о Културно-информативниот центар
отворена е изложба на експонати од најмалиот етнолошки музеј во светот кој е
резултат на триесетгодишна собирачка дејност на архитектот Симеон Златев -
Моне. Благодарејќи на неговата упорност и голема љубов кон етнологијата,
сочуван е драгоцен материјал кој потекнува од сите делови на Македонија. Од
големиот фундус со кој господинот Златев располага (над 1.500), во малиот
Музеј се наоѓаат 1.150 предмети, додека на изложбата се претставени само 10
отсто од вкупниот број експонати.
Оваа изложба е второ претставување, додека првото е реализирано на 12
јануари 2001 година во музичкото училиште "Тодор Скаловски" во Тетово каде
што биле изложени 400 експонати.
ПРЕОКУПАЦИЈА
Со собирачка дејност и проучување на етнологијата на Македонија се
занимавам скоро целиот мој живот, поточно околу триесет години, вели
господинот Златев. Мојот приватен музеј кој се наоѓа во село Џепчиште, на
5 километри северозападно од Тетово, е сместен во 7,20 квадратни метри
простор. Во него се наоѓаат 1.150 предмети каде што може да влезе
само еден посетител, а датираат претежно од крајот на
Основната идејна замисла не е да покаже се што поседува сопственикот,
туку да го прикаже народниот живот во минатото на луѓето од овие простори
без разлика на нивната верска и етничка припадност.
Меѓу првите предмети во Музејот е и сликата на мајката на господинот
Златев која е облечена во народна носија од Скопска Црна Гора. Токму за таа
носија во 1939 година таа има добиено награда - слика на "Света Богородица
со Христа" која за време на војната била оштетена, меѓутоа рамките од
сликата се наоѓаат во Музејот.
БОГАТА ЗБИРКА
Секој посетител има можност да се запознае со стари книги, прибор за
пишување, со монети кои биле во оптек во минатото. Потоа прикажани се
археолошки предмети како фибули, прстени, апликации, алки, орудија, оружје,
кои потекнуваат од раната антика до доцниот среден век. Во Музејот се
изложени и женски и машки накит како пафти, склопци, брошев и прстени,
крстови, обетки итн. Обработката на металот како бакарот, месингот и цинкот
е изложена во посебна целина како производи од казанџискиот занает - ѓумови,
тепсии, вазни, ибрици, грниња, котлиња, ѓезвиња, тасови... од кои може да се
види совршенството на изработката. Во ентериерот во градската куќа изложени
се мангали, тагари кои служеле како носачи на жар за затоплување на
просториите, потоа ковчези за чување на облека, ѕидни часовници, грамофони и
огледала. Во еден ваков Музеј неизбежни се народните носии меѓу кои се
женската носија од Долни Полог, како и делови од носии, чорапи и ткаенини.
Сите се одликуваат со извонредни изведби и украсување со различни орнаменти.
Најмалиот експонат е гумено гласачко топче, а наспроти него најголем
експонат е бакарната софра. Најтежок предмет е рачна камена воденица за
бунгур, додека најстари експонати се керамички фрагменти од садови - стари
од 8.000 до 5.000 години пред Христа.
Најмалиот етнолошки музеј е збогатен и со ред други предмети кои "зборуваат"
за животот на овие простори. Сите тие предмети се изработени од 30 видови на
материјали во кои влегуваат среброто, алпак, месинг, алуминиум, олово, цинк,
бакар, железо, керамика, дрво, хартија, платно.....
Господинот Симеон Златев - Моне со реализирањето на оваа изложба не
застанува тука, туку тој и понатаму ќе продолжи со собирање на стари
предмети, а постои желба и можност овој мал Музеј да биде прикажан и надвор
од границите на Македонија.