ПОЛИТИКА

Кој го турка светот во реална, целосна и скорешна катастрофа (4)

ТУРЦИЈА - АМЕРИКАНСКА МАРИОНЕТА ИЛИ АЛАХОВО ЧЕДО!?

Пишува: Иван БАБАНОВСКИ

  • Секуларистичка Турција, во која исламот е целосно настрана од државата, во последната деценија на векот што одмина, исламскиот фундаментализам и влијанието на исламската религија врз севкупниот живот, постојано е на работ на целосна политичка, воена и безбедносна нестабилност.
  • Сите муслимани во светот се една нација. Токму затоа пакистанската Влада мора да вложува напори да се избори за политичко, економско, социјално и културно единство на исламскиот свет.

Шефот на американскиот тим за истражување на дејноста на исламските хуманитарни организации во БиХ, Косово и Република Македонија, Жан-Шарл Бризар, откако нивните пулени пенетрирани во овие легла на фундаменталистите се свртеа против САД, ќе изјави: "Високиот саудиски комитет за помош на БиХ распределувал донации и одржувал тесни врски со други организации вклучени во логистичката и воено-разузнувачката поддршка на тероризмот... Нашите граѓани од овие подрачја точно знаат кој ги донел албанските инструктори - терористи и кој ги обезбедуваше муџахедините во Арачиново. Американскиот генерал - воен злосторник Вилием Вокер и американскиот шпион - дипломат Џејмс Пердју. Со такви профили американската надворешна политика ќе дотурка до сегашниот ќорсокак, ќе им служи на мултинационалните злосторнички компании, а цехот ќе го плаќаат невините американски граѓани. Тие ќе гинат на туѓи боишта, ќе бидат цел на сите туристички дестинации во светот, а како завршен чин ќе бидат жртвувани на слободната американска почва. За илјадници загинати американски граѓани никој нема да поднесе консеквенци. Пентагон, ЦИА, ДИА, НСА, ФБИ и десетици други безбедносни и тајни служби ќе се искачат на врвот од пирамидата на власта и ќе владеат во името на профитот. За американскиот сон кој го сонуваат отуѓените политичари злосторници ќе бидат жртвувани милиони невини животи во светот, а профитот од арапската нафта, особено онаа на Ирак, ќе оди во џебот на еден грст криминалци и убијци".

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ТУРЦИЈА!

Несомнено беше утврдено дека високи судански функционери биле вмешани во поставувањето на експлозивот во Светскиот трговски центар во Њујорк, февруари 1993 година, како и во обидот за атентат врз египетскиот претседател Хосни Мубарак во Адис Абеба, во јуни 1995 година. Ваквото однесување на Судан ги загрозува вкупните безбедносни интереси на САД и западните сојузници, а директно се насочени и против интересите на ООН, па логично е сознанието дека ФРС целосно го покрива суданскиот комплекс на својата територија, во третите земји и во Картум непосредно.

Мора да појаснам како тоа вакви податоци стануваат достапни за пошироката јавност. Токму тоа е една од многуте значајни задачи на РС и КРС кои информациите добиени преку своите средства и методи, треба да ги употребат и во превентивни цели. Што пошироко се знае за Судан, како држава која го спонзорира исламскиот тероризам, толку повеќе се стеснува просторот за акциите на екстремниот исламски фундаментализам. Врз оваа платформа најчесто е можно обединување на меѓународна антитерористичка дејност во најширока смисла.

Некаде во септември 1996 година, американскиот "Тајм" и францускиот "Експрес" ќе се обидат да ја формулираат надворешно-политичката позиција на Турција и извршат притисок врз турскиот премиер Ербакан како прв турски исламистички премиер во модерното време.

