|
ПОЛИТИКА
Кој го турка светот во реална, целосна и скорешна катастрофа (6)
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА!?
Пишува: Иван БАБАНОВСКИ
- Ќе мораме преку уличната демократија да си го побараме почитувањето на
достоинството што и османлиите пет векови ни го почитувале - националниот
и христијанско-православниот идентитет.
- Прогнозата на одделни воени аналитичари дека во случај на
територијални прекројувања на Балканот ќе избувне воен судир во кој ќе
учествуваат 37 држави, целосно ја акцептираат и аналитичарите во
специјалните служби на Франција.
М едиумите диригирани од еден
центар на моќта ќе бидат промотори на новиот бран муслимански
интернационален тероризам, но не повеќе на простори и објекти во сиромашните
земји на Азија и Африка. Новиот удар на исламскиот радикализам ќе биде
насочен кон срцето на новиот светски поредок. Најстрашна жртва ќе бидат САД
и Западна Европа. Такви се барем содржините запишани во "Прирачникот за
воената стратегија на Џихадот во борбата против тираните", пронајден во
конспиративниот стан на Анас ал Либи, еден од најблиските на О.Б. Ладен во
една тивка уличка на Манчестер во Англија. Либи успеал навреме да го промени
живеалиштето но оставил, дали сосема случајно, содржини од кои и
најзакоравените борци им се ежи кожата.
Значи, сега треба на светот да му биде јасно зошто Франција и нејзиниот
естаблишмент се загрижени. Не е во прашање солидарноста и лојалноста кон
сојузниците, туку вистинита, реална и очекувана опасност која како црн облак
се надвиснува над Париз и Европската заедница. Што ќе се случи ако се судрат
на отворена сцена неофашистите и исламските фундаменталисти? Или, можат ли
тие да станат сојузници и врз која платформа. Имаат ли шпионските
организации на Запад и во САД визија којашто досега подалеку од зелениот
долар? Тие, и она што го гледа окото на пирамидата, вградено на аверсот на
банкнотата од доларот, не можат да го преведат во проекција на блиска иднина.
ГОЛЕМИТЕ АПЕТИТИ НА АМЕРИКА!
Зошто француските разузнувачи не се информирани од ЦИА колку обоени
граѓани во САД годишно преминуваат во исламското верско учење? Дали
Вашингтон своите итни и огромни потреби од нафта и природен гас им ги плаќа
на арапските и исламските држави и режими со безбедноста на Грција, Бугарија,
Македонија, Албанија, СР Југославија, Босна, Романија, Унгарија, Хрватска,
Словенија и Австрија?! Колку Партијата на слободата е закана за
злосторничкото однесување кон Евреите што никогаш лично не сум го поддржувал,
а колку е шпекулација и замаглување на оној проблем кој австриските граѓани
веќе го почувствувале како директна закана за нивните права и слободи, за
нивниот мир и безбедност од радикалниот исламски фундаментализам. Америка им
се додворува на исламските радикали, ги задоволува нивните огромни апетити
за сметка на Европа, Русија, Кина, Индија и оние држави во кои се
воспоставени секуларистички режими. Држави во кои црквата и религијата се
одвоени од државата, каде образованието е надвор од верските објекти и
влијанието на свештенството, каде исповедувањето на верата е слобода на
совеста на секој граѓанин.
Од тие причини, владата на САД, не американските граѓани, кои се
најманипулираниот жив субјект на планетата земја, немаат право да бараат
солидарност од своите сојузници и помош во откривањето и попречувањето на
терористичките акции насочени кон американските претставници, интереси и
материјалните добра. Остатокот на светот, кој се уште останал нормален во
однесувањето, мора веднаш да стапи во акција и да ја разбие медиумската -
информативната блокада воспоставена во САД, со која американските граѓани се
држат под анестезија и вон сите политичко-дипломатски и воени циркуси што ги
прави нивното раководство, кое на светската политичка сцена добива
повторувачки оценки и кое истиот тој свет го турка кон нова катастрофа.
Воедно, со ароганцијата и манифестацијата на бруталната сила, создава
нескриено антиамериканско чувство и кај довчерашните пријатели.
