о каноните на нашата Света
православна црква Господ определил надежи и искри како да се победи злото и
да се закопаат сатанските вериги за да не огрее пролетното сонце. Тоа е таа
предвелигденска треска која со песните на ангелите ќе не префрли во една
оаза на надеж, за спасение на нашите души. Ова се цутови на вдахновение,
примат кој го претвора нашиот живот во чекор кон небесното самољубие во
беспрекорната вечност.
Сите ние ги бараме овие скапоцени часови токму во духовниот венец на
духовните предвелигденски пости, средби кои не хранат за со љубовта да го
победиме злото. Затоа секоја недела во вечерниот канон и богослужба со
молитвите танцуваме и разговараме со многу песни, пораки, мудрости и како
небесна лепеза воскликнуваме во божјата благодет.
ВДАХНОВЕНИ ЧАСОВИ
Сето ова значи дека сите духовни академии не се ништо друго, туку само
разговор со Господа. Преку нив ние сме поблиску еден до друг, ние сме во
прегратките на Спасителот. Господ ги сака овие часови затоа што се
највдахновени и претставуваат една цела пасија за нашиот живот и за сето тоа
што Господ ни го дал за нашето спасение, храна за духовен чекор и радост.
Тоа што се случува секоја недела попладне во еден од поголемите храмови
во нашиот град се предвелигденски часови, молитиви за постот, тоа се псалми
што Светото писмо ни ги подарува за да бидеме посреќни, помудри и слободени
од гревот кој скоро секој ден не мачи. Моќта што ја носат ангелите во овие
преславни часови е неизбришлива, пресилна и непобедлива.
Така почнаа и овие духовни средби, а првата се одржа во Соборниот храм "Св.
Климент Охридски" во Скопје. Почнаа светите часови кои со камбаните и
светото ехо ја разнесуваа светлината и гласот на божјиот ден. Тоа е ехо на
еден голем повик да дојдеме во светите храмови.
МОМЕНТИ НА ИСКУШЕНИЕ
Прекрасната беседа ја одржа вдахновениот ѓакон господинот Михајло
Маневски кој зборуваше за улогата на иконоборците и за ересот. На оваа
беседа, господинот Михајло сликовито не запозна со богатата историја од
минатото, не понесе во времето кога била борбата за опстојба на иконите.
Неговото излагање и сето она што ни го претстави ги плени сите верници и
свештенството. Потоа се појавија дечиња-рецитатори, а се претставија и двата
репрезентативни хора. Првиот "Св. Злата Мегленска" од Тетовско-кумановската
епархија и централниот хор на Соборниот храм "Св. Климент Охридски". Двата
хора беа предводени под диригентските палки на маестро господин Панче
Јосифов и госпоѓа Летка Палазова - Ангелковска.
Предлогот кој се донесе на крајот на оваа академија од страна на
надлежните во црквата предизвика повеќе несогласувања и полемики. А тој
гласи: во иднина овие средби да се одржуваат во претпладневните часови по
литургијата. Со промена на распоредот за претпладне сметаме дека ќе се
направи едно прегазување на многу црковни служби како на пр. венчавки,
пресвети молитви за здравје итн. Со тоа ќе се нарушат виталните потреби и
вредности на овие духовни академии.
Треба добро да размислиме. Да не се брза таму каде што може и гревот да
ни биде пречка за да го исполниме она што е најважно и духовно свето. Секое
менување ќе донесе раскол во системот на оваа организација. Се надеваме дека
ова мало несогласување ќе заврши со спокојна одлука.