Рефах или Партијата на благосостојбата, на Неџметин Ербакан, навистина ја порази Партијата на вистинскиот пат на чие чело беше Тансу Чилер, блиска по секоја линија на Вашингтон. Свртувањето кон исламот и поттпишувањето на големата зделка за испорака на гас со Иран вредна 18 милијарди долари, жестоко го разгневи САД. Клинтон и неговата администрација сметале на Анкара, како стабилен сојузник од НАТО-структурата, врз кој би се градела долгорочната стратегија за американскиот продор во заткавкаските поранешни советски исламски републики, во кои има повеќе нафта одошто вода за пиење. Тоа, како прво, а како второ, преку јакнење на позицијата на Турција во НАТО-алијансата и вклучување во ЕУ, Анкара, треба да стане со помош на американските специјални служби и воената моќ, предводник на прозападно ориентираниот исламски свет на блискиот и далечниот Исток, особено меѓу поранешните советски републики, кои се оддалечуваат од Руската федерација, под силен притисок и политичко-економски ветувања од Вашингтон и неговите западни сојузници.

Секуларистичка Турција, во која исламот е целосно настрана од државата, во последната деценија на векот што одмина, исламскиот фундаментализам и влијанието на исламската религија врз севкупниот живот, постојано е на работ на целосна политичка, воена и безбедносна нестабилност. На рака на исламските фундаменталисти им оди севкупната економско-социјална состојба во Турција, а антиамериканското расположение, покрај пропагандата на радикалните исламисти, го засилува и фактот што САД постојано ветува економски стимулации за Анкара, а испраќа војска и оружје. Вашингтон не само што не ги исполнил ветувањата за економска и финансиска помош, туку и ги игнорирал обврските преземени за надоместок на претрпените загуби на Анкара за време на санкциите против Багдад што ги воведоа САД и Алијансата, по војната во Заливот. Според проценките на Анкара, таа за време на војната и санкциите, претрпела загуби од околу 30 милијарди долари, а добила само ветувања и потчукнувања по рамото.

Турција не е FYROM, па да се задоволи со вербален виртуелен однос на блиски партнери. И за односи, практикувани од тогашниот американски претседател во Овалниот кабинет на Белата куќа во Вашингтон, Турците се помајстори од нашите македонски политички проститутки. Тие успеале да добијат помош и кредити, политичка и воена поддршка и самостојна надворешно-политичка позиција. Тоа и & личи на една империјална сила каква што била Турција, но и ние Македонците во далечната историја и под турското ропство сме имале повеќе достоинство, одошто денес во современата ни држава без име, која тргнала од нејзиното небидие кон никаде. На тој пат, кој ни го осветлуваат американските стратешки интереси, обрабени од недефинираните определби на ЕУ, не водат политички аматери, велепредавници и државнички аналфабети. Затоа дома се чувствуваме како нашите емигранти по белиот свет. Второстепени граѓани, маргинализирани во секој поглед, во однос на агресивниот албански субјект кој е фаворизиран од корумпираниот дел на администрацијата на ЕУ и НАТО, но и од нашите одродени, корумпирани и неспособни криминално-политбосови што работеле или се уште работаат за Петрити, Кадриовци, Бајрамовци, Фазлиевци, Тачиевци, Џаферовци, Алиовци... И, до кога така македонски народе?!

ПАРТИЈА НА "БЛАГОСОСТОЈБА"!?

Да се вратиме во Франција, преку нејзините специјални служби, да ја изсецираме и да направиме политичка аутопсија на современа Турција.

Исламските политички партии и организации, посебно оние опсервираните, со радикална исламска фундаменталистичка ориентација, порано долго време забранувани во Турција, како постепено да добиваат легалитет и значајна поддршка од населението, користејќи ја при тоа економската и социјалната криза во државата, за спроведување на своите активности насочени кон навратување врз принципите на изворниот ислам и фундирање на државниот систем врз шеријатското право.

За остварување на сопствените интереси и глобалните цели на исламскиот фундаментализам, одделни партии и организации во Турција, покрај легалните методи и средства, се определуваат и преземаат терористички активности кои генерално ја нарушуваат внатрешната безбедност на земјата, а своевидно влијание имаат и врз надворешните состојби во поширокиот регион за кој животно се заинтересирани и Американците со нивните сојузници.

