ктуелните албански политичари од
Македонија како Кастриот Хаџиреџа, Теута Арифи, Џевад Адеми, Муса Џафери, но
и Невзат Халили и Азис Положани, работат за албанската разузнувачка служба
ШИК, тврдат во Трајното македонско радикално обединување (ТМРО), повикувајќи
се на информации доставени од анонимно лице.
Според добиените податоци, презентирани од ТМРО, центри на Албанската
разузнувачка служба (ШИК) се Подградец за Кичево, Пешкопеја за Дебар, Тирана
за Струга, Приштина за Тетово, Софија за Скопје и Букруешт за Куманово.
Во Романија е основан Клуб на албанските студенти од Косово и Република
Македонија под покровителство на Тирана, кој се вика "Бајрам Цури" со
финансиска поткрепа на неколку еминентни личности меѓу кои се Мирчеа Џоана и
Флорин Паснику. Целта на објавувањето на овие податоци според генералниот
секретар на ТМРО, Томе Димишковски е Владата на РМ со своите ресорни органи
да превземе соодветни мерки и активности за блокирање и оневозможување на
субверзивни дејности на овие антидржавни елементи кои длабоко се инволвирале
во структурите на власта.
РАЗУЗНУВАЧИ
Актуелни разузнувачи на ШИК меѓу другите се и Адеми Џеват, Фети Мустафа
Абази, Ахмеди Фикри, Плеки Кристак и други.
Главен човек за Охрид и Струга е Ибрахим Даути од Истанбул кој работи за
СИГУРИМИ од 1979 година. Ибрахим Даути во 1980 година е уапсен во Охрид со
разузнувачки информации за воени објекти во Македонија за потребите на некои
пратеници во Собранието на Република Македонија, како на пример за Абдула
Алиу и неговата врска со Ставилеци Есад кој е роден на 11 јули 1942 година
во СРЈ, а работи како универзитетски професор на Косово и во Мала Речица.
АНЕ
Албанската непријателска емиграција (АНЕ) исто така има свои членови во
РМ, потенцираше Димишковски.
Како припадник на АНЕ се споменува Синан Керим Филишта, роден 1930 година
во Дебар, а живее во Њујорк. Емин Абдула Чивули, роден во Радуша, престојува
во Њујорк и Рамазан Мухарем Хаса, роден во Дебар, верски работник кој
престојува во Њујорк се, исто така, припадници на АНЕ, како и Агим Ага
Алиловски, роден во с. Баланци, дебарско, а престојува во Минхен.
Главен за АНЕ е Оручи Намик од Дебар, кој живее во Њујорк, а работи за
Џозеф Диогарди, Клојс Ширли, Роберт Фровик и Роберт Дол.
Припадникот на АНЕ, Фазли Осман Алиу, роден 1945 година во село Колари
има снимено документарен филм преполн со лаги за "албанскиот народ" во РМ.
Филмот го има испратено на Сеља Оломан во Њујорк. Заедно со Имер Мехмеди и
Сулејман Елези ја формираат организацијата "Марксисти-Ленинисти" во Кичево.
Како припадник на АНЕ се споменува и Емин Азем Аземи, роден 1960 година во
село Станич, Гњилане, СРЈ, државјанин на РМ, по професија новинар, уредник
на весникот "Факти", а живее во Куманово.
Аземи е оној за кого претседателот на РМ не се сеќаваше дека зборувал
телефонски, иако за тоа постоеја стенографски белешки и аудио запис од
прислушувањето, потсети секретарот на ТМРО.
Во групата оперативци на ШИК во Скопје се споменуваат и Бујар Исмаиљи,
роден 1965 година вработен како советник во Министерството за труд и
социјална политика, Хусни Исмаили, роден 1963 година во Тетово, вработен
како советник во Владата на РМ и Хаги Биљау, роден 1960 година во Либранд,
Република Албанија, новинар во ТВ Агенција во Тирана, денес вработен во МРТВ
во Скопје.
КЗК
НДП на Кастриот Хаџиреџа претставува разгранок на разузнувачката служба
на "КЗК", информираше секретарот Димишковски.
Генерален секретар и портпарол на НДП е Џеват Адеми, роден на 08 декември
1962 година во село Голема Речица, живее во село Вешала, а вработен е во
книжарницата на "Рилиндија". Поседува патничко возило со албанска
регистрација. Член е на ОНА и главен организатор за собирање парични
средства за ОНА. Во април 2000 година Џеват Адеми побарал парични средства и
поддршка од Емруш Џемаили за набавка на посовремено оружје за потребите на
ОНА. Во Република Македонија води активна кампања за ослободување на Фазли
Велиу од затвор во СР Германија. Покрај врските со Кастриот Хаџиреџа,
активно е поврзан и со ДУИ. Шеф е на тајната служба на ОВК во Македонија.
Истовремено е и лидер на АНА.
Инаку, погоре споменатиот Емруш Џемаили е основач на АНА, еден од
лидерите на тајната служба на Косовскиот заштитен корпус (КЗК), а основач е
и на Народното движење на Косово, покрај Велиу, Ахмети, Муса Џафери,
командант е на ОВПМБ со упориште во село Доброшин. Џеват Адеми, инаку е и
претседател на Здружението на политичките затвореници со седиште во Тетово.
Како агент на СИГУРИМИ од 1989 година е и главен оперативец за Тетово со
јасни инструкции за будење на националната свест на Албанците за "нивните
автохтони територии". Во тесна врска е со косовските професори, меѓу кои е и
Фадиљ Сулејмани (поранешниот ректорот на парауниверзитетот во Мала Речица),
со кој во 1990 во Шипковица и Чегране на еден собир заедно ќе настапи и ќе
го дефинира албанскиот национал-шовинизам во Република Македонија (покрај
Невзат Халили, Дрита Статовци и Теута Арифи од ДУИ), заради што подоцна ќе
биде предмет на широка обработка на ДБК и ќе заглави во затвор заедно со
Кастриот Хаџиреџа, кому по излегувањето од затвор СИГУРИМИ или ШИК му дава
диплома за завршен степен на новинарство во Тирана, чија диплома во
Македонија експресно ќе се нострифицира. Од познато балистичко семејство -
Положани од струшкото село Ливада е и Азис Положани (актуелен министер за
образование). Во 1968 година, Азиз Положани ги обновува врските со СИГУРИМИ
и стана главен оперативец и главен курир за струшкиот регион, задолжен за
фотографирање на воени објекти и станици на Полицијата.