осподинот Љубомир Цуцуловски, претседател на
Сенат на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје, во интервјуто за
нашиот неделник говори за состојбите во високото образование во државава и
за актуелните случувања на македонската политичката сцена.
МС: Господине Цуцуловски, деновиве Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и
Методиј" упати апел до актуелната власт поради незадоволството од
досегашниот однос на Владата кон високото образование во државава. Побаравте
Фондот за високообразовна дејност конечно да профункционира и укажавте дека
доколку тој не се формира и не профункционира, можно е згаснување на
Универзитетот. Како мислите да ја "натерате" новата македонската Влада да
посвети малку повеќе внимание на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"?
ЦУЦУЛОВСКИ: Веќе трета година како е донесен Законот за високото
образование и веќе трета година како тој ниту се почитува, ниту се
спроведува: како од претходната Влада, така и од сегашнава Влада. Значи, не
е во прашање односот на одредена Влада кон овој Закон, туку станува збор за
смислен и долгоречен однос кон високото образование во
државава. Притоа, битно е да се нагласи дека Законот не се спроведува во
неговиот највитален дел: формирањето на Фондот за високообразовна дејност.
На тој начин не се знаат следниве нешта: на кој начин се финансираат
универзитетите; не е можно донесување на годишен план за работата на
Универзитетот; нема обновување и проширување на постојните објекти (лаборатории,
компјутерски работилници, набавка на современа литература, обнова на
универзитетскиот кадар, издавачка дејност). Исто толку значајна е улогата на
Фондот и во регулирањето и одржувањето на студентскиот стандард. Бидејќи тој
не е формиран, се е оставено на волјата или неволјата на ресорниот министер.
Бидејќи не се изградени ниту мерилата, ниту критериумите според кои ќе се
финансираат универзитетите ние, само некој месец пред уписот на новите
студенти, не можеме да & кажеме на јавност под кои услови ќе се врши уписот.
Едноставно, принудени сме да импровизираме, не по наша вина. На тој начин,
јавноста добива впечаток дека вината е кај нас, кај луѓето од високото
образование и затоа кон нас го насочуваат својот револт. Разочарува благата
реакција на Универзитетот кон ваквата ситуација. Конкретно, кога државата
заедно со ресорниот министер не наоѓаат за потребно да ги дефинираат барем
условите според кои студентите ќе се запишуваат, тогаш како Универзитет
можеме да го направиме она што според логиката следи: нераспишување на
конкурсот, бидејќи државата не си ја завршила својата основна функција за
која е, впрочем, и платена. И никој нормален, во ваква ситуација, не ќе може
да не осуди нас, од Универзитетот, туку ќе ја осуди неодговорноста на
државните органи - токму кон нив ќе биде насочен гневот. Меѓутоа, ништо од
сево ова. Се молчи заради некаков мир во куќата. И така, цели три години се
одржува овој вештачки мир, и цели три години тонеме се подолу и подолу. Тоа
е цената на нашето молчење.
ИГРИ
МС: Некои од факултетите при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во
Скопје најавуваат приватизација. Дали Универзитетскиот Сенат расправал на
таа тема и, според Вас, колку ќе можат да опстанат факултетите кои
евентуално би се приватизирале?
ЦУЦУЛОВСКИ: Мислам дека не е можна приватизација на Универзитетот,
бидејќи не постои ниту една држава во светот која нема државен универзитет.
Не верувам дека Македонија ќе отиде дотаму да биде единствената држава без
свој универзитет. Меѓутоа, постои друга тенденција, која може да доведе до
своевидна приватизација. Имено, од година до година, државата го намалува
буџетот за високото образование. Наместо Универзитетот соодветно да реагира,
го прифаќа овој факт, воведувјќи кофинансирање за сите студенти, без разлика
на нивниот успех. Догодина, повторно може да се намали буџетот, а државата
да не порача повторно да ја зголемиме висината на кофинансирањето. На тој
начин, објективно, без разлика на нашите лични намери,
учествуваме во спроведувањето на владината политика, оптоварувајќи го
непотребно буџетот на македонските семејства. Воедно, со исчезнувањето на
бесплатното образование, тоа навистина ќе стане приватно, а со тоа, на
одреден начин, ќе се приватизира и Универзитетот, сеедно што номинално ќе
биде во државна сопственост. Тоа е перфидна игра, во која се губат правата
изборени во претходниот систем /режим. Меѓутоа, одењето напред (транзицијата)
не може да биде одење наназад, односно назадување. Се плашам дека
образованието наместо привилегија на талентираните, ќе се преобрази во
привилегија на богатите. Така се разградува високото образование и така се
разградува една држава и една нација. Притоа, сево ова (намалувањето на
буџетските средства, како и зголемувањето на кофинансирањето) е смислено:
така, на сметка на постојните универзитети во Скопје и во Битола, се
ослободуваат средства за двата нови државни "универзитети": тетовскиот и
штуловиот. Значи, ќе се добијат два македонски и два албански универзитети.
