еќе подолго време од чудни,
неразбирливи или преразбирливи причини, навидум немање интерес за соодветни
мултидисциплинарни научни проекти за повеќе национални проблеми од
општествените науки во државава Република Макдонија, од кои би произлегле
релевантно научно верификувани докази, се создава, не академски, ами по
народно - етнолошки речено, состојба на "село без кучиња" во која од, пред
се, националистички до шовинистички ориентирани политички партии на
националните малцинства и етнички групи кои прават се и сешто на домашна -
внатрешна и меѓународна - надворешна сцена и план. Така, и покрај
несомнениот и историски факт дека над педесет години постои слободна и
самостојна и држава Република Македонија, ама и македонска наука со навидум
институции и кадри, не се најдоа сили од чудни причини да се создаде една
етнолошка институција која ќе работи на една од основните национални задачи
- Етнолошка карта на Македонците - македонскиот народ и на Македонија
со сите национални малцинства и етнички групи во рамките на етничките
граници на Македонија, за што е веќе изминат 12-от час.
Овој невиден национален хендикеп, оваа празнина, да не речеме резил, ја
користеа, ја користат и ќе ја користат особено исламизираните Арнаути коишто
се доселени во понови времења на разни начини во време и за сметка на
османската повеќевековна окупација, а особено за последната фашистичка
окупација кога пак беа определени на страна на непријателите на Македонија и
македонскиот народ. Ова се повтори со разни лаги и за време на едноумието и
безумието и тие исламизирани Арнаути се обидуваат на сите можни, пред се
невистинити и нечесни начини, и со сите, па и недозволени средства, да "докажат"
дека се тие државотворен народ и дел на Македонија.
Меѓутоа, со етнолошката карта, меѓу другото, со соодветни легенди и
текстови за поедини временски периоди, јасно, фактографски и очебијно би се
докажале многу релевантни факти, меѓу кои и:
- Кога, кои, каде и зошто "се доселувани" поедини малцинства и етнички
групи се до денес, а пред се исламизираните Аранути во етничките предели на
Македонија и Македонците, особено во време на Османската,
германско-италијанската окупација, па и комунистичкиот поход, а особено во
последниве години;
- Кои се населби и на кои начини од чисто македонски, денес станале чисто
аранутски, за што сведочи топонимијата и хидронимијата;
- Кои се христијански храмови - цркви, и во кои населби, се урнати,
уништени - затрен траг, и дали на место на овие цркви се подигнати
мухамедински храмови - џамии;
- Дали, кога и каде се уривани мухамедански храмови - џамии и на тоа
место подигнати христијански храмови - цркви;
- Кои се гробишта од православното, односно македонското население се
затрени - прекопани, а со тоа и уништени сите можни релевантни траги -
докази за етничката припадност на населението, било македонско или од друга
етничка немакедонска припадност;
- Колку и кои се мухамедански храмови - џамии се изградени во периодите
на османското владеење, фашистичката окупација и по ослободувањето и во кои
населени места;
- Кои се топоними, хидроними, етноними и патроними, па и други називи и
имиња, се преименувани, преправени, "арнаутизирани" од нивното оригинално
македонско потекло кое трае со векови и милениуми на овие простори
наследувано од автохтоното население;
- Кои се институции и личности требале, морале, по позитивните закони ова
да го спорат, забранат или сега тие да одговораат за непочитување на
соодветни уставни и други одредби, дури пред меѓународни форуми и институции
за духовен геноцид;
- Кои институции и личности да одговараат заради тоа што овие трагични
места и настани не го обележале со соодветни спомен-плочи и споменици со
натписи, случаите и настаните да ги објават и пријават, а со тоа да ја
запознаат не само нашата, туку и светската јавност со овој духовен геноцид,
особено европската којашто сака, се интересира и држи лекции за се и сешто
што им треба и одговара.
Се разбира дека овој прелиминарен предлог не се исцрпува и за други можни
проблеми од општествените, како ги нарекуваме таговно и срамно, хуманитарни
науки, а особено од тотално, систематски и злосторнички негираната и
запоставената национална научна дисциплина - Етнологија која е повикана да
ги проучува и објави ваквите трагедии.
Вакви, слични и многу помали случаи се познати во светот и за нив се
подготвуваат и се издаваат таканаречени "Бели книги". Меѓутоа, оваа и ваква
наша книга со овие и вакви податоци и докази би била "Црна, црносана
надгробна плоча" за настаните од овој дел на Балканот.
Со оглед на изложеното, како етнолог во пензија, кој нема можност по друг
пат и начин да се бори, си дозволувам да Ви се обратам Вие, во рамките на
своите редовни или вонредни дејности, а ова е повеќе од вонредна, да го
разгледате мојов предлог, за што Ви стојам со сета мој стручност - знаење и
умеење на располагање.
Тврдам дека сето изложено има повеќе од националната трагедија, со оглед
на севкупните настани на Балканот, а сето тоа што го прават политичките
партии на исламизираните Арнаути - лажно и нечесно ги ангажираат
меѓународните институции, фактори и сили за барање помош и сојуз и со
врвните светски сили и организации, па дури и заканувања врз Македонците,
македонскиот народ и Република Македонија.
Празненства, парадирање и гоштевања им се единствено во прилог на
душманите на Македонците и Република Македонија, а единствено науката и
вистинските научни достигнувања и резултати ќе останат трајно да ги обележат
и настаните и личностите со сета чесност или не, и тоа не само пред нашата
македонска, туку и пред светската јавност која или не знае, или се прави
дека не знае, или не сака да знае... Мораме да си го зачуваме своето и да го
покажуваме пред цел свет, зашто во спротивно идните македонски генерации или
ќе ги нема, или ќе бидат во резервати на Балканот, додека другите генерации,
оние што ќе останат ширум светот, само ќе се сеќаваат на минатото!