о започнувањето на големиот
велигденски пост, секој петок се служи богородичен Акатист. Тоа е молитва и
богослужба со многу песни кои се пеат за Мајката Божја. Акатистот се одржува
во црквите, на него одат сестрите верници (жените), но има и мажи коишто
доаѓаат на овој прекрасен час посветен на Мајката Божја.
Акатистот е придружен од пејачки групи кои пеат благословени песни за
животот на Света Богородица. Песните се мошне божествени и благородно
обвиени во љубов. Сите тие зборуваат за нејзиниот живот, за саможртвието што
таа го дала за нас - народот.
БЛАЖЕНА МАЈКА
Најсвечено е кога пее свештенството. Пеат сите верници. Тоа е нежен чин,
мошне силен епитет за прекрасната молитва во која сите верници се молат на
мајка Богородица да им даде здравје, спасение и смирение. Акатистот не е
само една посебна молитва кон Мајката Божја, тој е составен дел на постот
затоа што со него се доближуваме се поблиску до најголемиот христијански
празник - Велигден.
Молитвите на верниците им даваат голема љубов, големо размислување и обид
како да се смекнат и да се оттурнат гревовите кои ги мачат. Секој Акатист е
еден силен епитет кон чудесата, мудроста и чудотворноста што ни го придава
нашата мајка Света Богородица.
За време на Акатистот се читаа деловите од општиот Акатист. Тој дел на
богослужбата претставува силен чекор кон дверите од каде нашиот Господ го
упатува својот благослов. Во ова време на Акатистот верниците носат разни
подароци и ги оставаат врз иконите на Света Богородица. Исто така, се носи
масло за јадење со кое се палат кандилата во храмот. Тоа масло се користи и
за други црковни потреби.
МОЛИТВИ ЗА СПАСЕНИЕ
Бројните христијански чеда кои доаѓаат, докажуваат дека ја почитуваат
Божјата Мајка, пресвета и пресилна. Затоа овие мигови се исполнети со
искрена љубов и блаженост.
Акатистот е смирение, голем дар и здравје. Искрено ја молиме Мајката
Божја да стори нешто за нашите неволји. Да ни ги прости гревовите и да не
ороси со својата љубов и смирение. Сите верници, нашата црква, нашата држава
& служат на оваа наша Господова Мајка која со својата добрина го спасува и
наградува секое човечко срце и душа.
Во текот на Акатистот се случуваат повеќе служби. Ќе споменеме дел од
најважните. Големото Петолебие, потоа се читаат специјални молитви и псалми,
се читаат имињата на сите верници кои донеле поскури лепчиња и се прави една
мала кружна литија. Тоа го прави свештенството во центарот на самата црква
каде на наместената маса стои петолебието со лепчињата. Се посакува здравје
не само за верниците, туку за сите, за целиот народ за фамилиите. Среќа и
бериќет да процветаат во државата и сите молитви да одекнат како едно божјо
ехо во кое Света Богородица ќе ги благословува сите дарови. Таа е спасителка
и Господова Мајка.
На крајот се прават завршните богослужби. Се сечат лепчињата, се
благословуваат, се читаат имињата и се прелеваат со вино.
Така со овој прекрасен чин завршува овој Актист кој секој петок е симбол
на предвелигденскиот почит и вознес.