артиската припадност на
градоначалниците отсекогаш била пресудна при распределбата на парите
предвидени за потребите на соодветните општини. Како резултат на таквата
практика и на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и на владејачката СДСМ и нивите
коалициони партнери страдаа граѓаните.
Владата во декември минатата година вишокот средства од Буџетот на РМ во
износ од сто милиони денари им го подели на општините во кои
градоначалниците се членови на СДСМ и ЛДП. Тоа, како што објаснува
господинот Горан Ангелов, претседател на Заедницата на единиците на локална
самоуправа, е одговор на она што претходно во септември го сторила Владата
на Љубчо Георгиевски делејќи им пари само на оние општини чии градоначалници
& припаѓале на ВМРО-ДПМНЕ.
На оваа практика - да бидат фаворизирани општините кои условно земено се
блиски на централната власт - треба да & се стави крај. Токму затоа, ЗЕЛС &
предлага на Владата дел од вишоците за 2002 година да бидат рамномерно
поделени на сите 123 општини и на градот Скопје како посебна единица на
локална самоправа.
Ангелов вели дека уште кога партијата ВМРО-ДПМНЕ била главен стожер на
Владата, Заедницата на единиците на локална самоуправа секогаш кога се
делеле парите инсистирала тие да бидат поделени објективно, односно секоја
општина да добие соодветен процент од вишок на приходи. Владата на РМ, како
што објаснува Ангелов, досега не им излегла во пресрет на ваквите барања за
рамномерна распределба на средствата, најверојатно заради тоа што се
случувало во претходните години.
И пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година на централно ниво,
парите беа делени по истиот клуч. Најверојатно, партиите на власт сакаа да
се одмаздат за она што го правеа нивните претходници, објаснува Ангелов.
ДОГОВОР
Владата на РМ и ЗЕЛС во март оваа година потпишаа Спогодба со која таа се
обврзува да соработува односно да се консултира со ЗЕЛС во областа на
надлежностите на децентрализацијата и фискалната децентрализија. Со ваквата
Спогодба, како што констатира Ангелов, ќе се стави крај на сето она што се
случуваше во изминативе 12 години кај нас.
Дефинитивно, вели Ангелов, сите градоначалници без оглед на која
политичка провиненција припаѓаат, осознаа дека ако бидат единствени и сложни,
многу полесно ќе се спротивстават на проблемите со кои се соочуваат.
Потпишаната спогодба со Владата е израз на политичка волја Владата на РМ да
соработува со локалните власти. Имплементацијата на Спогодбата со Владата,
односно меморандумот за соработка зависи токму од ЗЕЛС, односно од нашиот
притисок за лобирање кај Владата.
Со оваа спогодба Владата се обврзува во процесот на децентрализација,
пред се, во областа на законодавството, односно во изработка на нацрт-закони,
предлог-закони, во сите работни тела и комисии кои ќе бидат формирани при
ресорните министерства, да вклучи членови на ЗЕЛС, односно општините. Во
изработката на законот за финансирање на општините Владата веќе вклучила
претставник од ЗЕЛС. Таа ветила дека при распределбата на вишокот средства
од Буџетот за општините, ќе го слуша гласот на ЗЕЛС. Првиот човек на ЗЕЛС
вели дека при распределбата на тие средства ќе внимаваат парите да бидат
поделени врз основа на објективни критериуми - население, територија,
развиеност на општината итн.
Предлогот што го подготвил ЗЕЛС за распределба на средствата е направен
врз основа на неколку критериуми. Првиот критерум е сите 124 општини да
добијат пари, без оглед на изминатите делби на пари. При изработката на овој
предлог ЗЕЛС внимавала на делбата на вишокот средства што се случила во
септември и декември 2002 година за да види колкава добивка има реализирано
секоја општина како резултат на тие распределби и изворни приходи. Според
тој критериум, распределувањето е во сооднос: 70 отсто од вкупната маса на
остварените вишоци за општините кои не го наполниле буџетот, и 30 отсто за
општините кои оствариле приходи. Во секој случај, сите општини треба да
добијат пари.
ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА
Базичниот закон, Законот за локална самоуправа, е веќе донесен. Сега
треба да се донесат огромен број на измени на веќе постоечки закони, а со
законот за децентрализација, кој треба да се усвои до крајот на оваа година,
се предвидува пренесување на надлежностите од централно на локално ниво.
Во областа на образованието треба да се направат измени и дополнувања во
веќе постоечките закони. Нашите комисии веќе работат на изготвување на такви
нацрт-документи. Трансфери на надлежности ќе се случат во областа на
образованието, во областа на примарната здравствена надлежност. Но,
најверојатно Фондот за здравство ќе остане како една целина. Значајна
област е и социјалната заштита, заштитата на деца без родители, заштитата на
стари лица. Важна активност која ќе биде трансферирана, а која за првпат се
јавува кај нас, е локалниот економски развој. Општината ќе мора за својот
развој да обезбеди економска стратегија. Во областа на локалната сфера важно
е и планирањето и урбанизмот. Досега постоеше дуализам, односно и државата и
општината беа надлежни за ова прашање. Како резултат на тоа
негативните ефекти ги трпеше граѓанинот, а тоа оставаше простор за корупција,
односно се случуваше граѓанинот понекогаш за градските дозволи да дава пари
за она за што државата или општината мораше да го издаде. Планирањето
и урбанизмот ќе биде трансферирано на локално ниво, комуналните дејности
веќе се трансферирани, останува уште мал дел. Ќе биде трансферирана
противпожарната заштита. Оваа 2003 ќе биде година на носење на закони, на
измени и дополнувања на веќе постоечките. Од ЗЕЛС инсистираат до крајот на
2003 година културата, спортот, урбанизмот и планирањето да бидат
трансферирани на локално ниво. За преостанатите области како што се
примарната здравствена заштита, социјалната заштита итн. предвидуваа
пилот-проекти, вели Ангелов.
Првиот човек на ЗЕЛС објаснува дека бараат до крајот на годината да се
донесе закон за финансирање на општините. Нацрт-верзијата на овој закон тие
веќе ја имаат добиено од Министерството за финансии и најверојатно вака
предложениот текст ќе наиде на остри реакци кај членовите на ЗЕЛС, затоа што
тие инсистираат на Данокот на додадена вредност и на локалните даноци, данок
на имот, комунални такси.
Во јавноста се уште постои страв од новиот закон за територијална поделба,
пред се поради притисокот од Албанците тие да бидат со етнички чисти граници.
Господинот Ангелов вели дека прашањето за нова територијална поделба беше
првпат споменато во Рамковниот договор од Охрид. Тој објаснува дека
намалувањето на општините ќе се врши врз основа на некои критериуми, како
што се бројот на населението, природните богатства итн. Не треба да постои
страв од новата територијална поделба.
Демографските карактеристики не можеме да ги менуваме. Официјален јазик е
македонскиот, а во оние средини каде што малцинството е мнозинство, освен
македонскиот, ќе се употребува и јазикот на онаа заедница која е над 20
отсто. Една локална самоуправа треба да биде одраз на самата локална
заедница. Прашањето за можноста за создавање паралелни системи на
образование, здравство, во оние општини каде што малцинството е мнозинство е
прашање на владеење на правото. Државата ќе има контролен механизам, односно
ќе треба да контролира дали децата во Дебар и Виница учат иста програма. Ако
не направиме контролен механизам да ја заштитиме државата од девијатни
појави, ништо нема да направиме. Ако сакаме РМ да има унитарен карактер,
државотворните функции како што се безбедносниот систем, фискалната политика,
националната култура, мора да си ги преземе државата. Тогаш кога ќе ги
поделиме работите, РМ ќе функционира како правна држава, вели Ангелов.
Не треба да се стравува дека во општините каде доминираат припадниците на
заедниците ќе се вработуваат само припадници на малцинствата, бидејќи, како
што објаснува Ангелов, постои ограничување од Буџетот.