Најзагрижувачко сознание е фактот што и политичките далтонисти го
согледуваат, а тоа е неспособноста на генералниот секретар на ООН да ја
исправи оваа организација пред стратегиските задачи и да ја изземе од
ексклузивната надлежност на Ричард Холбрук кој нешто од ограниченост, нешто
од незнаење и ароганција на сиромашните со духот, настојува да ја претвори
во претстава на "Мапет шоу" и забава на оние кои треба да бидат ограбени и
силувани. За сета садомазохистичка претстава во која ќе играат сиромашните и
мали држави, Вашингтон ќе им достави помош во оружје и муниција, а
специјализираните служби некој нов спектакуларен масовен убиец а-ла СПИН-от,
или клонираниот вирус наречен САРС. Да го олеснат живеењето на оние што ќе
опстанат.
А разузнувачките студии на француските тајни служби говорат дека
највитални се оние млади исламски радикали кои ќе станат експортен материјал
за Европа во форма на жива, подвижна и мислечка бомба наспроти на оние
затапените, дегенерирани, неинвентивни, штабни офицери на НАТО кои не ќе
можат да ги достигнат и погодат овие борци од темнината, со нивните челични
безживотни птици.
Какви ќе бидат проценките на Џејми Шејн цуркузантот и ктиторот од "Милосрдниот
ангел" остварен во режија на американскиот НАТО. Европа беше, и никогаш
повеќе нема да биде, воен полигон на каубоите од Тексас. Тоа го соопштија
сите чесни луѓе на Обединетата Европа. Духот на Роберт Шуман деновиве се
реинкарнира и во Скопје...
ЦИА планира. Малку Босна, повеќе Косово, Србија, Чеченија, Ерменија,
Дагестан, Туркменистан, Грузија, Кашмир, Кипар, Индонезија... И што мене ме
засега денес? Дали ЦИА ја планира Македонија и Бугарија како награда, а
Грција како казна за неблагодарноста и непочитувањето на "добродетелот"? Ете,
тоа ме интересира, а тоа ниту француските шпионски компании не ми го
соопштуваат.
КОЈ НИ ЈА МАТИ ВОДАТА?
Има ли стопанин Република Македонија кој ќе праша: Што мислат сите овие
белосветски шпиони што ни ја ријат, бушат, загадуваат државата и ни ја
загрозуваат иднината?! Дали сметаат дека сме некој полигон во панамската
џунгла, а ние Македонците, бидејќи оние другите граѓани зад границата кај
Групчин се заштитени како американските Индијанци, сме некое ново откриено
племе во таа џунгла. Барам да се однесуваат кон нас, барем така, како кон
загрозените мајмуни во светот. Или, ќе мораме преку уличната демократија да
си го побараме почитувањето на достоинството што и османлиите пет векови ни
го почитувале - националниот и христијанско-православниот идентитет. Ќе биде
ли РМ моја држава, конечно?! Со исконско име и белези на државниот идентитет.
Без орли, свастики и черепи на туѓи знамиња и свечени песни! Без рамки и
врамувања во криминално злосторнички картели.
Содржините на темата говорат дека во муслиманските земји, особено оние со
религиозните исламски центри, низ кои поминуваат милиони аџии, се вршат
врбовки на активисти за исламската кауза, но најпригодна и најуспешна се
покажала регрутацијата на нови млади сили за исламот преку образовните
институции како што се универзитетите. Пак универзитети... А големиот
пријател на македонските Албанци и РМ, Stephen K.
Batalden, History Department Arizona State University
во февруари 1995 година ќе го промовира за ситни нарко-албански долари,
The Problem of the Albanian University in Tetovo.
Сиромавиот тешко можеше да ја пронајде
Македонија, а за Тетово... знае преку "Мала Речица" и добиените хонорари од
албанските нарко-барони, за одржаните предавања со антимакедонски и
антиправославен концепт.
Сознанијата велат дека сите оние доброволци кои се стекнале со некое
знаење во воените логори и базите на Џихадот не одат да се борат, туку
поголемиот дел од нив всушност остануваат да работат во службите на
невладините организации. Самата работа во камповите за обука се разликува во
зависност од нивната локација според зоните на борбените дејствија.
