е наоѓаме пред една патека, убаво
уредена која не води кон манастирот на една голема распослана слава
посветена на маченикот Еразмо Охридски. Овој древен манастир датира уште од
III век од раното христијанство и претставува незаменлив голем историски
објект и посебна убавина и панорама, која се простира над Охридското Езеро.
Но, за жал, иако е еден од најпосетените манастири во време на неговите
празнувања, ретко кој знае за неговото вистинско постоење.
Ние се уште немаме некаква книга или каталот кој ќе ни го доразјасни
историскиот феномен на овој манастир кој одиграл голема историска улога.
Денес неговото име го знаат и мошне го почитуваат верниците на Охрид, Струга,
Битола, Прилеп итн.
ВЉУБЕНИК ВО НАРОДОТ
Овој светец е вљубеник на сите верници во овие краишта. Неговата историја
и име успеале да се врежат во срцата на многу луѓе. Св. Еразмо Охридски не е
само светец, туку и воспитувач, мисионер, тој е и организатор на
христијанската вера токму во оние тешки времиња на владеењето на императорот
Максимилијан.
Неговиот празник минува неодбележан. Тој е навистина запоставен, наполно
запоставен. Црквата како да не го познава, иако тој е нејзин манастир.
Нашата МПЦ знае каква е неговото значење за сите нас, за целата македонска
црква. Неговите дела, неговата жртва како свештеномаченик како исцелител,
неговата мисија ја вршел беспрекорно, како голем љубеник на Господа и на
православието. Тој засужува барем малку почит.
Доаѓа од далечната Антиохија. Со неговото доаѓање во овој крај тој се
вљубил во езерото и токму ова место го одбрал да изгради манастир. Во
висините на карпестата тврдина успеал да ја направи црквата. Таа и ден-денес
опстојува со стари икони кои се делумно заштитени, делумно запустени, но
претставуваат вредност за времето и неговото живеење во овој крај. Тоа е
периодот на ранохристијанството. Го гонеле Римјаните, го гонел и императотор
Максимилијан кој не сакал Еразмо да се посвети на светото дело кое го имал
во своето срце.
ДОСТОЕН ЗА ПОЧИТ
За жал, нашата црква, иако е значаен карактерот на овој манастир, не
успеала да ги убеди своите верници за неговото славање и во молитвите и во
каноните и во сите оние денови кога имаме отпуст на светата литургија. Скоро
никако, или тоа е сосема реткост, да се спомене неговото име. Тој со својата
голема света улога и љубов кон ова свето место крстил над 20.000 некрстени
христијани. Успеал да ја шири верата на сите страни и народот го засакал.
Тој станал вистински мисионер на христијанството во овој крај.
Св. Еразмо Охридски поради својата дејност бил мачел и затворан од
императорот Максимилијан кој барал да ја промени својата размисла да се
врати во неверство, меѓутоа тој го одбил за што бил многу мачен и пред
неговото убиство под необјасниви околности, но со Божји благослов, исчезнал
од затворот. Со силата на светиот ангел Господов се нашол во сегашна Италија
каде на Бога му ја предал својата душа. Погребан е во Италија. И по неговата
смрт останал незаборавен со својата света визија за сите времиња.
На 15 јули секоја година се слави неговиот патрон. Во неговиот манастир
има света вода, а горе над манастирот во карпите е поставен големиот
Господов Крст. За сето ова најзаслужна е беспрекорната саможртвена старешина,
Лепа Димитрова која со своето свето дело и вљубеност во овој стар древен
манастир го заслужува можеби најголемиот епитет. Таа е творецот на сите дела
кои со својата убавина живеат во овој пресветол божји дом. Нејзината
самопрегорност заслужува Божји благослов. Овој скапоцен древен манастир е
гордост за нашата Православна црква.