ас, постојано и повторно си го
поставувам секогаш актуелното прашање меѓу интелектуалците во светот: Можат
ли научниците, писателите, уметниците, воопшто да останат рамнодушни пред
масовните убиства ширум светот, кои се случуваат пред нивните очи?
Светот, мојата единствена држава Република Македонија, ги растураат и
уриваат налудничави ретардирани политичари, наемници на злото, прозаично
наречено организиран криминал со врвниот облик на злосторничко дејствување
против човечноста - тероризмот. Меѓутоа, тероризам е секогаш и насекаде
тероризам, ако злото атакува со глави аждерски против доброто. Не е битно
чиј аждер убива, туку битни се сите облици на страдања на недолжните и
незаштитените луѓе во светот. Само Господ Бог може да пресудува и казнува во
име на праведноста.
Последниве месеци со светот владее хистерија на злокобата. Неа ја
разгоруваат големите и силните во име на врвниот неморал - печалење врз туѓи
несреќи, болки, солзи, крв и смрт. Во таа хистерија се обидуваат да не
турнат и нас граѓаните на Република Македонија, туѓински измеќари и
егзекутори, за грст искрвавени, со невина крв, банкноти.
Умните луѓе на цивилизацијата како ехо ни ја дошепнуваат мудроста дека
малите народи немаат право да бидат промотори на големи несреќи, зашто
стануваат првите жртви.
И, застрашен од сите и секакви закани, се определува за пораката - Нема
молчење пред ужасот. А, тој, ужасот и неговиот хорор, како верна сенка што
се наднесува пред Балканот, ни се ѕверат в лице и се потсмеваат на нашиот
молк, на нашата глувост и слепилото пред општите трагедии.
Злото со зло се храни. Или, како што учи Црквата - злото цути кога
доброто ништо не презема.
Уверен сум дека интелектуалците со кредибилитет, независни и чесни, не
смеат да ги заобиколат современите горливи и болни теми. Ангажираните
интелектуалци на Македонија, без разлика на националната, верската,
политичката и друга припадност, не можат да се амнестираат поради личната
неангажираност или повлекувањето и отстапувањето пред колективните и лични
несреќи на државите и луѓето.
Не е возможно да им се предадеме и да ги оствариме сопствените емоции и
пориви, како мислечки битија во природата, ако се обидуваме да создаваме и
твориме вон реалноста во која луѓето гинат, гладуваат и умираат пред атаците
на силата против која е се посложено и поопасно да се бориме.
Денес, повеќе од кога да е, се чувствува потреба да се дефинира и
разобличи суштината на тероризмот, бидејќи новата технологија на
информирањето, фалена како најголемо достигање, се покажала како неуспешна.
Мора да потсетам дека во историјата сите агресори настапуваат како
бранители на мирот. Тоа ние во Македонија и пошироко на Балканот најдобро го
имаме почувствувано и дефинирано. Моќните ни ги правеа раните, а потоа врз
нив ни редеа солени мевлеми. Откако ги создадоа, обучија, вооружаа и
насочија против мојата држава шиптарско-арнаутските качаци и балисти, тие,
со оружје на нашите сојузници, ги убиваа македонските граѓани и припаднции
на АРМ и МВР. Па, кога ги ставија на колена корумпираните партиско-државни
номенклатури, ги воведоа во власта криминалците и терористите кои, еве ги,
денес настојуваат со методите на мафијата да го делат пленот и рекетот. Ти
ќе ми отстапиш политичка проститутка, јас тебе бизнисмен-геј. А Македонија -
над неа ќе се веат туѓи и црни знамиња. Злокобата ќе чекори низ ноќта, а
јазикот со шепот ќе предупредува дека змијата во глава се бие.
Немате право, господа од власта, да се спогодувате со преслечени
терористи и да учествувате во рекетирање на мојата држава. Јас, како
ангажиран интелектуалец, не сум сам. Од ден на ден, стануваме разбудена
совест на цивилизираниот свет кон кој се стремиме на патот кон НАТО и ЕУ.
