акедонската кошарка е во колапс и
ги доживува можеби најтешките мигови од нејзиното основање и, за жал,
излезот од сета оваа ситуација е многу далечен. Ниту пак се гледа некакво
решение, ниту пак се предлагаат иницијативи за излез од овој ќорсокак.
До кога ќе трае оваа агонија зависи само од актуелното раководство и
претседателот на Македонската кошаркарска федерација.
ВТОРА ЛИГА
Една многу загрижувачка вест која дојде од седиштето на европската
кошарка успеа во Македонија да помине незабележано. Веста колку што е
загрижувачка, толку е и опасна за македонската кошарка, затоа што може да
направи засекогаш да не остави на дното од европската кошарка. Имено, во
оптек е идеја според која во иднина не би имало едно европско првенство,
туку репрезентациите би се поделиле во две групи, во зависност од нивниот
рејтинг. Тие би се поделиле по репрезентации со повисок рејтинг кои би се
натпреварувале во А европско првенство, а послабите репрезентации би се
натпреварувале во Б европско првенство.
За жал, Македонија според рејтингот кој моментално го има, се наоѓа во
онаа група на репрезентации кои би се натпреварувале во Б европската лига
или во Б европското првенство. Сето ова доаѓа по катастрофалните резултати
постигнати во последниот квалификационен циклус кога го освоивме мошне
слабото четврто место и не успеавме да се квалификуваме на претстојното
европско првенство. Но, она што е уште пострашно и посимптоматично е тоа што
никој не ја зеде вината за таквите катастрофални резултати, туку успеавме
мошне фино да си најдеме изговор за нашиот неуспех. Токму овој последен
неуспех направи на најновото рангирање од страна на ФИБА да се најдеме во
долниот дел кое ни "обезбедува" сигурно место само за во Б европското
првенство. Ваквата вест, што е уште пострашно, не предизвика никаква
официјална реакција на челните луѓе од Македонската кошаркарска федерација,
ниту пак се обиде на некој начин да се направат лоби обиди и поврзување со
други репрезентации кои би имале интерес за неисполнување на една ваква
идеја за А и Б европско првенство.
Она што сите си го поставуваат како прашање е како ваквата поделба на
државите по рејтинг би влијаела на македонската кошарка? Единствениот
логичен одговор кој би можел да се даде е дека ако се дојде до ситуација да
играме во европската втора лига и ако преку тамошните натпревари би барале
место меѓу најдобрите во Европа, тогаш може да кажеме дека тоа би
претставувало сигурен колапс на македонската кошарка која е и онака во тешка
агонија и играчка рецесија во последниве години.
ИЗЛЕЗ
Друг сериозен проблем е и тоа што добивме предупредување за долгот што
Македонската кошаркарска федерација го има кон ФИБА. Неплатениот долг може
да предизвика да не суспендираат од сите европски натпреварувања како на
репрезентативен, така и на клупски план. Мора во оваа прилика да истакнеме
дека досега ни се прогледуваше низ прсти и некако успевавме да го оддолжиме
плаќањето на долгот. Но, до кога ќе биде така и дали и во иднина ќе успеваме
да ја изигруваме Европа по последново предупредување, како и дали ќе успееме
да се снајдеме за исплаќање на начин како и досега без притоа да сносиме
последици за досегашното неплаќање, останува да видиме.
Играчкиот кадар во Македонската лига е се послаб и послаб. Квалитетот на
Лигата опаѓа со години наназад. Нема повеќе дерби од рангот на некогашните
Работнички - МЗТ, МЗТ - Деликатес, Работнички -Николферт...
Сега се повеќе се посветува внимание на тоа кој натпревар ќе биде решен
на зелена маса и кој колку ќе приграби од и онака тенкиот буџет на
Федерацијата. Одамна немаме продукција на таленти, центрите ни се со
височина од метар и деведесет, немаме млади играчи кои би се наметнале како
потенцијални водачи на репрезентацијата која очигледно треба да доживее
смена на генерации.
Излезот од сета оваа ситуација можеби треба да се побара во смена на
досегашното раководство и поставување на ново кое би имало визија, сили и
потенцијал за да направи македонската кошарка да излезе од оваа агонија.
Решението кое сега се погласно и погласно се обелоденува можеби и не е
најсреќното, но факт е дека нови луѓе носат нови идеи и дека секоја промена
носи секоја новина. Причини за смена можат да се најдат и тие да бидат
аргументирани, потребно е малку повеќе желба и помалку мешање на политиката.
Играчкиот кадар во Македонската лига е се послаб и послаб. Квалитетот на
Лигата опаѓа со години наназад. Нема повеќе дерби од рангот на некогашните
Работнички - МЗТ, МЗТ - Деликатес, Работнички - Николферт...
Сега се повеќе се посветува внимание на тоа кој натпревар ќе биде решен
на зелена маса и кој колку ќе приграби од и онака тенкиот буџет на
Федерацијата. Одамна немаме продукција на таленти, центрите ни се со
височина од метар и деведесет, немаме млади играчи кои би се наметнале како
потенцијални водачи на репрезентацијата која очигледно треба да доживее
смена на генерации.