ко децата до своето влегување во
пубертет имаат вистинско искуство на црковен живот и христијански семејства,
тоа ќе им биде сосема доволно својата православна вера да ја изнесат до
годините на својата полна животна зрелост. Во многу случаи, самиот семеен
живот во текот на тие клучни години и родителскиот пример, кој децата го
гледаат во својот дом, можат да ги сочуваат од отпаднување од христијанскиот
начин на живот. Многу проблеми за кои ќе зборуваме никогаш нема да дојдат до
својот критичен степен во семејствата каде темелите на животот се поставени
на добар начин уште во раното детство.
Тинејџер кој верува во Христа, кој редовно оди во црква и кој сака да
остане девствен до бракот веќе претставува вистинска реткост меѓу своите
врсници. Мораме да разбереме колку се големи овие барања за овие православни
тинејџери кои поголемиот дел од своето време го поминуваат покрај луѓе кои
го прифаќаат здраво за готово и како нешто сосема "нормално" либералниот
поглед на светот. Дури и меѓу оние малубројни тинејџери кои одат во црква
веќе има многу малку кои редовно постат, почитуваат икони или се
исповедуваат. Во современите училишта има други тинејџери кои припаѓаат на
разни религии и секти, како и такви кои никогаш не се молат на Бога. Да се
сочуваат Евангелиските идеали и во исто време да се живее со врсници кои на
прикриен или на отворен начин, го отфрлаат Евангелието - тоа е "аскеза" (подвиг)
на нашите православни тинејџери. Истовремено со таа борба, тие се борат да
формираат свој систем на вредности: верата која ја примиле како деца, сега
мора да стане нивна лична вера, и тој процес не тече секогаш така лесно.
Затоа на нашите тинејџери им е потребно сето наше разбирање, внимание, љубов
и молитва.
ХРИСТОВИОТ ПАТ
Човекот е создаден според сликата Божја. Нашите отци ни говорат дека една
од карактеристиките на таа слика е нашата лична слобода. Понекогаш, децата
кои формираат своја идеја за животот и за Бога, доаѓаат до идеја дека
слободата е духовно неопходна за човекот и се борат за слобода според својот
духовен инстинкт, но не секогаш и со расудување. Често се случува родителите,
кои веќе цврсто одат по Христовиот пат, да се плашат да им дозволат на
своите деца да тргнат во друг правец од оној кој тие веќе одамна го зацртале
како единствен можен правец. Тоа понекогаш ги оневозможува децата, кои
израснуваат во друга средина, во себе да изградат слободна лична вера, која
одговара на нивниот живот и на нивната животна средина. Децата треба да се
вежбаат во слободата на личниот избор, а ние сме тука само да ги насочуваме.
И, како нашите деца се повеќе растат, така ние постепено се повеќе мораме да
ги попуштаме "уздите". Треба да се подготвуваме за моментот кога слободата
на нашите деца ќе предизвика во нас страв, и тој страв ќе биде сличен со
сострадалните маки на Бога. Кој се решил на "ризикот" на создавањето на
светот. Ограничувањето на скоро израснатите млади луѓе е лошо решение; тоа
е, всушност, полесно, но и помалку успешно решение од разбирањето и
молитвата. Ако детето е одгледано во духот Христов, таквото ограничување
нема да биде потребно. Слободата не е "да правиме што сакаме". Нема да им
помогнеме на нашите деца ако им дозволиме од својата тринаесетта година да
живеат независно од нас. Извесната мерка на ограничување обезбедува
неопходна сигурност за нашите тинејџери, посебно кога тие им веруваат на
своите родители и ги почитуваат. Проблемите почнуваат тогаш кога родителите
се толку строги па децата почнуваат да ги мразат: тогаш нивното срце почнува
да станува се постудено кон родителите, како и кон се зад кое стојат нивните
родители, вклучувајќи ја тука и Црквата, па и самиот Господ Исус Христос.
Родителите мораат постојано да се трудат, со својата молитва и разбирање
секогаш да ја пронаоѓаат и да ја држат онаа златна средина измеѓу крајноста
на прекумерното ограничување и крајноста на претераната попустливост кон
своите деца.
Дури и тогаш кога мораме да кажеме "не" на некое барање на нашите
тинејџери, ние мораме крајно серизоно да го сослушаме тоа барање, како и да
покажеме дека би биле расположени да попуштиме доколку за тоа не би постоеле
вистински пречки. Во спротивно, нашите деца ќе престанат да ни ги доверуваат
своите вистински желби и размислувања.Тажно е кога тинејџерите велат: "Никогаш
не би се осудила да & го кажам тоа на својата мајка", или, "мојот татко би
паднал во несвест кога тоа би го прашал".
ДОБРО МОТО
На сите им е добро позната изреката на Блажените Августин: "Сакај и прави
што ти е желба", а таа изрека всушност значи - "Сакај го Бога и прави што
тие е желба". Тоа би можело да биде добро мото за нашите тинејџери, како и
за оние кои се обидуваат да ги водат кон нивниот христијански пат. Божјата
љубов не чува и претставува "гаранција" за нашето покајание, вакви престапи
да не правиме. Детето кое Го сака Бога е многу посигурно од детето кое е
ограничено до таа мерка да почнува да се буни против Бога.
Едно девојче прашало еден возрасен христијанин, кој начин на играње со
музика би бил прифатлив од христијанска гледна точка. "Играј на начин кој ти
одговара, но, уживај во играта на таков начин што кога ќе се вратиш дома и
влезеш во својата соба да можеш да застанеш пред иконата на Господ Исус
Христос и да му заблагодариш, и никогаш немој да играш на таков начин што,
кога ќе се вратиш дома, да не смееш од срам да Му погледнеш во очи".
(Од книгата "Воспитајте го своето дете")