вели земјоделскиот лидер, Вељо Тантаров.
И покрај шпицот за католичкиот Велигден, извозот на јагнешко месо од
страна на домашните извозници е во прекин. Според некои домашни извозници,
причина за ваквата состојба се дивите купувачи од Грција што доаѓаат со
камиони и плаќаат во кеш по трлата, колат во македонските кланици и самите
си извезуваат. Оттука, цената на јагнешко месо последниве недели од 135
денари за килограм се намали на 100 денари. Извозниците тврдат дека цената
на јагнињата и понатаму ќе паѓа, бидејќи јагнињата се претешки за
италијанскиот пазар, а Хрватска бара минимални количества од големите
јагниња. Со други зборови, ова би значело дека годинава буџетот ќе биде
попразен за повеќе од три милиони евра колку што изнесува приходот од
јагнешко месо.
НЕКОНКУРЕНТНОСТ
Нашите јагниња се многу големи. И ако успеат извозниците да најдат
јагниња, тие тежат повеќе од дваесет килограми и се со цена што не можат да
ја платат, бидејќи се неконкурентни на пазарот. Европскиот пазар е
заинтересиран само за јагниња чија мера е до 18 килограми, коментираат
македонските извозници.
Според нив, најголем проблем е укинувањето на стимулацијата за извоз со
која се враќаше дел од вложените пари и која изнесуваше 35 денари за
килограм. Оттука и падот на цената од 135 на 100 денари.
Во врска со стимулациите на извозниците, министерот за земјоделство,
шумарство и водостопанство, Славко Петров, вели дека државата не треба да
дава извозни стимулации. Во рамките на тоа какви стимулации ќе се даваат за
одредени стоки, Петров нагласи дека тоа ќе биде прецизирано во законот за
финансиски вложувања во земјоделството кој е во процедура.
Производителите треба да сфатат дека ние го изгубивме европскиот пазар со
ваквиот однос. Светот нема да гладува, ако не сме ние. Ако продолжиме вака
да се однесуваме, извозот на јагнешко ќе стане мисловна именка,
предупредуваат сточарите.
Според извозниците, голем проблем во извозот претставува и укинувањето на
забраните за извоз кон Бугарија, Унгарија и Романија поради болеста "луди
крави". Од оваа година нашите досегашни пазари се преплавени со јагниња од
овие земји, кои се многу поевтини поради стимулациите што ги дава матичната
држава за сточарството. Извозниците и производителите се во паника, бидејќи
не знаат што ќе прават со јагнињата што остануваат во трлата и кои
дополнително ќе ја влошат и така тешката состојба во која се наоѓа
сточарството.
ПЕРСПЕКТИВИ
Само за потсетување, цената на јагнето за извоз во 2001 година изнесуваше
220 - 240 денари за килограм, за разлика од годинешнава - половична цена, во
услови на стабилен девизен курс. Освен тоа, цената постојано се намалува.
Заради игрите на извозниците, јагнињата почнаа да ја надминуваат
потребната тежина и тие најчесто се над 18 килограми. Во Република
Македонија, освен тоа, има уште голем број јагниња кои не се откупени,
вели лидерот Тантаров. Цената на килограм јагнешко месо изнесува колку
килограм полжави. Поисплатливо е да се собираат полжави, отколку да се
одгледуваат јагниња, подвлекува земјоделскиот лидер, додавајќи дека
моментните состојби со откупот на јагнињата во голема мерка се спротивни од
интересите на сточарите. Дали стимулациите за ланскиот откуп на јагниња
треба да ги добијат сточарите или пак извозниците, прашува Тантаров.
Последниве денови воопшто нема побарувачка на јагне, па 30 отсто од
јагнињата ја надминуваат оптималната тежина која ја бара италијанскиот пазар
за католичките велигденски празници, додека за Грција извозната цена е
превисока. Оттука, оваа единствена извозна сточарска гранка годинава ќе биде
заобиколена од девизен прилив, констатираат претставниците на Групацијата за
сточарство при Стопанската комора на Македонија. Традиционалните пазари за
македонското јагне, италијанскиот и грчкиот пазар, оваа година се преплавени
од јагнешко месо од Романија и од Бугарија, кои се пласираат со цена од 3 до
3,5 евра за килограм, со што претставуваат силна конкуренција на нашето
јагне за кое се бара цена од 4 евра за килограм.
Иднината на овчарството во државава е загрижувачко прашање, имајќи
предвид дека само пред една деценија имавме повеќе од два милиона овци, а
денес имаме околу 350.000, според констатациите на Тантаров.