е читаше досието на авторот.
Приказната за неговите драми и патешествија. Актерот Никола Р. поранешен
студент на ФДУ, поранешен член на Комисијата за театар при Министерството
кога на театарот, возобновениот "Скрб и утеха" му се оневозможуваше да биде
дел од македонските театарски состојби. Актерот, го читаше тоа досие. Се
собра неброен народ, културни луѓе, умни суштества, професори, автори,
актери, следбеници, министерот лично и режисерот Слободан У. и други од
тајфата. Во малата сала, на малата сценка се случуваше претставувањето на
книгите, на големата претставата на Академијата од Тирана. Во првиот случај
се работеше за драмскиот автор кој живее во дијаспората, во вториот за
средбите на македонските "Скомрахи".
Неколку дена пред тоа се сретнав со авторот и разменивме неколку думи.
Рече дека: "Баге ќе правел големи резови во културата"... Убаво е со
министерот да си на ТИ, да можеш да му кажеш кога погрешил, да не помисли
дека е Бог, или некој кој умее се, да дели, да разделува, да сече, да
оперира по она што би требало да го брани идентитетот на еден народ. На еден
народ... неколку дена пред тоа имаше на "Скомрахи" претставување на книгата
на "Нова бугарска драма" со вовед на Мишел П. во препев на Трајче К. Ним
никој не им се закани, не им ги скрши нозете како на двајцата Македонци од
Благоевград како што јавија медиумите пред некој ден, никој не им го оспори
правото да се претстават себе си, својот народ својата култура.
Претставувачот рече нешто за "заедништвото и разликите". Добро одѕвони. Пред
тоа му раскажав што се случуваше на гостувањето на театарот "Скрб утеха"
лани овавреме во Пиринско. Граничното малтретирање и заканите дека "ќе сме
се врателе со дупнати глави"..., запленувањето и фотокопирањето на драмскиот
текст на претставата "Олесни, разреши, прости" на границата кај Ново Село,
Струмичко... И, на пример, забраната за регистрирање на македонска партија
во Р. Бугарија од страната на бугарскот суд. Нели, ако зборуваме за
заедништво и разлики на вистински рамноправен начин. Ако ние, јас,
мојот македонски театар "Скрб и утеха", драмскиот автор Горан С., режисерот
Слободан У., министерот Благоја С., актерот Никола Р. кој читаше на
претставувањето и сите тие многубројни знајни и незнајни луѓе излезени од
соцреалистичката култура на Државава сакаме да бидеме народ, нација,
доблесна на славната македонска култура.
Беше први април. Денот на шегата. Се читаше досието. "Тажно до солзи" -
би рекол Мајаковски. Убаво е кога ќе се собере народ на слава на книгата.
Човек ќе рече дека има надеж за македонската култура. Се разбира, без
резовите. И без соседите кои ти го оспоруваат правото да те има. Само Господ
има право да дава, да зема. Другото им припаѓа на сите подеднакво. Под
соодветен третман за да не дојде до срам и понижување на македонската
култура.
Потоа дојдоа и солунчанте. Играа на малата сцена на ФДУ. Рекоа нешто за
мир и љубов. Ете, на возобновениот театар "Скрб и утеха" не му беше
дозволено да игра во Леринско со претставата оломлани. Наскоро претстои уште
еден обид да се види дали се уште стои европско-македонскиот ѕид. Наскоро.
Голема е македонската култура. Во неа има место за сите. За Македонците и за
другите.
Се сретнавме со драмскиот автор Горан С. на "Скомрахите". Разменивме
театарски думи. Рече дека "Баге ќе правел резови...". Треба добро да се
внимава во тој сек, во таа сеча да не останат и преживеат само оние кои се
родени во соцреализмот.
Не, не му е лесно на министерот. До вчера како директор на театарот
битолски се бореше за "пари" во културата. А сега, да мора да крати и
сократува. Правото на рамноправно учество им е дадено на сите. Зборувам за
театрите. Не само на оние кои произлегуваат од соцреализмот... Остатокот е
дарбата Божја и посветеноста кон татковината.
Без култура и образование лесно ќе се претопи древниот и Божји македонски
народ...
Господ со Македонците.