Со тоа, уште еднаш, се разградуваат македонската држава и нација.
МС: Дали наскоро треба да се очекува некаков закон за нострификација на
дипломите од соседните земји, или тие ќе се признаваат по автоматизам?
ЦУЦУЛОВСКИ: Се изборивме, барем засега, нострификацијата на дипломите
да биде во домен на факултетите, бидејќи тоа е нормално и е во согласност со
принципот на автономијата на универзитетите. Имено, до израз да дојде
нивната стручност и компетентност во нострификациите на дипломите, добиени
надвор од Република Македонија. Меѓутоа, намерно реков дека е тоа така
засега, бидејќи работите се менуваат преку ноќ, па еднаш договореното без
каков било срам и достоинство наредниот ден се менува.
МС: Албанците побараа легализација на тетовскиот парауниверзитет. Од
друга страна, македонските ученици во Шемшево не можат да посетуваат настава.
Во Кумановскиот регион Албанците учат во посебни училишта. Дали ова веќе
наликува на паралелен систем на образование и создавање на некаква паралелна
државна творба во рамките на македонската држава?
ЦУЦУЛОВСКИ: Македонија се повеќе оди во правецот на апартхејд и
расизам, како нужен чекор кон нејзиното распарчување. Македонците на секој
чекор се потиснуваат и стануваат предмет на подбив, на разни игри и
потценување. Македонија, како што се одвиваат работите, ќе се преобрази во
своевидна менажерија во која во едни кафези ќе бидат негувани
привилигираните раси, а во друга второстепените и потиснатите раси. Тоа е
страшно. Страшно е затоа што тоа го дозволува и го овозможува "меѓународната
заедница", страшно е и затоа што сите ние, неалбанците, тоа мирно го
прифаќаме, налик на јагниња ставени пред свршен чин, но кои, сепак, молчат.
Ова е навистина страшно, вознемирувачко, бидејќи е крајно нечовечно.
МС: Македонската власт се испазари со ДУИ - албанскиот јазик, по нивно
барање да се најде на насловната страница на пасошите, а на сметка на тоа
некогашните терористи ветуваат дека ќе се залагаат за непроменливост на
границите, знамето, името. Албанската опозиција во Македонија го оспорува
овој договор меѓу коалиционите партнери. Од друга страна, и преостанатите
малцинства во државава бараат нивниот јазик да се најде на насловната
страница на пасошот. Какви ќе бидат последиците за Македонците од новиот
Закон за пасоши?
ЦУЦУЛОВСКИ: Сетете се на што се СДСМ се испазари со бруталните
разорувачи на македонската држава, со потпалувачите на македонските села и
куќи, со бруталните убијци, садисти и криминалци кои сега, сместени во
власта, уште повеќе се циничат со сите нас, кои сме неалбанци. Бранко
Црвенковски (кого не можам да го наречам премиер), човек без секакво чувство,
без каква било ориентација, западнат во некаква летаргично-хипнотичка
состојба, сето ова го посматра отсутно, нечовечки ладно, согласувајќи се,
без секаков отпор, на се. Тој е празен и испразнет човек. На нецели
четириесет години од својот живот тој е веќе завршен човек. Погледнете го
неговиот поглед. Дали во него, освен празнина, можете да забележите нешто
друго? Опасен е овој тип на луѓе, бидејќи од ладна незаинтересираност,
наеднаш можат да преминат кон брутални акции, газејќи се пред себе. Страшно
е отсуството на чувство, кога ќе се комбинира со неконтролираното чувство.
Пасошите, пак, се уште еден чекор кон дезинтеграција на Македонија и нејзина
поделба на животинки од различни родови и видови.
ЛУДИЛО
МС: Од завршувањето на воениот конфликт во 2001 година до ден денес
терористите во кризните региони не мируваат, а некои се дрзнаа да
прогласуваат и слободни територии. Државниот врв наместо да преземе акција
за надминување на ваквата состојба, вниманието го насочи кон случувањата во
Ирак. Колку настаните со воениот конфликт во Ирак можат да ја
дестабилизираат ситуацијата во Македонија, па и на Балканот?
