штедлив бил овој нашиов Претседател, па
и на превоз заштедува. Да не беше неговиот авиостоп, ете цела Македонија ќе
ја поплавеше инфлација и катастрофална девалвација на денарот. Ама каубој
Боре рипна на авионот и и заштеди на сиромашната ни мајка Македонија
малијарди евра, море можеби и доларчиња. Светската банка и ММФ се
воодушевени од ваквата херојска активност на безмалку реинкарнацијата на
Били Кид.
ГАФОВИ
Да се најдеше некој писател, со карикатурата наречена "Боре наш" можеше
многу да твори. Неговите гафови, велат познавачите, доволни се за
петнаесетина комедии и уште толку збирки раскази со хумористично -сатирична
содржина. Боре е печен за Нобелова награда за будалаштини, а го печат и за
импичмент!
За него до скоро време бевме македонски Словени. За Боре, бугарскиот и
македонскиот јазик безмалку се исти и не му треба превод. За него раката на
срце при интонирање на химна е знак за нешто длабоко што го чувствува за
државава, а не знае да го искаже оти очигледно не се чувствува како
Македонец. Неговото однесување со странските дипломати е исто како на
пазарот во Струмица кога се купуваат јајца и пресна урда. Дипломатските
гестови безмалку му се како на кловн во погрешен циркус. Боре е мајстор кога
во прашање е подготовка на папазјанија. Од нашата држава направи низа
специјалитети за сладокусците - нашите соседи, да ни се ситат и да ни се
потсмеваат.
Нејсе, малку ни е кога дозволивме еден таков фалсификат- човек за
претседател да помине за да не изрезили за век и веков. Но, ако има уште
малку акал, а на македонскиот народ по навика секогаш отпосле му текнува,
тогаш машки нека истапи и конечно нека му ја покаже вратата за аут на Боре.
Македонската јавност едвај чека Боре наш да настапи во Собранието и пред
целокупната јавност со своето образложение за прогласената невиност на Доста,
пардон, "најубавата жена". Што вкус имал Боре наш! Море, дал е вкусот или
интересот, можеби и страста за власта, Господ ќе го знае.
Комедијата на Боре, најверојатно, ќе може да се следи со директен пренос
од Собрание на првата програма на Македонската телевизија.
ПОЛЕМИКА
Не е крив Боре наш, знаат некои да го одбранат! Па, тој е дете од
Моноспитово, што знае тоа што е дипломатија. Место бон -тон, тој учел за
земјоделски работи. Учел Боре и факултет, па еве денес дури и најистакнатите
правници ги збунува со своето знаење. Се уште правниците полемизираат дал во
правна смисла е во ред или не неговата "милувка" Доста. Е, Боре наш, си учел
на времето и знае и многу дупки и сопки во правниот систем. Арно, ама, ако
на Доста & се прогледа низ прсти, тогаш што да се прави со оние од калибарот
на
А, Боре наш веднаш знае и да постави полемики, па почнува да мати и да
споменува политичари, бизнисмени, пејачи поврзани со Земунскиот клан. Пу, пу,
скраја да е. Да бевме ние Србија, досега само мачките ќе шетаа по улица.
Додека правниците го толкуваат, студираат, научното дело на Боре -"помилувањето"
- тој си тера во свој стил. А уста отвори, а бисери реди. Море тоа отварање
на уста го избутка и во политиката, за жал до највисокото столче. Од обично
замениче-министерче за надворешни работи (поради знаење англиски јазик) за
време на косовската криза со само една паметна реченица изгура до денешново
дереџе. На претседателските избори како вистински каубоец се бореше против
старите волци од типот на Стојан Андов и Тито Петковски. Џабе што и ден
денес тој за многумина е само Граѓанинот Борис, кога тој успеа скоро цел
свет да го прошета и да се кочопери претставувајќи ја нашата земја.
Фалсификат или не, Боре го фура својот фазон, па му се може и да авиостопира!
ОСТАВКА
Било, било, па се претурило, велат некаде во Македонија. А безмалку сите
Македонци, освен за името на сокот, редно е сложно и братски да одлучат да
му дадат корпа на Боре-резилот македонски. Доста ни е веќе од неговите
гафови, од раката на срцето и од милионите идиотски фаци. Дали & личи на
една древна држава, чиј стожер е еден Александар Македонски, денес да ни ја
резили, да ни ја плука, еден човек кој, според досегашните гафови, не го
бидува ниту за претседател на месна заедница?! Па, редно е Македонците да се
разбудат од зимскиот сон и да видат кој ни ја води и срамоти државава.
Работата е повеќе од зрела за импичмент. Ако претпоследната будалаштина со
помилувањето на, како што вели Боре "убавата жена" која го внела во
политичките води, не го испече за импичмент, тогаш Боре слободно нека земе
ножици и нека не стриже како што знае и умее. Фалсификати не & се потребни
на Македонија. Боре оди си дома - правец Моноспитово - и сечи си дрва, оти
на тие бабачковци од раце само секира им прилега!