Француско-турските односи никогаш не биле особено блиски и искрени. Може да се рече и денес, кога припаѓаат на истата воено-политичка алијанса, тие односи се студени и на дистанца која обезбедува секакво политичко изненадување. Тука, пред се, се имаат предвид блиските односи со Иран, Пакистан, Малезија, Индонезија, од една страна, и САД и Израел од друга страна.

Силното влијание, кое не смее да биде испуштено од вид, секако го имаат и исламските верски образовни институции и исламските верски центри, во Техеран, Каиро, Ријад, Мека и Медина. Преку нив се врбуваат приврзаници, симпатизери и активисти за хуманитарната, пропагандната и терористичко-воената дејност.

Врз продорот и ширењето на исламскиот фундаментализам посебно влијае исламската "Рефак" партија. Партијата на благосостојбата има за програмска ориентација - јакнење на верскиот елемент, подигање на верската свест на населението и ширењето на исламската религија во сите пори на општествениот живот во Турција и надвор од неа. На надворешно-политички план работи врз остварување на цврсти врски и разрешување на меѓусебните несогласици со Сирија, Иран, Либија, Ирак. "Рефак" работи врз обединување на арапските земји и основање на единствена исламска држава без национални граници, со антиамериканска и антиевропска политичка определба и отпочнување на "војна против христијаните". Нејзиното влијание се чувствува и на просторите од Босна, Косово, Чеченија, како и врз муслиманите во Македонија и Бугарија.

ИСЛАМИСТИЧКО ЗЛО!

Пакистан како исламска држава, во која целосно владее шеријатското право и примена на радикалните исламски норми, станува светски центар за радикализација на исламот и создавање на една вооружена структура на радикални воини-терористи со исламски предзнак. Шехидите ги имаат Палестинците и Хезболах, но и пакистанските исламски радикали спонзорирани од супер-агентот на ЦИА, О. Б. Ладен, ги имаат своите талибани подготвени да удрат на Големата Сатана.

Сите муслимани во светот се една нација. Токму затоа пакистанската Влада мора да вложува напори да се избори за политичко, економско, социјално и културно единство на исламскиот свет. На рака & одела советската воена интервенција во Авганистан, која значајно и трајно го проширила и продлабочила просторот опфатен со кризите, па Пакистан станал многу значајно подрачје за севкупното влијание на САД. Со помош на структурите за субверзија, пред се ЦИА и ДИА, територијата на Пакистан се користела за воена обука на исламски доброволци за борба со советските трупи во Авганистан, потоа за терористичко оспособување на талибаните од Ал Каеда, што ќе ја стават на колена светската велесила САД.

Светите војници, муџахедините, гинеле за интересите на исламот против "неверниците" меѓу кои ги ставале и Американците. Вашингтон трошел милиони долари за обука на терористи-муслимани во Кабул со цел да ги обезбеди просторите на прокламираните "интересни сфери" во со криза зафатените територии на Централна Азија и пошироко, во подрачјето на Црвеното Море и "рогот" на Африка, на границите на Јемен, Сомалија, Џибути и Етиопија. Во сите овие односи на релациите од политичкиот, економскиот и воениот карактер, француските тајни служби ги проектирале и остварувале фундаменталните интереси на Франција.

По војната во Авганистан и распаѓањето на СССР, Пакистан прераснува во центар за специјална обука на исламските екстремисти и терористи од целиот свет. Меѓу нив е и мултимилијардерот од Саудиска Арабија, Осама Бин Ладен, најбараниот криминалец во светот, непријателот број еден на САД и нејзината политика. Човек, муџахедин, "Алахов војник" и на просторите од Балканот. Учествувал во обука и испраќање на муслиманските доброволци во Босна, престојувал во Тирана, каде ги подготвувал со своите инструктори, припадниците на "џихадот" од редовите на ОВК, за борба на Космет. Некои непотврдени податоци на ЦИА и "Мосад" говорат дека бил и на полигонот за подготовки и тренинг на "ОНА" на Шара!?

(Продолжува)


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"