ЦУЦУЛОВСКИ: Последиците од војната во Ирак допрва ќе се почувствуваат
како на светско, така и на локално ниво. Меѓутоа, еднакво на криминален чин
е одлуката (да, одлуката, бидејќи е одлучено!) да се испратат "Скорпиони"
кои ќе учествуваат во военото злосторство во Ирак. Така, за првпат,
Македонија во својата историја почнува да постапува нечесно, како што и
Бугарија водеше нечесна политика во Втората светска војна, приклучувајќи им
се на агресорите - фашисти. Притоа, ова се прави кога добар дел од
македонската територија е фактички окупиран. Ако нашите војници треба да се
борат, тогаш треба да се борат овде, во Македонија, а не, како некогаш, во
туѓи битки, како онаа кај Цер! Сето ова е поддржано од Бранко Црвенковски и
од несреќата од "претседателот" Борис Трајковски. Загрижува што овие одлуки
значат газење на Уставот и на законите, бидејќи Собранието се заобиколува.
Тоа значи дека Македонија може да се преобрази во автократска држава од
најопасен вид, во која различните мислења ќе бидат казнувани, освен
мислењата на странците и на нивните платеници.
МС: Деновиве повторно се актуелизира идејата за размена на територии,
како начин за разрешување на проблемот со Албанците. Колку ваквата идеја би
била остварлива и правилна?
ЦУЦУЛОВСКИ: Ова е уште една фашистичка идеја. Не можат луѓето според
нечија желба да се селат од една територија на друга територија, бидејќи
луѓето не се предмети за разместување и раселување. Македонците ова најдобро
го знаат, бидејќи нивната историја е историја на егзодуси. Ако некому оваа
држава не му се допаѓа, тогаш лесен му пат, нека избере друга држава и друга
територија. Не може на сметка на неколкумина збеснати ненаситници и
кападахии, да страда цела една држава, заедно со сите нејзини граѓани. Мора
еднаш одлучно да му се каже НЕ на ова лудило и на оваа нечовечност.
МС: Во Македонија се најавува некаков трет политички блок. Од друга
страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најавува повлекување од претседателското
место во партијата. Како ги коментирате овие случувања на македонската
политичка сцена?
ЦУЦУЛОВСКИ: Во Македонија се уште не е можен трет политички блок,
бидејќи нема втор политички блок. Која е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,
освен разликата во фаците на нивните лидери? Недораснати адолесценти и
адолесцентки ја водат државата. Гледајте само со каква срдечност се
среќаваат и разговараат со луѓето од ОНА - како да се токму тие нашите
ослободители! Та тие немаат никаква свест за сопствената улога. Затоа,
сметам дека "нашиве" политичири не се некави личности. Тоа се недораснати
морални и духовни џуџиња. Бев ужасно разочаран од помалите партии за време
на последните избори. Освен личната суета, комбинациите и подметнувањата,
ништо друго не видов. Единствената вистинска страна во Македонија може да
биде нејзиниот народ. Ќе мора и тој, исто како во Србија или во Романија, да
ја преземе работата во свои раце. Потоа, од себе ќе ги изнедри сопствените
лидери.
МС: Досегашните македонски дипломати докажаа дека не се способни да ја
водат државава во вистинска насока. Дали ние ја избравме вистинската личност
која ќе треба, ако воопшто треба, да преговара за името на РМ во Обединетите
нации?
ЦУЦУЛОВСКИ: Нема зошто да се преговара за името. Нашето име е
Република Македонија и - точка! Кој го прифаќа го прифаќа, кој не го прифаќа
- негов проблем. Според тоа, не ни се потребни никакви Фрчковци, Метју
Нимици или слични суштества. Се се тоа луѓе кои паразитираат врз нашите
плеќи: дневници, луксузни хотели, надоместоци за "стручни" совети...
МС: Годинава се одбележуваат 100 години од Илинденското востание.
Надлежните институции како да заборавија на овој настан. Треба ли некој да
ги потсети за овој значаен датум во македонската историја за да се одбележи
на достоинствен начин?
ЦУЦУЛОВСКИ: Верувам дека самиот народ ќе ги потсети и ќе ги вразуми.
Ако одбиваат да бидат вразумени (на децата и на недораснатите луѓе ова често
им се случува, бидејќи самоглавоста и глувоста се нивни одлики), тогаш на
тоа ќе ги принуди самиот народ. Едноставно, ќе им рече: иш! Убеден сум дека
овој народ ќе успее. Никогаш ништо не е изгубено: четири години македонскиот
народ се бореше во Втората светска војна и успеа да ги изгони и балистите и
нацистите и бугарските фашисти. Ако тогаш, без своја држава, успеа, сега, со
своја држава, сигурно ќе успее. Неколку години поскоро, или неколку години
подоцна, не се ништо во однос на историјата. Конечната победа ќе биде нашата
победа.