ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Свето Благовештение на Пресвета Богородица и Собор на Свети Архангел Гаврил

ДЕВА МАРИЈА ГО РОДИ ОНОЈ КОЈ ЗАСЕКОГАШ ЈА ПОБЕДИ СМРТТА

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

  • Со зборови на чистота, верност, совршеност, на бесконечно смирение и неизмерна љубов, му дава согласност на Божјата волја: "Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!".
  • Името Гаврил значи крепост Божја, или Бог и човек. Значи, испратен е Архангел со тоа име, за да му покаже на светот кој и каков ќе биде Оној кој ќе се роди од Дева Марија. Значи, ќе биде Маж - Бог, крепок, силен Бог.

Во светот царувале убиствата и неморалот. Луѓето тонеле во гревови и затоа го изгубиле заедништвото со Бога. Но, поради неизмерната љубов кон човекот, Бог решил да ја подигне и да ја обнови грешната човечка природа. Се приближило времето да се исполни Божјото ветување, да го испрати Својот Син, за да ги спаси луѓето од гревот и да ги врати кон својот Создател. Пред околу 2000 години во градот Назарет, највозвишената, беспрекорна, најмилостива и најдостоинствената од сите девојки на светот - Пречиста и Пресвета Дева Марија, го слушнала гласот на Архангелот Гаврил, испратен од Бога. Тој & донел блага вест, & соопштил нешто неизмерно важно за неа и за целиот свет: " Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените! ... и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус ". Иако уплашена, смело го прашува: "Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?". Тој & објаснува дека Светиот Дух ќе слегне на Неа и силата на Севишниот ќе ја осени. Затоа, и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.

ВЕЧНАТА

Со зборови на чистота, верност, совршеност, на бесконечно смирение и неизмерна љубов, му дава согласност на Божјата волја: "Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!". Во Нејзината утроба го носела Господа. Набргу заминала во ридскиот крај, во градот Јудин, кај нејзината роднина Елисавета, која исполнета со Светиот Дух искажува дека кај неа дошла Мајката на Господ. Во градот Витлеем се роди Бог во тело од Светиот Дух и Пресвета Дева Марија, се роди Господ Исус Христос (Богочовек). Таа го роди Оној, кој засекогаш ја победи смртта, Оној преку Кого луѓето поверуваа во " небесната длабочина на светот, во небесниот призив на човекот". Во Неа, преку Нејзиниот Син, ја гледаме конечната смисла на животот на човештвото.

Радосниот празник Благовештение се празнува на 25.03./7.04. Поминаа 20 векови, а радоста која Архангел Гаврил & ја објави на Вечната Дева Марија, продолжува да ги растреперува човечките срца. Човечкиот род сеуште го слуша тој повик кон радоста, и радоста ја бранува, ја облева човечката душа. Во Црквата оддекнува песната: "Ангелскиот глас ти зборува, Пречиста, радувај се, и пак ти вели - радувај се!". Тропарот на празникот гласи: "Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува син на Дева и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!".

НАЈБЛИСКУ ДО БОГА

На 8.04. се празнува празникот Собор на Свети Архангел Гаврил, благовесникот на радосните тајни Божји, благовесникот на овоплотувањето на Синот Божји. Имињата на седумте архангели со серафимски чин, се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Уриел, Селатил, Јегудил, Варахил (се спомнува и осмиот - Еремил), кои стојат најблиску до Бога. Сите овие архангели се рамни по чест и имаат посебна служба. Службата на Св. Архангел Гаврил е "Благовестување за спасение на луѓето". Св. Дионисиј Ареопагит ги опишал деветте ангелски чинови: шестокрилни Серафими, многуочни Херувими, Богоносни Престоли, Господства, Сили, Власти, Началства, Архангели и Ангели. Празникот на Св. Архангел Гаврил се вика "Собор", затоа што христијаните тој ден се собираат заеднички да ги прослават јавувањата и неговите чуда низ вековите по Божја наредба. Името Гаврил значи крепост Божја, или Бог и човек. Значи, испратен е Архангел со тоа име, за да му покаже на светот кој и каков ќе биде Оној кој ќе се роди од Дева Марија. Значи, ќе биде Маж - Бог, крепок, силен Бог. Големиот Архангел му се јавил на Св. Пророк Мојсеј и го известил како е создаден светот и тој го запишал тоа во Светото Писмо. На Св. Пророкот Даниел му ја соопштил тајната за ослободување на Божјите луѓе од Вавилон и времето на доаѓањето на Месијата. На Св. праведни Јоаким и Ана им донел блага вест дека ќе им се роди "Ќерка преблагословена ... од вековите однапред избрана за Мајка на Месијата". Во Соломоновиот храм во Ерусалим, тој зборувал со Дева Марија, & носел храна во најсветото место на храмот, во "Светињата над светињите". Св. Архангел Гаврил го известил Св. пророк Захарие дека ќе му се роди син - Св. Јован Крстител. Безбројни се неговите јавувања и чуда преку Господа низ вековите. Самиот Св. Архангел Гаврил преку Светото Писмо за себе зборува колку е голем: "Јас сум Гаврил, кој стои пред Бога".

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот европски, г. Горазд


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"