Доминираат три основни подрачја: религиозно-пропагандно, ракување со оружје
и субверзивно-терористичко и легално војување. Овие кампови во основа се
лоцирани во Авганистан, Пакистан, Таџикистан, Турција, Албанија, Босна и "Бондстил"
Косово. Со нив, речиси целосно раководат политичките партии или организации
со исламски предзнак, а се наоѓаат под тотална контрола на разузнувачките
служби. ЦИА и ДИА биле и се активни спонзори на овие "борци од сенка". Сега
се актуелни борците на Курдистан, кој токму пулените на американските тајни
служби ги честеле со најстраотни тортури и страдања меѓу кои биле и оние со
употреба на боевите отрови од страна на "хемискиот Али", ученикот од Лендли...
Камповите за обука на муџахедини постоеле и во Сомалија, Јемен, Иран,
Малезија каде засолниште нашле ветераните на Џихадот, прогонети од нивните
земји. Од Турција дејствувала една организирана група на муслимански
ветерани која врбувала и испраќала доброволци за Чеченија. Групата ја
помагало "Исламското братство" кое од 1994 година регрутира млади
муслимани во Турција и во некои земји на Европа, значи и Франција, преку
една агенција во Истамбул и Анкара, со камиони ги префрлаат до Баку во
Азербејџан каде се ставаат на располагање на меѓународните екстремни
исламски и терорстички организации. Покрај овие доброволци, и муџахедините
кои учествувале во војната во Азербејџан и Ерменија, исто така оделе во
Босна, Чеченија, Албанија и денес на Косово и Македонија. Поголемиот дел од
турските муслимански групи својата активност во современите услови ја
насочуваат кон Европа собирајќи доброволни прилози наменети за обнова на
Босна и борците на Чеченија и Косово.
Поголеми суми се упатени до муслиманите во Бугарија за нивно национално и
верско будење и организирање. Ќе добијат ли автономија или своја држава во
Бугарија? Дали сегашното бугарско државно раководство ќе може да ги оствари
бруталните антибугарски ставови кои пред него ги ставаат чиновниците на
НАТО-алијансата? Кој е подготвен и по која цена во Бугарија да се откаже од
делови на бугарската територија за остварување на некакви небулозни планови
и творевини кои не само што ќе го запалат Балканот, туку ќе бидат иницијална
каписла за палење на Европа. Смее ли бугарскиот државен врв да ја жртвува
територијата на Пиринска Македонија за основање на некакваси автономна јужна
муслиманска република во Бугарија, како што се закануваат албанските
нарко-босови од Косово, поради мешањето во судирите помеѓу албанските
терористи и регуларните воени и безбедносни структури на РМ во раната пролет
2001-та. Прогнозата, на одделни воени аналитичари, дека во случај на
територијални прекројувања на Балканот, ќе избувне воен судир во кој ќе
учествуваат 37 држави, целосно ја акцептираат и аналитичарите во
специјалните служби на Франција. Нивните предвидувања се уште позлокобни...
А на оние од Шпанија говорат дека со паѓањето на американските интереси, со
интересите на албанската нарко-мафија ќе бидат платформа за создавање на
голема албанска држава на Балканот. Таа монструм држава, Колумбија во
Европа, ќе има задача да го помати сонот на оние европски политичари и дејци
кои се стремат кон Обединета и единствена Европа од Атлантикот до Урал.
Се поставува прашањето - какви се и колкави интересите на САД, по
окупацијата на Ирак, колкави се обврските преземени за покривање на тие
интереси, како мисли тоа Вашингтон да го оствари тоа, дали само со купување
и инсталирање на неспособни влади на Балканот или смета и на определбите на
народите кои живеат на овие простори? Дали ќе им бидат достаточни само 19 %.
И, конечно, што мисли Европа? Дали нејзе & е потребна уште една
катастрофална војна на нејзини простори? Нели е попрактично да се војува на
рамништето помеѓу доларот и еврото?!
(Продолжува)
|