Нема да имате олеснителни околности за двете злосторнички амнестии: за
наркобосовите и шиптарско-арнаутските исламски фундаменталисти и терористи.
Ние, чесните граѓани на Македонија, можеби некогаш ќе ве амнестираме, но
оние на кои им служите - криминалците и злосторниците кога ќе ве заробат во
нивните неморални мрежи, тоа нема никогаш да го направат. Напротив, вие ќе
бидете првата и најконкретна жртва во претворањето на Република Македонија
во злосторнички картел. Мора да ве потсетам дека секоја власт корумпира, но
апсолутната власт корумпира апсолутно. Велат дека власта е како морската
вода: што повеќе се пие, се поголема жед предизвикува. Еден ангажиран
интелектуалец во Македонија со иронија ќе дефинира: Секоја нормална држава
си има своја мафија, само македонската мафија има своја држава!
Не чувствувајте ги апелите за мир, безбедност, праведност и слобода како
отров против власта. Обидете се да сфатите дека државата Република
Македонија е општо добро и дека нејзиниот суверенитет, територијалниот
интегритет и достоинството ни припаѓаат нам - граѓаните, а не вам - луѓето
од власта, кои би требале да им служите и на државата и на граѓаните.
Драги пријатели, граѓани на Македонија, не дозволувајте им на настраните
мафијашки кумови, на тајни сеанси, во придружба на нивните конкубини, да ја
парцелизираат и да ја рекетираат нашата Македонија. На тоа тие немаат право.
Апелирам да станеме држава во која ќе владее правото, а не мафијашкото
злосторство.
проф. Иван Бабановски
туку БОЖИЛАК, на старомакедонски, БОЖЈИЛАК (знак), тогаш Македонците се тие
кои веруваа и верувале во еден Господ и имаат со тоа најстар календар на
планетава. Затоа и Александар го освојувал светот за да создаде едно царство
за небото и за земјата - Универзално братство како волја Господова.
Исус на македонски значи исуст=од уста, познат е како учител, а не
маѓепсник и слично, зборувајќи за ново светско уредување и еднаквост. Од
кога е распнат станува Крстос, а со тоа зачеток е на Христијанството и ова
само на македонски е можно да се објасни. Затоа Марија има македонска ѕвезда
на главата, а не еврејска или крст, зашто била Македонка и тоа насликана на
фрески од 12 - 14 век во Македонија, што не зборува за никакво славјанство,
туку Македонство. Владиката е уште и запрашан зошто ова не му се кажува на
народот и тоа дека Св. Елена и Константин се Македонци, а со Константин
Христијанството добива званична форма како државна религија во тогашен Рим.
Фактички, ова се едни од клучните работи за континуитетот на светот и верата
Господова, т.е. верата и теофилозофијата кај Македонците од раните почетоци
на овој свет Господов. Порано Господ го уништувал светот од расипаноста на
луѓето. Александар тоа го спречувал. Денес се случува исто и ете некој како
мене ова го прави по Господова волја и видение за да направи светот да се
надживее себеси и своите самоуништувачки карактеристики. Ете тоа е срцето на
таа Македонистика за која зборувам. Тоа прави се да е логично, реално,
вистинито. Ако постоеле Евреите како што денес се прикажуваат заедно со
Грците, за нив сигурно и Александар ќе знаел, но тој никогаш не слушнал за
Евреи, бидејќи тие и според сите научни наоди не биле ништо друго освен
номадски племиња. Александар знаел за оние барем малку рамни до него како
Египет и Персија, можеби Индија, ни повеќе ни помалку. Се друго е фалсификат.
Одењето до вистината е болно и тешко, но душевната моќ е поголема од се, а
тоа е силата Господова. Затоа да бидеме силни и да направиме вистината да
излезе и да го врати светот кон вистински човекови вредности, а не на
перверзности и неморалности како што некој за жал тоа го прави. Верувам дека
со Господова волја и на најлошото како последно на светот ќе му дојде крајот
пред изгревот на јасната зора и човековата и македонска пролет. Ветре
развигорче поддувнува од истокот со малку вера, љубов, надеж и трпение се е
можно. Бидете благословени.
Васко М. Најдовски