ФОРУМ

ВИСТИНИ И ЛАГИ ЗА ЕЛИНСКАТА ИСТОРИЈА

Проф. д-р Миодраг Календар Хаџи Ристиќ

(Размислувања и белешки по повод Ксенофонт - Елинска историја, превод Милена Душаник, "Матица српска", Нови Сад)

Ксенофонтовата Елинска историја /Еленика/, по делата на Херодот и Тукидит, е трето класично остварување од елинската-грчката историографија. Таа го обработува долгиот период од половина век 411-362 година п.н.е. во кој со променлив успех во завршните години од Пелопонеската војна, победничката Спарта ја задржува некое време победничката улога во Елада. Наскоро доаѓа, во кризата на полисите-градовите, до борби помеѓу неколкуте елински градови за превласт и до мешање на Персија во нивните односи, а потоа и до подем на Теба, којашто во битката кај Леуктра 371 година п.н.е. конечно ја урива спартанската хегемонија со описот на нерешената битка кај Мантинеја 362 година п.н.е. којашто го означува и крајот од десетгодишното тебанско владеење. И сликата од општото распаѓање и безредие - исцрпеност и неединство во Елада набрзо ќе овозможи продор на Македонците, со што завршува елинскта култура. И навистина, по ова, се до 20 години на ЏИЏ век, Елините, Елада-Грците и Грција, ќе ги нема во историја од балканските и европските народи.

Писателот Ксенофонт е од Атина, роден околу 430 година п.н.е. и е современик на настаните што ги опишува, но има и необјективности и едностраности по коишто е тој различно оценуван и оценет и прифатен во науката воопшто, но сепак е позитивен. Содржината од Елинска историја е во седум книги: Прва книга е посветена на т.н. Јонска Војна, борбата помеѓу Спартанците и Атињаните во битката на море и копно околу Хелеспонт и Малоазиското крајбрежје; Втората книга зборува за спартанскиот војсководител Лисандер којшто ги победува Атињаните во битката кај Егоспотамо 405 година п.н.е. на Хеленспонт; Трета книга - поголем дел заземаат спартанските воени операции против Персијанците во Мала Азија; Четврта книга - со помош на персијанските пари, елинските полиси - Коринт, Тебат, Атина, Аргос - подготвуваат војна против Спарта; Петта книга - Атинско-спартанската поморска војна се пренесува на островото Егина, близу до Атина. Спартанците го иницираат т.н. Алтикидин мир во 386 година п.н.е. чиишто услови на Грците им ги диктира персијскиот владетел - крал. Потоа, Спартанците како гаранти од мирот, интервенираат во многу елински градови, во своја корист; Шеста книга - значаен дел од книгата е посветен на Јасон, способен и амбициозен владетел на Тесалија, неговото воздигање и смртта; Седма книга - Атина и Спарта склучуваат сојуз, но ситуацијата за Спарта е се потешка. Против Спарта се Тебанците, Аргејците и Аркадскиот сојуз, којшто постојано ги влошува односите со Теба. Спартанците, и покрај нападите од аркадиската коалиција, имаат верен сојузник - Флијунт. Сојузништвата и политичките прилики постојано се менуваат. Доаѓа до борба дури и во Олимпија, за време на игрите во 364 година п.н.е. Пред Тебанската војска со Епиманонда на чело, Пелопонежаните се цепат во два табора - Протебански и Антитебански. На овој вториов, пријатели на Спарта, му доаѓаат на помош и Атињаните. Заедно со Епиманонда, чија стратешка вештина Ксенофонт високо ја цени, се наоѓаат пред се Аргејците и јужните аркадски градови. Битката кај Мантинеја, помеѓу Тебанците, јужните Аркаџани и другите Пелопонежани од една страна, и Спарта, Атина, северните Аркаџани и некои сојузници од друга страна, се завршува без вистински победител, зашто Тебанците, збунети со смртта на Епиманонда, не успеале да ја искористат стекнатата предност.

Книгата завршува со напомена дека по битката завладеало општо безредие во цела Елада.

Што пишува Ксенофон, како Елин, а денешните Грци не го признаваат: ниту Македонци, ниту Македонија - покажува табаелата:

Книга 1, глава 1, точка 12,... кога допловил Терамен од Македонија...

" 4, " 3, " 3,... Агесилај, напуштајќи ја Македонија...

" 5, " 2, " 12-13,... ослободување на македонските градови...

" 5, " 2, " 12-13,... па и Пела, најголемиот македонски град...

" 5, " 2, " 38-43,... завладеале поголемите градови во Македонија...

" 5, " 2, " 38-43,... и онолку што беа македонски/коњаници/

" 5, " 2, " 38-43,... ја распуштил Македонската...војска...

" 5, " 3, " 18,... веднаш од Македонија продолжил...

" 6, " 1, " 1,... кога ќе ја имаме Македонија...

Кај најголем број Елини - денешни Грци, од нивното насилничко доселување на полуостровот Хелм-Холм, денешен Балкански Полуостров, каде што доаѓаат како семидски племиња (според некои автори од подрачјето на Меѓуречието од Тигар и Еуфрат), со многу понизок степен од цивилизацијата и култура, а затекнуваат население на територијата со високи достигнувања од старите - автохтони народи. Тие насилно засилени семитски племиња најнапред со сила не само што уриваат, туку веќе и ги уништуваат достигнувањата од цивилизацијата и културата и со многу убивања и крв го уништуваат автохтоното население за подоцна затечените цивилизациски и културни достигања да ги прифатат, и денес да ги прикажуваат како свои.

Меѓутоа, тој почетен судир на насилници што уриваат и уништуваат, што убиваат, преостанатите автохтони жители не можеле да им го заборават и со народни кажувања и легенди го овековечиле. Од тогаш и оттаму е постојаниот судир, постојани лаги - кои се примитивните варвари.

Во војните и во политиката не се бираат средства, за да се докажат лагите како вистини, но посилните носители од цивилизациските достигања во материјалната, духовната и општествената култура конечно успеваат да ги победат и оттогаш, по победата кај Херонеја, по која и кога Македонците стануваат хегемони над Елините и Елада, Елините и покрај сите предавства и нечесности, преку и со Римјаните и Римската империја, Ромеите и источното Ромејско царство, Османлиите и Отоманската империја и најпосле со и преку Европјаните се до денес останаа и се тоа што беа - уривачи, присвојувачи до етноцид и геноцид за еве со милениуми да го носат атавизмот и патологијата кон автохтоните народи од Балканскиот Полуостров, меѓу кои се и Македонците и нивната татковина Македонија.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"