истакна Зоран Поповски,
државен секретар во Министерството за образование и наука, по повод
лансирањето на Училишната едукативна програма Алњаѕс во РМ. Програмата е
наменета да ги едуцира младите ученички за човечкото тело, промените кои
настапуваат во периодот на пубертетот и за значењето на личните хигиенски
навики за здрав живот. Почнувајќи од 19 март оваа година околу 236 училишта
од 10 града се дел од програмата. Градовите во кои годинава ќе се одвива
програмата се: Скопје, Битола, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Крушево, Охрид,
Прилеп, Радовиш и Струмица. Оваа програма ќе се развива со одобрение и
поддршка на Министерството за образование и наука, Македонската асоцијација
за гинекологија и обстетрика и Асоцијацијата за дерматовенерологија.
Процтер & Гамбле ги проширува своите активности во РМ и покрај
увезувањето и дистрибуцијата на производи, успешно соработува со
Министерството за образование и наука и реномирани Здравствени асоцијации.
Со спроведување на здравствени и едукативни програми поддржани од Владата
таа се стреми да ги подобри стандардите на живеење и хигиена на македонските
граѓани.
Ние сакаме да ги поддржиме напорите на Министерството за образование и
наука да промовира едукација за здравјето и хигиената во училиштата поради
нејзините бројни предности. Ова ќе биде континуирана соработка. Ние веруваме
дека оваа Едукативна програма ќе биде успешна имајќи ги предвид позитивните
резултати од пилот-програмата која веќе се изведе во РМ во 2000 година,
изјави Мариа Камелиа Сур, менаџер за односи со јавноста од Процтер & Гамбле.
ИНИЦИЈАТИВА
Оваа иницијатива беше поздравена како добредојдена од проф. д-р Љубица
Павлова, претседател на Асоцијацијата за дерматовенерологија.
Како младите треба да се однесува кон својата кожа и кон својот организам
и како треба да реагираат во периодот на пубертет е мошне важно да се знае,
рече проф. д-р Павлова.
Поддршка за оваа едукативна програма беше дадена и од проф. д-р Јован
Тофоски, претседател на Асоцијацијата за гинекологија и обстетрика.
Асоцијацијата за Гинекологија и обстетрика е среќна да ја промовира и да
ја поддржи Едукативната програма Алњаѕс наменета да ја подобри
хигиената на женската заштита како најдобар профилактичен начин за
превенција на болестите поврзани со недостаток на знаење. Едукацијата на
женските хигиенски навики секогаш била мошне значајна, подвлече проф.
д-р Тофоски.
БРОШУРИ
"Пубертетот е времето во кое ти созреваш и дознаваш повеќе работи за
твоето тело и тоа како се менува" - пишува во брошурите на Алњаѕс со
што на младите им се објаснуваат некои важни работи за овој период од
животот.
Во брошурите станува збор за растот. Додека се во раст кај младите луѓе
се забележува дека нивниот организам се менува. Периодот на пубертет е
интересен затоа што девојчињата стануваат жени. Вообичаено тој започнува од
10 и 16 години и трае неколку години. Брошурите едуцираат за промените кои
девојчињата треба да ги очекуваат за време на пубертетот. Целта е ученичките
да сфатат дека тоа што се случува со нивниот организам е сосема нормална
работа, а притоа е важно како треба да реагираат. Впрочем, брошурите
претставуваат светски програм за адолесцентите на возраст од 11 до 18 години
и во основа кажуваат за пубертетот и растењето. Оваа програма доаѓа со
поддршка на училиштата во презентирањето на една важна тема, пубертетот и
адолесцентноста, која е со полесен пристап и е точна и практична. Таа е
креирана од екипа на професори со искуство, советувачи за
здравствено-едукативните проблеми, гинеколози и психолози, врз основа на
долготрајно истражување кои ги имплицираат колку адолесцентите толку и
родителите.
Кај повеќето жени менструалниот циклус почнува меѓу 10 - 16 години. Не
постои таканаречен погоден момент: првата менструација се појавува тогаш
кога твојот организам е подготвен. Менструацијата трае неколку дена,
најчесто меѓу 3 - 7 дена. Повеќето жени имаат менструација секој месец.
Интервалот меѓу првиот ден од менструацијата и првиот ден од следната
менструација е приближно 28 дена, но кај некои жени може да биде помал или
поголем. Секако помеѓу 21 и 35-тиот ден е нормално. Може твојот циклус да не
биде многу точен. Можеби нема да имаш менструација за време од 2-3 месеци,
но тогаш кога ќе се појави трае 1 ден или десет. Немој да се грижиш.
Нормално е. На твојот организам му треба време за да стане циклусот редовен.
Ова може да потрае 2 години или повеќе.
Procter & Gamble ги проширува своите активности во РМ и покрај
увезувањето и дистрибуцијата на производи, успешно соработува со
Министерството за образование и наука и реномирани Здравствени асоцијации.
Со спроведување на здравствени и едукативни програми поддржани од Владата
таа се стреми да ги подобри стандардите на живеење и хигиена на македонските
граѓани.
Ние сакаме да ги поддржиме напорите на Министерството за образование и
наука да промовира едукација за здравјето и хигиената во училиштата поради
нејзините бројни предности. Ова ќе биде континуирана соработка. Ние веруваме
дека оваа Едукативна програма ќе биде успешна имајќи ги предвид позитивните
резултати од пилот-програмата која веќе се изведе во РМ во 2000 година,
изјави Мариа Камелиа Сур, менаџер за односи со јавноста од Procter & Gamble.